Кортни Лав, пејачка и вдовица на Курт Кобејн, одлучи да се збогува со Америка на Трамп. Пејачката откри дека трајно се сели во Обединетото Кралство за време на вториот претседателски мандат на Доналд Трамп. „Навистина ми е драго што сум овде“, рече таа, пишува „Дејли мејл“. „Многу е прекрасно да се живее овде. Конечно добивам британско државјанство за шест месеци. Станувам британски државјанин”, рекла Лав (60), а нејзините зборови предизвикале ...

Откриени се нови шокантни детали за причината за смртта на познатиот актер Џулијан Мекмахон откако тој почина ненадејно на 56-годишна возраст. Смртта на Џулијан Мекмахон беше објавена на 2 јули, а неговата сопруга Кели откри дека актерот тајно се борел со рак. Австралискиот актер починал од метастази на белите дробови од рак на главата и вратот, објави People. Причината за смртта беше окарактеризирана како природна, а останките на Мекмахон ...

Светската метеоролошка организација (WMO) денес објави дека регистрирала рекордно долг удар на молња од 829 километри во САД. Молња удрила на 22 октомври 2017 година за време на грмотевици, пишува Франс Прес. „Се протегала од Источен Тексас до Канзас Сити, покривајќи растојание еднакво на она помеѓу Париз и Венеција“, соопшти организацијата. Комитет составен од единаесет научници од САД, Бразил, Германија, Шпанија, Израел и Непал го потврди тој ...

Технолошкиот милијардер Илон Маск донираше 15 милиони долари на американските републиканци, вклучувајќи и пет милиони долари на „MAGA Inc“, супер ПАК комитетот што го поддржува Доналд Трамп, и тоа по јавната расправија со претседателот на САД. Според извештајот на Политико, новите документи откриваат дека Маск ги дал тие донации во јуни, само еден месец откако изјави дека доволно има потрошено на политика. Истовремено тој дал дополнителни 10 ...

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, и вршителката на должноста гувернер на Њу Џерси, Тахеша Веј, прогласија вонредна состојба поради обилните дождови кои предизвикаа сериозна опасност од поплави во регионот. Според американските медиуми, обилните врнежи доведоа до сериозни нарушувања во железничкиот и авионскиот сообраќај долж источниот брег на САД. Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за поплави на подрачја од Вашингтон и ...

Рускиот претседател Владимир Путин официјално никогаш не оди на одмор, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Ова практично никогаш не се случува, па затоа тој официјално никогаш не оди на одмор. Функцијата на шефот на државата не вклучува можност за одмор“, изјави Песков за Телеграм каналот „Јунасев лајв“, објави ТАСС. Според него, Путин понекогаш има „неколку слободни денови“, но дури и тогаш нема цел ден без обврски. „Дури и во тие ...

Германија соопшти дека ќе испорача два ракетни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Украина, по договорот со САД дека Берлин ќе биде првиот што ќе ја добие најновата верзија на тој систем за возврат. Благодарение на вклучувањето на САД, „Германија првично ќе ја поддржи Украина со лансери, а потоа и со дополнителни компоненти на системот „Патриот“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Бундесверот наскоро ќе испорача ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 21.07.2025 до 25.07.2025 зема 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје. Согласно ...

Авион итно слета на меѓународниот аеродром „Минеаполис-Сент Пол“ кога 25 лица беа повредени поради силна турбуленција, јавуваат светските медиуми. Летот „56“ за Амстердам полета од аеродромот „Солт Лејк Сити“ во 16.30 часот по локално време во средата. Летот требало да трае девет часа, но авионот бил пренасочен кон Минеаполис поради турбуленција. Медицински персонал го пречекал „ербасот А330-900“ за да ги проценат патниците и екипажот, кои ...

Канада има намера да ја признае палестинската држава на состанокот на Обединетите нации во септември, изјави вчера премиерот Марк Карни, зголемувајќи го притисокот врз израелската влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху, додека хуманитарната криза во Газа се влошува. Карни им рече на новинарите дека планираниот потег се базира на посветеноста на Палестинската самоуправа да спроведе реформи, вклучително и сеопфатни промени во управувањето и ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за полскиот телевизиски канал wPolsce24 изјави дека се обидува да се однесува со почит кон украинскиот претседател Володимир Зеленски. Орбан го нарече конфликтот во Украина војна меѓу Западот и Русија. Тој верува дека војната нема да заврши без средба меѓу лидерите на двете спротивставени страни, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Тој нагласи дека се води од ...

Tемпературите во југозападниот ирански град Омидие се искачија на 51 степен, додека земјата доживува сериозна криза со водата, објави државната телевизија. Во другите градови низ земјата, максималните температури, исто така, надминаа 45 степени. Повикувајќи се на предупредување од метеоролошката служба, телевизијата објави дека во делови од Иран се очекуваат песочни бури и лош квалитет на воздухот во наредните денови. Топлиот бран ја влошува ...

САД денес воведоа санкции врз функционери на Палестинската самоуправа (ПА) и Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО), велејќи дека групите ги поткопуваат мировните напори, додека американските функционери одделно се обидуваат да ги спасат разговорите за примирје во Газа. Овој потег им оневозможува на луѓето погодени од санкциите да добијат визи за влез во САД, соопшти американскиот Стејт департмент, но не разјасни точно за кои лица ...

Силното невреме што го погоди Солун во четвртокот наутро предизвика проблеми кај населението. Обилните дождови ги претворија главните патишта во реки, а локалните извештаи покажуваат дека шахтите пукнале под притисокот на водата, објавува „Товима“. Мотоциклист е повреден кога изгубил контрола на лизгава улица во центарот на градот, поточно на прометната авенија Цимиски. Според анализите на феноменот преку страницата Weather Analysis на ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради изведување на градежни активности на Вијадукт на Сарички дол, кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат (од раскрсница кај бензинска станица “ Лукоил” до клучка кај бензинска станица “Салида,,) ќе биде целосно затворен за сообраќај од 03.8. од 07:00 часот до 06.8. Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива ...

Ало се направи споредба со трошоците за живот, Македонија има подобра минимална плата од Португалија, Грција, Црна Гора, Кипар, Малта, Албанија, Србија, Унгарија, Чешка, Бугарија, Латвија, Естонија и други, смета премиерот Христијан Мицкоски, соопштувајќи го ова денеска на собраниската седница. Тој се осврна на вчерашниот состанок на економско социјалниот совет, каде Слободан Трендафилов од ССМ побара минималец од 500 евра, но неговиот предлог ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во рамки на проектот ,,Се гледаме во маало“, се сретна со жителите на Пролет и Маџир Маало, кои говореа за секојдневната живеачка, проблемите, но изнесоа и идеи кои ќе бидат реализирани. Реновирање на фасадите се едно од барањата на граѓаните. „Ние како општина даваме субвенции, покрај кровови и лифтови даваме субвенции и за фасади. Ги повикуваме граѓаните да дојдат во општина да се ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, даде осврт на инвестициите во енергетиката. Тој зборуваше за значењето на потенцијалната инвестиција во когенеративни гасни централи, како и изградбата на ветерниот парк на компанијата „Алказар“ за кој веќе е поставен камен темелникот. „Турската компанија „АКСА груп“ имаат амбиција да изградат проекти во делот на проеизводство на ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој воедно е и координатор на Кризниот штаб за справување со пожарите кој ќе одговара од власта за катастрофата со пожарите и тоа што изгоре 20% од територијата на државата. Лукаревска ја обвини Владата за катастрофален неуспех во справувањето со пожарите и предупреди дека ...

Пратениците од владеачката коалиција во Комисијата за избори и именувања го избраа 40-годишниот Фатон Селами за предлог кандидат за нов Народен правобранител. Селами во моментот е општински советник во Тетово од партијата Алтернатива, која е дел од коалицијата Вреди, а предложен е од координаторот на пратеничката група Беким Ќоку. Опозициските пратеници од Европскиот Фронт го оспорија изборот. За избор на Народен правобранител потребни се ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, нема да брза да ги распише локалните избори, кои треба да се одржат оваа есен оти сѐ уште не се избрани нов народен правобранител и нов претседател на Државната комисија за спречување корупција откога досегашниот омбудсман се пензионира, а досегашната претседателка на ДКСК поднесе оставка. „Најавивме дека сме во едно кратко време во врска со изборот на народниот правобранител и на претседателот на ДКСК. ...

Утре ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од вторник се очекува стабилизирање на времето. Прогноза за 02.08.2025 Минимална ...

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање дали може да се очекуваат засилени домашни и странски инвестиции, откри дека очекува засилен бран на инвестиции по преговорите со САД за трговија, но и за плановите и ангажманот на владата за привлекување на инвеститори во воената, медицинската и индустријата за батерии, со што би пораснал БДП, би пораснал извозот и би се сменило портфолиото на државата. „Еден од успешните примери, ...

На денешната седница за пратенички прашања во Собранието, пратеничката Драгана Бојковска му постави прашање на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за капиталните инвестиции кои се однесуваат на општините од вториот повик од унгарскиот кредит, кои се проектите, какви се проектите и каков бенефит за граѓаните тие ќе носат. „Ова за прв пат се случува во Македонија, ваков тип на инвестиција која што од Владата директно ќе биде наменета за ...

Денеска (31.07.2025) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со дел од раководството на МВР го посети граничниот премин Табановце каде заедно со претседателот на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја продолжија кампањата „Безбедно во лето – Вози одморен“ чија промоција беше минатиот месец на граничниот премин Богородица. Министерот Тошковски посочи дека преку оваа кампања ги потсетуваме возачите на потенцијалните ...

„Не ме интересира што прави Индија со Русија. Тие може заедно да ги уништат своите мртви економии, според мене“. Оваа порака, објавена на социјалната мрежа „Тру соушал“, е уште една во низата што американскиот претседател неодамна ги упати кон Русија, Индија и кон поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, пренесуваат медиумите во светот. Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, ги коментира зборовите на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека планира да воведе царини од 25 проценти за производи од Индија. Тој ја обвини таа земја за, како што тврди, превисоки царини и блиски односи со Русија. Тој објасни дека новите царини за индискиот извоз во САД ќе стапат во сила на 1 август заедно со дополнителни казнени мерки поврзани со купувањето руска нафта и оружје. Сегашната царинска стапка за индиските производи во САД е десет проценти. ...

САД мора да ја надоместат штетата предизвикана на Иран за време на минатомесечната војна, објави „Фајненшл тајмс“ цитирајќи го министерот за надворешни работи на Иран откога Техеран зазеде построг став и постави нови услови за продолжување на нуклеарните разговори со администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп. „Тие треба да објаснат зошто нè нападнаа во средината на преговорите и мора да се осигури дека нема да го сторат тоа ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговараше на пратеничко прашање за капиталните инвестиции договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Тој посочи дека постои сериозен интерес на големи финансиски институции за финансирање на капиталниот проект за изградба на пругата од коридорот 10 под поволни услови. „Дозволете ми да ве информирам како се развива овој проект и што е суштината на тој проект. Накратко кажано да ни ...

Соопштение на СДСМ: По повод изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, во која тој со најавува дека голем светски бренд ќе купува електрична енергија произведена од ветерниот парк на „Алказар енерџи“, чувствуваме обврска да реагираме и со длабоко разочарување да констатираме дека Владата очигледно ги има помешано приоритетите. За жал, наместо македонскиот ветер, кој претставува национално и општо добро, да се користи за стабилизирање на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
94%
1015
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
95%
1013
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
86%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
63%
1018
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.73
95%
1016
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
84%
1015
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
88%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1015
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1015
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
92%
1016
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
89%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
88%
1018
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.873

Currency

66.1342

Currency

7.47357

Currency

0.65725

Currency

0.34732

Currency

0.52484

Currency

0.60009

Currency

1.26054