
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Џоан Колинс годинава зачекори во десеттата деценија од животот и непрекинато покажува дека возраста не ѝ влијае на стилот. 90-годишната ѕвезда од „Династија“ изгледаше гламурозно на црвениот тепих по повод доделувањето на наградите Еми. За свеченоста во Лос Анџелес, Колинс избра блескава светлосина креација која ја надополни со накит со кристали од Swarovski. Англиската актерка, која влезе во улога на презентерка на настанот, беше придружувана ...
Марго Роби континуирано копира „Барби“ стајлинзи со кои алудира на нејзината улога во филмскиот хит „Barbie“ и честопати стилскиот избор ѝ е обоен во розово. Но, холивудската ѕвезда на Critics' Choice Awards покажа дека и црвената боја ѝ стои фантастично. 33-годишната актерка се појави на свеченоста во Санта Моника во црвен фустан кој ѝ ја оцрта силуетата. Креацијата со тридимензионални рози е дело на модната куќа Balmain. Од модни додатоци, ...
Кралот Фредерик и кралицата Мери од Данска се појавија пред јавноста за првпат по официјалното добивање на новите титули. На балконот од палатата Кристијансборг, 55-годишниот крал и 51-годишната кралица беа придружувани од нивните четири деца. За оваа специјална пригода, Мери пленеше во софистициран бел стајлинг. Елегантната креација е дело на брендот Le Schmidt. Кралскиот пар се бакна пред сите присутни. Фредерик X стана крал на Данска по ...
Мар Галсеран засекогаш се запиша во шпанската историја. 45-годишната политичарка стана прва парламентарка со Даунов синдром. Ова не е само лично постигнување на Мар, туку е и важен чекор за сите лица со попреченост. „Сакам луѓето да ме гледаат како личност, не само поради мојата попреченост“ – рекла таа. „Општеството започнува да гледа дека луѓето со Даунов синдром можат многу да придонесат. Но, патот е многу долг“ – вели Мар. Галсеран влегла во ...
Блејк Лајвли си разменуваше страстни бакнежи со Џастин Балдони на снимањето на филмот „Ова завршува со нас“. 36-годишната актерка беше фотографирана додека се бакнуваше со својот 39-годишен колега додека снимаше сцени за филмската адаптација на популарниот роман на Колин Хувер. Двајцата носеа невообичаени модни комбинации. Во филмот, Блејк ја има улогата на Лили Блум, а пак Џастин го глуми Рајл Кинкејд. Книгата ја раскажува приказната за Лили, ...
Антониа Гиговска имаше свој настап во битолскиот ресторан „Голд Фелициа“. На сцената во популарниот локал, 22-годишната пејачка изгледаше атрактивно во сексапилен стајлинг. За оваа пригода, Антониа го истакна телото во чипкаст комбинезон. „Знам и јас да бидам дама“ – напиша Гиговска во описот на фотографиите кои ги сподели на Instagram. Антониа сподели фотографија на која позира во бикини за ден поминат во спа центар. Нема слични статии. Види ...
Џенифер Анистон шармираше на црвениот тепих на Critics' Choice Awards во Лос Анџелес. 54-годишната актерка ја покажа одличната фигура во црн комбинезон со корсет од Долче и Габана. Најголемо внимание Анистон привлече со новата фризура, која многу потсетува на онаа која ја имаше додека ја глумеше Рејчел во „Пријатели“. Серијата на Џенифер, „The Morning Show“, беше најноминирана во категориите посветени на телевизијата. Нема слични статии. Види ...
Украинка создава прекрасни фотографии со своите две деца и мами фанови на Instagram. Хелена склопува координирани модни комбинации со ќеркичката Хелена и синот Ерни за кои постојано добива комплименти. Згодната мајка ги обожава впечатливите бои и многу често ги инкорпорира во стајлинзите. Семејството живее во Одеса, Украина. Хелена го роди синчето во октомври 2022 година. И во бременоста, таа одушевуваше со модерниот изглед. Нема слични ...
Ева Лонгорија и Џеси Меткалф се обединија и направија фотографија која ги израдува фановите на серијата „Очајни домаќинки“. 48-годишната актерка и 45-годишниот актер, кои ги имаа улогите на Габриел Солис и згодниот градинар Џон, случајно се сретнаа во Лас Вегас. Во првата сезона од серијата, Ева и Џеси имаа афера зад грбот на нејзиниот сопруг Карлос Солис. Ева и Џеси имаа средба и минатата година, кога тој ја поддржа на премиерата на нејзиниот ...
Џенифер Лопез ги објави фотографиите за претстојниот албум „This Is Me… Now“. Во фотосесијата, 54-годишната музичарка заводливо позираше во црн фустан со длабоко деколте од Christopher Esber и во цветна креација од YANINA Couture. Лопез доби бројни комплименти за младоликиот изглед. Зад објективот застана Норман Рој. „This Is Me… Now“ е деветти студиски албум на Џеј Ло кој ќе излезе на 16 февруари. Тој е продолжение на студискиот албум „This Is ...
Мистичното царство на ноќта е преточено во новата енигматична колекција на Зухаир Мурад. Фустани од тантела со остри бели јаки, елегантни силуети со романтична и деликатна чипка, инспирација од крилјата на пеперутките... Моделите за сезоната pre-fall 2024 на славниот дизајнер несомнено ќе се најдат на големите холивудски свечености и забави. Покрај црната и белата боја, во колекцијата доминираат и аметист, смарагд и кралско сината нијанса. ...
Џулија Робертс го сними својот прв едиторијал за британското издание на „Вог“. На фотографиите за модното списание, 56-годишната актерка зрачи со харизма и освојува со својата препознатлива широка насмевка. Валентино, Том Форд, Стела Мекартни... врвни модни куќи позајмија свои креации за реализација на фотосесијата. Во интервјуто, Џулија беше запрашана како го одржува својот младолик изглед, на што таа одговори: „Добри гени, водење исполнет ...
Она што му е Робин на Бетмен, тоа му се Kviki грицките на Steffonator во периодот кога стартуваат припремите за нов гејмерски настан. Затоа не е ни чудно што Стефан станува помалку нетрпелив кога ќе му снема од омилените грицки кои не му ги мрсат прстите додека ја игра омилената игрица Fortnite Kviki и Steffonator повторно и овој зимски распуст ве повикуваат да учествувате на вашиот омилен гејмерски настан „Kviki – Гејмај и не ги мрси прстите ...
Џејсон Стејтам моментално го промовира својот најнов филмски проект „The Beekeeper“. На премиерата во Лондон, 56-годишниот актер ја имаше поддршката од својата сакана Роузи Хантингтон-Вајтли. Славната двојка зачекори на жолтиот тепих во црни модни комбинации и изгледаше среќно и заљубено. Ѕвездата од филмската франшиза „Fast and Furious“ ја прегрнуваше околу половината 36-годишната манекенка, додека си разменуваа љубовни погледи. Креацијата која ...
Љубовната приказна за разведен пар, кој повторно се вљуби и стапи во брак, стана хит онлајн. За време на пандемијата, Џули Шор одлучила да се изолира со двете ќерки и строго да ги почитува мерките на карантинот за да може да се гледа со својата мајка која имала над 90 години. Но, таткото на девојчињата, Скот, сакал да се гледа со своите ќерки Рејчел и Каролин, а и тие сакале да се гледаат со него, па тој морал исто така да ги почитува строгите ...
Џенифер Лопез го објави спотот за новата песна „Can’t Get Enough“. Во видеозаписот, 54-годишната пејачка прави свадба со неколку различни мажи, а секој од тие бракови завршува несреќно. Преку оваа песна, Лопез се навраќа на своето минато и на своите три неуспешни брака, а со останатите песни од албумот ќе ни покаже дека вистинската љубов навистина постои. „Сите вие кои го следите моето патување, сметам дека ме знаете. Она што сакам да ви го ...
Блејк Лајвли и Тејлор Свифт издвоија време за заедничка дружба. Славните пријателки во модерни стајлинзи се упатија на вечера во пицеријата „Lucali“ во Њујорк, кога беа пресретнати од папараците. 36-годишната актерка ги истакна тонираните нозе во мини здолниште кое го надополни со колоритна блуза и складни обувки, додека 34-годишната пејачка за оваа пригода избра кадифен темнозелен фустан и кафеави чизми над колената. Нема слични статии. Види ...
Уживањето на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез продолжува. Славниот пар сподели фотографија со сите пет деца која доби милиони лајкови за само неколку часа. На неа, Кристијано седи покрај синовите Кристијано Џуниор и Матео, додека Џорџина се смешка заедно со малите ќеркички Алана Мартина, Ева и Бела Есмералда. Џорџина објави и фотографија на која се бекнува со Кристијано. Славното семејство е на одмор во Дубаи. Џорџина во втората бременост ...
Дуа Липа ги насмеа фановите со видео од доделувањето на наградите Златен глобус. Во него, 28-годишната пејачка едвај седнува на столчето со претесниот фустан од брендот Schiaparelli. „Благодарам Златен глобус за преубавата вечер синоќа. Единственото нешто што недостигаше беше лежалка“ – напиша музичарката во објавата. View this post on Instagram A post shared by DUA LIPA (@dualipa) Црната креација со златни елементи била направена специјално за ...
Енди Мекдауел е среќна со својот природен изглед. 65-годишната актерка шармираше во блескава креација на премиерата на својата нова серија „The Way Home“, а нејзината седа коса совршено се вклопи со свечената тоалета. Холивудската ѕвезда престана да користи фарба на почетокот на пандемијата со Ковид. Оттогаш ја негува својата природна коса и апелира да се сакаме себеси онакви какви што сме. Енди со широка насмевка позираше со своите колеги од ...
Александар Димитровски-Мачка и Едина Муса не ја кријат својата врска. Новиот македонски пар сподели заеднички фотографии кои ја потврдуваат нивната романса. Бившиот сопруг на Тамара Тодевска, кој е поранешен кошаркар, ја прегрнува 32-годишната кошаркарка додека со широки насмевки позираат во кабаре клуб во Белград. Александар и Едина претходно го гледаа натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Партизан, а новата 2024 година ја дочекаа во Гевгелија. ...
Милош Биковиќ и Ивана Малиќ станаа родители. 35-годишниот српски актер и неговата вереница добија син. Убавата вест ја објави Милош на социјалните мрежи. Тој сподели цртеж од мајка, татко и дете, по што започнаа да се редат честитки за новите родители. Ивана се породила во приватна болница во Белград, а на свет донела здраво бебе. Парот објави дека очекува принова во септември 2023 година откако беше објавена фотографија на која се гледа ...
Никогаш не е предоцна за остварување на детските соништа. Тоа неодамна го докажа Абигејл Овеидо кога одлучи да им ги поклони на родителите подароците кои силно ги посакувале како деца, но никогаш не ги добиле. Грижливата ќерка го сподели видеото од емотивниот момент на TikTok и тоа брзо стана хит со повеќе од 8,6 милиони прегледи. „Им го давам она што мислеа дека никогаш нема да го добијат. Насмевката на мајка ми е прекрасна“ – напиша таа. ...
Линдзи Лохан се врати во форма шест месеци по породувањето. 37-годишната актерка присуствуваше на премиерата на мјузиклот „Mean Girls“, 20 години по оригиналниот филм во кој ја имаше главната женска улога. На филмскот настан во Њујорк, холивудската ѕвезда носеше црн фустан со исечоци околу половината од Александар Воте. Линдзи се породи во јули минатата година. Таа го доби синчето Луај со сопругот Бадер Шамас. На розовиот тепих, Линдзи се ...
Фризерката Тифани радува многу деца кои поради здравствени причини ја изгубиле својата коса. Овојпат, таа ѝ подари специјална перика на слатката Бруклин која страда од алопеција. Девојчето со Даунов синдром беше пресреќно што сега има коса на главата. „Јас сум девојче“ – ѝ рекла Бруклин на својата мајка. „Срцето ми се скрши што таа не мислеше дека е девојче, бидејќи немаше коса. Бруклин ти си едно од најубавите девојчиња кои ги имам запознаено. ...
Џенифер Анистон се наврати во минатото за инспирација за новата фризура. Славната актерка се појави на Златен глобус со кратка слоевита коса, која фановите на серијата „Пријатели“ ги потсети на фризурата „The Rachel“, популаризирана од нејзиниот лик Рејчел. 54-годишната холивудска ѕвезда носеше црна креација специјално изработена за неа од Долче и Габана. Анистон присуствуваше на церемонијата во Беверли Хилс за да ја поддржи нејзината серија ...
Имунолошкиот систем има задача да ги пронајде и уништи бактериите и вирусите кои би можеле да му наштетат на организмот на детето и нѐ одржува да бидеме здрави. Имунолошкиот одговор преку активација на инфламација или воспаление овозможува одбрамбениот одговор да биде активен. Активираните имунолошки клетки се тие кои испраќаат сигнали до мозокот за да настане треска и покачена телесна температура. Но, понекогаш зголемената телесна температура и ...
Антониа Гиговска беше дел од „Празничната приказна“ во Скопје. 22-годишната македонска пејачка настапи на плоштадот „Македонија“ облечена во црвен тесен комбинезон и долга бунда од ателјето на Ива Спасовска. Гиговска, која се породи пред околу шест месеци, изгледаше атрактивно додека ги забавуваше присутните обожаватели. Таа сподели фотографии на својот Instagram профил. View this post on Instagram A post shared by IVA SPASOVSKA ATELIER ...
Џенифер Лопез му ја даде својата поддршка на Бен Афлек на 81-вото издание на Златен глобус. 54-годишната актерка и пејачка го придружуваше својот сопруг на големата холивудска манифестација, на која неговиот филм „Air“ беше номиниран во категоријата за најдобар филм - мјузикл или комедија. Атрактивната ѕвезда зачекори на свеченоста во Беверли Хилс, блескајќи во романтична розова креација со волуменозна цветна наметка. Фустанот е дело на модната ...
Тарик и Лејла Филиповиќ празнично ги одведоа двајцата пораснати синови во Дубаи. Парот, кој непосредно пред Нова година ја прослави 16-годишнината од бракот, сподели фотографии и видеа од авантурата во Емиратите. „Љубовта дојде пред 18 години, а денес славиме 16-та годишнина од бракот. Да прославиме уште многу во здравје, веселба, љубов... Да создаваме и понатаму преубави спомени и да се усреќуваме еден со друг. Ти благодарам за љубовта која ...