Со сè посилното глобално поврзување, генерацијата Бета, за разлика од претходните, ќе поседува поширок, поинклузивен светоглед, нагласувајќи ги различноста и меѓукултурните интеракции. Марјан ЗАБРЧАНЕЦ Новата 2025 година е јубилејна, истекува четвртина од 21 век, а носи и раѓање на новата генерација Бета. Овие лица, родени помеѓу 2025 и 2039 година ќе доживеат воспитување под влијание на вештачката интелигенција, иницијативите за одржливост и ...

На 31 декември и 1 јанури не’ oчекува стабилно и претежно сончево време. Според прогнозите на УХМР, времето на последниот ден од годината ќе биде наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северо0западен правец. Температурата ќе се движи од минус 7 до 13 степени. Утрото, следниот неработен ден на 1 јануари, ќе биде студено со услови за ...

-Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во нивните криминали. Знаејќи за криминалите, СДС не поведуваше постапка за Груби, поради тоа што власта ќе им паднеше. СДС, преку дуото Заев и Филипче, му овозможија на Груби да си прави криминал во Лотарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Груби не можел без поддршката од СДС да го прави овој криминал. Молчејќи и не преземајќи никакви мерки, СДС се соучесници во криминалот, со цел да останат ...

Романија детектира мал летечки објект, кој влегува во националниот воздушен простор. Жителите беа предупредени да бараат засолниште и беа почнати процедури за подигање на борбените авиони. Романските радарски системи синоќа открија мал летечки објект за кој постои сомневање дека е беспилотно летало, кој навлегол во националниот воздушен простор до шест километри во југоисточниот округ Тулчеа, соопшти романското Министерство за одбрана. ...

Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина на градот Актау во Казахстан на почетокот на неделава, при што загинаа 38 лица. „Истрагата ќе разјасни каков вид на оружје е употребено за да се предизвика надворешниот удар“, рече министерот за транспорт Рашад Набиев, според азербејџанската државна новинска агенција Азертаг. Набиев изјави дека остатоците и изјавите на сведоците ...

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 ...

Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице. „Надлежен јавен обвинител, по спроведена ...

-Зелената партија ДОМ ја дава својата целосна поддршка за претстојниот граѓански протест “Марш за чист воздух”, во сабота 28.12.2024 од 12.30ч, организиран од загрижени граѓани и здруженија. Игнорирањето на понудените мерки од протестот пред две седмици од страна на повиканите институции е показател за нивната несериозност кон борбата за чист воздух и преземањето итни мерки за справување со загадувањето, соопшти ДОМ. „Уште еднаш ги повикуваме ...

Дебакл на кошничките на власта, милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните, вели во одговор на новинарско прашање, Каја Шукова потпретседателка на СДСМ. „Политиките на власта со така наречени кошнички доживеа дебакл и сите најави сега за некакви корекции се само уште една манипулација. Наместо намалување на цените и достапни производи, милиони евра се извлечени од џебовите на народот преку таканаречените „кошнички“. Основните производи ...

Најмалку 50 лица загинаа во израелски воздушен напад врз зграда во северниот дел на Појасот Газа, соопштија доцна синоќа здравствените власти под контрола на Хамас. Истиот извор објави дека меѓу жртвите има пет вработени од блиската клиника во Беит Лахиа: педијатар, лаборант, техничар и двајца болничари. Веста ја потврди и директорот на болницата Камал Адван, Хусам Абу Сафија. Информацијата не е независно проверена, а израелската војска не била ...

За пропустите на МВР, а согласно хиерархијата одговорноста е и на министерот Тошковски, но тој за пет месеци за неколку големи пропусти казни девет полициски службеници, пишува „Рацин.мк“. Двајца службеници беа казнети за „бегството“ на Артан Груби, шестмина за пропуштање на „свадбарската делегација“ на Спикерот Африм Гаши и еден од обезбедување на собранискиот претседател поради инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот ...

МВР со видео резиме се пофали за работата изминатите шест месеци, а министерот Панче Тошковски се осврна на некои од активностите во изминатиот период, од кои поголем дел се оние од редовната работа на полицијата. Од друга страна, мандатот на Тошковски е обележан со низа скандали, но и со загрозување на јавната безбедност, пишува „Рацин.мк“. На планот на јавната безбедност, медиумите, па и МВР, известуваа за убиства, обиди за убиства и ...

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 09.12. до 15.12.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 155 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и ...

Денеска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски се обрати на конститутивната седница на Советот за социјална сигурност кој е основан со цел заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија и преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и интеграција и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија. Пред присутни членови на Советот, Велковски рече: ...

Мицкоски: Ги охрабрувам припадниците на Министерството за внатрешни работи да продолжат, како и во изминатиот период, да ја спроведуваат правдата насекаде во Македонија Интегрален текст од изјавата на Мицкоски: „Денеска, ете, имав можност да бидам од овој навистина прекрасен настан. Прекрасен во смисла дека можевме во скратена верзија да ги видиме сите оние позначајни моменти, оние акции коишто Министерството за внатрешни работи, заедно со ...

Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, СДСМ бара оставка од членката на ДКСК, Цвета Ристовска. Основани се сомнежите за судир на интереси по скандалозната одлука поврзана со директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата спорна диплома. Фактите кои ги објавија медиумите и се целосно достапни за јавноста се крајно загрижувачки. Тие ја ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека бројот на загинати и ранети севернокорејски војници во областа Курск надминува 3.000 луѓе. „Постојат ризици од испраќање дополнителни војници и воена опрема за руската армија од Северна Кореја и ние ќе реагираме на тоа. Според прелиминарните податоци, бројот на загинати и ранети севернокорејски војници во Курск надминува 3.000 луѓе“, рече Зеленски на состанок на персоналот, повикувајќи се ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац за прв пат потврди дека Израел стои зад атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран летово, пишува „Тајмс оф Израел“. На комеморацијата за локалните безбедносни службеници, Кац им се закани на Хутите во Јемен, откако бунтовничката група поддржана од Иран продолжи да врши напади врз Израел. Кац истакна дека Израел ги поразил Хамас, Хезболах и, како што вели, ги заслепил одбранбените системи во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини словачкиот премиер Роберт Фицo, кој беше во посета на Москва, дека „сака да му помогне“ на рускиот претседател Владимир Путин „да заработи пари за финансирање на војната со Киев“. Фицо е близок со Путин, а Словачка зависи од испораките на руски гас. Зеленски рече дека Фицо не сака да најде решенија за замена на рускиот гас и да обезбеди „енергетска независност на Европа“. Тоа сугерира дека ...

Авион на швајцарската авиокомпанија „Свис“, на лет меѓу Цирих и Букурешт, морал вчера принудно да слета во Грац, Австрија поради чад во кабината и во пилотската кабина, соопшти авиокомпанијата. „Длабоко сме загрижени за здравјето на членот на екипажот, кој со хеликоптер беше пренесен во болница во Грац, чија состојба се уште е неизвесна. Останатите четворица членови на екипажот исто така се под медицински надзор“, се вели во соопштението. Се ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев. „Многу е важно што САД сега ги зголемуваат резервите. Ова е неопходно за да се изедначи ситуацијата. Благодарен сум на нашите партнери, а темпото на снабдување треба да биде такво што ќе го забави темпото на руските напади“, рече Зеленски во неговото редовно вечерно обраќање, објави „Униан“. Зеленски истакна дека на Украина и треба ...

Затворени се 5 приватни научни институти, а кај 15тина се утврдени неправилности кои имаат обврска да ги отстранат во соодветен рок. Ова е исходот од досега спроведените надзори на комисијата во Министерството за образование и наука формирана за оваа намена, за што, вечерва информираше министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа. „Дел од институтите се затворени заради неактивност, а дел ...

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска , кое се однесува на унгарскиот кредит, кој беше вонинституционално договорен, изгласан без јавна дебата, и со отворени сомнежи за корозивни намери и коруптивни практики. Во продолжение интегрален текст на прашањето: За само шест месеци, Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги доведе ...

Сооопштение на МВР: Биди полицаец. Биди хуман. Создај ред. Чувај ги граѓаните. Поседуваш храброст, солидарност и чесност. Висок морал, интегритет и дисциплина. Ако тоа се твоите човечки квалитети тогаш полицијата е вистинскиот избор за тебе. Улогата на полицијата е клучна во едно општество бидејќи таа е гарант на безбедноста, сигурноста и владеење на законот што се основа за напредок и економски просперитет на државата и сите граѓани во неа. ...

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, кое се однесува за катастрофалната реализација на капиталните инвестиции. Во продолжение интегрален текст на прашањето: Почитувана министерке Димитриеска-Кочоска, надоврзувајќи се на претходните прашање за односот на Владата кон стопанството и транспарентноста во управувањето со ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вети дека ќе го „запре трансродовото лудило“ на првиот ден од неговото претседателствување, додека републиканците, кои ќе ги контролираат двата дома на Конгресот и Белата куќа во новиот мандат, ќе го продолжат притисокот врз правата на ЛГБТК. „Ќе потпишам извршни наредби за ставање крај на детското генитално осакатување и отстранување на трансродовите луѓе од војската и нашите основни и ...

Полицијата во германскиот пристанишен град Бремерхавен синоќа уапси маж кој се заканувал преку Тикток, дека ќе изврши тешки злосторства на божиќниот пазар во градот. Веста доаѓа откако 50-годишен маж од Саудиска Арабија во петокот влета со својот автомобил во толпа на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург, при што уби пет, меѓу кои и едно 9-годишно дете, а повред 200 лица. Полицијата успеала „многу брзо“ да го идентификува ...

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е хоспитализиран во Вашингтон откако разви треска, изјави неговиот главен помошник за Ен-би-си Њуз во понеделникот. Клинтон (78) беше примен во Универзитетската болница „Медстар Џорџтаун“ на тестирање и набљудување откако му се покачи температурата“, рече Анхел Урења, заменик шеф на кабинетот на Клинтон. „Тој е добро расположен и е благодарен за грижата што ја добива“, изјави Урења. Извор близок до ...

Девојката А.Љ. била избодена синоќа во Сурчин во доцните часови пред ресторан во оваа белградска населба. Како што пренесуваат српските медиуми, во моментот на нападот, жртвата стоела пред ресторан со својата пријателка. Во еден момент им пришол млад човек и ја избодел девојката која останала облеана во крв на самото место. Пријателката повикала полиција и брза помош. Повредената девојка со тешки повреди е пренесена во болница, а според ...

АКТИВНИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. УКИНАТИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ: Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато се укинува од 12:45 часот Во 06:00 часот на патниот правец Гостивар – Маврово – Дебар и обратно, СЕ УКИНУВА забраната за движење на ТМВ. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Патниот правец од Крива Паланка кон ГП ,,Голема Црцорија – Голеш,, во длабина односно ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
70%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
60%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.9
70%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
79%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.09
44%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
53%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
69%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
56%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52