Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Луѓето односно возачите кои безобѕирно управуваат со моторни возила повеќе нема да се спасуваат со плаќање само казна, ќе лежат и затвор и ќе им биде конфискувано возилото, најави министерот Панче Тошковски. – Ќе им биде конфискувано возило со коешто се прават вакви кривични дела од кои за жал ги губиме нашите најмлади како на улиците, во градовите, така и по автопатишта, рече министерот за внатрешни работи. Конфискуваните возила ќе бидат ...
Денеска во Кабинетот на Претседателката се одржа втората седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваа членовите на Советот за безбедност по функција: Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана и тројцата членови, именувани од претседателката: ...
По одлуката на Мишко Ралев да му се приклучи на тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, со реакција на Фејсбук се огласи потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова. „Личниот и професионален интегритет и достоинство се бесценети, но, за жал, сѐ поретки во нашето опкружување“, напиша Костова, алудирајќи на потегот на Ралев, кој до неодамна важеше за гласен критичар на градежната политика на ВМРО-ДПМНЕ, а сега застана токму ...
Десет лица се стекнаа со Уверенија за кандидати за пилоти по Јавниот повик за обука на пилоти што беше објавен од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски им ги врачија уверенијата. Агенцијата со 50 проценти ќе ја кофинансира обуката на избраните кандидати, тие ќе се обучуваат за пилоти на лесни авиони. Овој ...
Висар Ганиу лаже, фалсификува, злоупотребува и им овозможува на трети лица да се богатат преку градење згради сега, а кои ги претставува дека се градени до 2011, за да избегнат плаќање комуналии на Град Скопје, пишува во објава на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за градоначалникот на Чаир. „Бидејќи сака да спинува со дивоградби, кои ги наследил од 2011, кажете му дека еве оваа дивоградба не му е наследена од баба ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез е околу 45 минути додека на ГП Богородица времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува ...
До пред само неколку недели Мишко Ралев беше најсериозното име за кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ. Сепак, работите помеѓу него и раководството на СДСМ се изјаловија, па така наместо со него, СДСМ излезе со Каја Шукова како кандидат за градоначалник на главниот град. И наместо да ѝ помогне на партијата каде неколку години беше и член на Извршниот одбор, Ралев по неколку дена премина во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, односно кај ...
Маж осуден за брутално убиство на својата сопруга и двете деца со мачета беше егзекутиран на Флорида станувајќи деветтата личност погубена во оваа сојузна држава годинава, што претставува нов годишен рекорд. До крајот на август се планирани уште две егзекуции. Едвард Закжевски (60) беше прогласен за мртов во четвртокот по инјектирање тројна смртоносна инјекција – седатив, средство за парализа и за запирање на срцето. Тој издржуваше смртна казна ...
Европската комисија објави дека ќе започне нова анализа во врска со укинувањето на сезонското поместување на времето, што претставува прв институционален чекор на оваа тема од 2019 година. Оваа одлука е донесена на иницијатива на Полска, која моментално претседава со Советот на ЕУ, и на барање на поединечни членови кои сакаат дополнително разгледување на оваа тема. Со ова се рестартира процес кој е застојан со години, пренесуваат медиумите во ...
Да се менуваат „партиските“ дресови во Македонија не е ништо ново, тоа со децении е дел од политичкиот фолклор во државата. Но сепак, никој толку инстант не „прелетал“ како што тоа го направи професорот Мишко Ралев кој денеска се приклучи на тимот на кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Ралев до пред само две недели беше сериозен претендент да биде кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ...
Вест на денот на политичката сцена во Македонија е експресното менување на партискиот табор на архитектот и професор Мишко Ралев кој откако не беше кандидиран за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, премина во тимот на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Ралев е архитект, професор и своевремено претседател на Асоцијацијата на архитекти, беше гласен критичар на проектот Скопје 2014. Зборувајќи за проектот Скопје 2014, Ралев го оцени како удар ...
Наезда од скакулци ја уништува јужна и источна Украина, загрозувајќи ги посевите во регионите Запорожје, Днепар, Херсон и Одеса. Експертите го поврзуваат ова со климатските промени и катастрофата на браната Каховка. Висок украински функционер за масовната појава на скакулци ја обвинува руската инвазија. Во разговор за украински новински портал, Вадим Чајковски, заменик-директор на Државната служба за безбедност на храната и заштита на ...
Општина Илинден постојано работи на уредување и урбанизација на јавниот простор низ сите населени места, создавајќи современи и пријатни зони каде граѓаните можат квалитетно да го поминуваат своето слободно време. Во таа насока, во тек е изградбата на нов урбан парк со повеќе содржини во Марино. Паркот ќе биде сместен помеѓу улиците „531“, „532“ и „534“, на површина од приближно 5.600 м². Проектот предвидува комплетно партерно уредување, ...
„Во јули постигнавме историски успех. Остваривме највисока месечна наплата на приходи во историјата на Царинската управа – 12 милијарди и 641 милион денари или 205,54 милиони евра! По прв пат ја надминавме недостижната бројка од 12 милијарди денари. Тоа не е само бројка – тоа е пресвртница. Минатата година, во истиот месец – јули 2024 – наплатата изнесуваше 11 милијарди и 993 милиони денари, или само чекор до неа. Годинава ја надминавме, 5,4 ...
Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, одржа средба со претставниците на независната културна сцена од Културно-социјалниот простор „Јадро“, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат претставниците на независната културна сцена. Шукова на средбата посочи дека тие се едни од клучните двигатели на креативниот развој, иновацијата и демократските вредности во нашето општество. ...
Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за ученички и студентски стипендии за учебната и академската 2025/2026 година. Најмногу стипендии се наменети за поддршка на учениците запишани во дуални паралелки во средно стручно образование – 1570. За учениците во стручните училишта кои посетуваат програми со тригодишно траење предвидени се 150 стипендии. Министерството за образование и наука ќе додели и 300 стипендии за средношколци ...
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе Обвинителен акт против шест лица за кои постои основано сомнение дека како злосторничка група, организирана од првоосомничениот, сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На пет лица им се става на товар кривичното дело Фалсификување пари, додека првообвинетиот и уште едно лице се ...
Премиерот Христијан Мицкоски при посета на реконструираната Клиника за уво нос и грло при Универзитетскиот клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на новинарско прашање за новите тарифи од САД кон Македонија од 15 проценти, изрази задоволство што е во групата на држави како Норвешка, Израел и ЕУ, но и најави продолжување на разговорите по кои очекува ново намалување. „Од она што го видовте од соопштението на Кабинетот на претседателот Доналд Трамп, ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: За само една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, покажа и докажа дека умее да го зголеми бројот на туристи во државата. 11 месеци беа потребни за Владата да успее да договори комплетно нови 16 авиолинии кои ќе патуваат од аеродромите во Скопје и Охрид. Од скопскиот аеродром ќе имаме нови 5 директни линии, од ноември ќе се патува од Скопје до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Кога овие 5 ќе ги ...
Премиерот Христијан Мицкоски при посета на реконструираната Клиника за уво нос и грло при Универзитетскиот клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на новинарско прашање за најавените осум нови инвестиции до крајот на годината, коишто ќе донесат нови вработувања и посилен стандард во Македонија, посочи дека тоа се инвестиции надвор од автомобилската индустрија, којашто досега е најголем дел од македонското портфолио, односно дека се дел од ...
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ја посети реконструираната Kлиниката за уво, нос и грло во Скопје. Во продолжение ја пренесуваме целосната изјава на премиерот: „Добар ден и од мене. Јас не би имал што да додадам на ова што го кажа и директорот и министерот, можам само да посакам само да имаат вработените помалку работа, повеќе на превенција да се фокусираме, но веќе кога пациентите ќе ги ...
Министерството за образование и наука и во новата учебна 2025-2026 година ќе ангажира ромски образовни медијатори, мерка со која значително се подобрува образовната поддршка за учениците Роми и е дел од заложбите за унапредување на еднаквоста и инклузивноста на националниот образовен систем. Објавени се два јавни повика. Едниот предвидува ангажирање на 50 ромски образовни медијатори за поддршка во основното образование и овозможува континуитет ...
„Главните два потока со кои се полни буџетот се приходите кои доаѓаат од Царинската управа и УЈП. Можам да кажам дека заедно со министерката за финансии имаме личен фокус на работењето на овие две институции и можам да кажам дека овој јули, конечно после оној период на стабилизирање и заздравување на македонската економија и двете институции забележаа исклучително добри резултати“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за ...
Поради одржување на настан за одбележување на празникот 2 Август, утре (сабота) со почеток во 09 часот па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје односно за сообраќај ќе биде затворен делот пред зградата на Собранието на РСМ и тоа од бул. „Кочо Рацин“ до ул.„11-ти Октомври“ (кај зграда на Црвен Крст) и крстосницата ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 03.12.2024 година, на регионалниот пат Р1103 Лакавица-Дреново-делница Пепелиште-Неготино, управувал товарно моторно возило „Ситроен џампер“ со велешки регистарски ознаки иако во тој момент не поседувал важечка ...
На 31.07.2025 околу 22.30 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Г.Л.(24) и Б.Л.(18), двајцата од Косово, затоа што во возилото „фолксваген кеди“ со косовски национални ознаки, кое го управувал Г.Л., а совозач бил Б.Л., биле пронајдени осум лица мигранти од Народна Република Кина. Имено, околу 21.40 часот возилото било забележано како се движи на автопатот од Градско кон Скопје, не застанало на даден знак за запирање и продолжило со ...
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на огласот бр. 3/2025 објавен на 31.07.2025 година од Министерството за животна средина за вработување на 11 помлади инспектори во Државниот инспекторат за животна средина на определено време до 31.12.2025 година, со нереален рок за аплицирање од само три дена до 02.08.2025. ДОМ го оценува овој чекор како неприфатлива манипулација пред локалните избори. Со оваа брза и нетранспарентна ...
На 31.07.2025, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода лицата на возраст од 30 и 25 години, двајцата од Куманово. Постапувајќи по претходна пријава дека имало пукање од огнено оружје на семејна веселба во Куманово, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во нивниот дом, при што биле пронајдени и одземени два пиштоли, за кои постои сомнение дека со нив пукале на веселбата. Тие биле приведени во полициска станица ...
Демократска обнова на Македонија реагира на огласот бр. 3/2025 објавен на 31.07.2025 година од Министерството за животна средина за вработување на 11 помлади инспектори во Државниот инспекторат за животна средина на определено време до 31.12.2025 година, со нереален рок за аплицирање од само три дена до 02.08.2025. Од ДОМ овој чекор го оценуваат како неприфатлива манипулација пред локалните избори. Појаснуваат дека со оваа брза и нетранспарентна ...
Прес конференција на СДСМ, Ана Чупеска – потпретседателка: Во пресрет на закажаниот состанок на Советот за безбедност, ние од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со голема загриженост, се обраќаме до претседателката Гордана Силјановска-Давкова, со барање и апел: да не ги потпишува указите за Законите за полиција и внатрешни работи. Ова од причина што Власта, со неверојатна лежерност, протурка скандалозни и опасни измени, кои го укинуваат ...