
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера повторно да се поврзе со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. „Да, сакам“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз, на прашањето дали ќе се сретне со севернокорејскиот лидер, со кој се сретна три пати за време на неговиот прв претседателски мандат. Трамп, кој ја презеде функцијата во понеделникот, го нарече севернокорејскиот лидер „паметен човек“. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа ги повика сите да влијаат на намалување на тензиите и посочи дека стабилноста, мирот и животите на луѓето немаат алтернатива и дека Србија мора да се заштити од каква било дестабилизација. Вучиќ во видео обраќање на „Инстаграм“ рече дека поминале два и пол месеци од страшната трагедија во Нови Сад и дека државата си ја завршила работата како што ветила. „Обвинителството спроведе истрага, ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска го посети Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе – Отворена Порта и децата жртви на трговија со луѓе. На средбата се разговараше за политиките на Министерството кое е целосно посветено на борбата против трговијата со луѓе, исполнувајќи ги законските барања и пракси во врска со развивање и подобрување на националните политики за превенција, подигање на ...
Соединетите Американски Држави уапсија 538 илегални мигранти и депортираа стотици од нив за време на големата операција спроведена непосредно по почетокот на претседателскиот мандат на Доналд Трамп, соопшти портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит. „Администрацијата на Трамп уапси 538 криминални илегални имигранти“, напиша таа синоќа во порака на мрежата „Икс“. Додаде дека со армиски авиони биле превезени стотици мигранти. Таа рече дека „во ...
Светската здравствена организација (СЗО) одлучи да го „замрзне“ регрутирањето и значително да ги намали патните трошоци како одговор на повлекувањето на Соединетите Американски Држави од организацијата, која е нејзин најголем финансиски донатор, се наведува во интерната порака до вработените. „Како што знаете, Соединетите Американски Држави најавија повлекување од СЗО. Жалиме за оваа одлука и се надеваме дека новата администрација ќе го ...
Општина Центар информира дека на официјалната веб-страница е објавен Граѓанскиот буџет за 2025 година. Овој документ, подготвен во едноставен и разбирлив формат, обезбедува увид во приходите, расходите и планираните капитални инвестиции на општината, претставувајќи ги приоритетите и стратешките определби на локалната самоуправа. „Граѓаните преку оваа апликација можат да имаат увид во тоа како се креира буџетот, како се трошат нивните пари и кои ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање информираше дека на почетокот од следната недела ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ, за да разговараат за нивните барања, потенцирајќи дека само така ќе се дојде до решение коешто ќе биде успешно. „Ние често пати зборувавме дека начинот којшто го одбраа синдикалците, не е начин за да се реализираат барањата, и да се надминат сите овие ...
Средбата со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, е од клучно значење за нашите напори за реформа на правосудниот систем, како и за борбата против криминалот и корупцијата, рекоа од Министерство за правда. Реформите во правосудството, измените на Кривичниот законик и на Законот за Судски совет кои ги планираме се суштински за создавање на праведно и транспарентно општество. Министерот за правда Игор Филков и амбасадорката Тигањ ...
Согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025г.“ и обврските, до 23.01.2025г. до Министерството за животна средина и просторно плнаирање се стигнати извештаии за преземени акции од 13 општини од државата и тоа од општините: Прилеп, Тетово, Центар, Илинден, Велес, Штип, Крушево, Ранковце, Гази Баба, Шуто Оризари, Охрид, Град Скопје и Богданци. Во однос на мерката Сите на терен: Вонредни инспекциски надзори на терен за контрола на ...
„Зимската служба започна со расчистување на снегот уште од доцна синоќа, приоритетно на најкритичните локации, како што е подножјето на планината Водно, и на најпрометните улици под надлежност на општината. Со вкупно 4 возила – 2 со плуг и соларка, како и 2 специјализирани возила за отстранување снег, тимовите се на терен од ноќеска и интензивно работат на фрлање сол и расчистување на уличната мрежа, како и на критичните сообраќајни точки”, вели ...
Интегрален текст од денешната прес-конференција на Јованче Манасков, член на Комисијата за образование и наука на СДСМ: Почитувани граѓани, Почитувани медиуми, Генралното Собрание на Обединетите Нации во 2018г. го прогласи 24 јануари за Меѓународен ден на образованието со единствена цел – да се истакне улогата на образованието во развојот на светот. На денешниот Меѓународен ден на образованието, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја ...
Соопштение на Јавно Обвинителство – интегрален текст: Во рамките на континуираните активности што започнаа во месец декември минатата година, а поврзани со превенција и сузбивање на заканите од тероризам, во текот на вчерашниот ден под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведена е координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и одделите за ...
СДСМ ја труе јавноста со неточни информации во обид да предизвика паника за наводни хаварии во РЕК Битола. Багерот КАУ 300 е оперативен и во функција, а во тек е краткотрајна замена на дел од транспортната лента на Главниот транспортен систем за јаглен. Исто така, производството на јаглен од рудниците ПЈС Суводол и од Брод-Гнеотино тече нормално и во континуитет, и покрај сите проблеми што новото раководство ги наследи, велат од ВМРО-ДПМНЕ како ...
Мицкоски: Реконструкцијата на патот Катланово – Градманци поврзува две населени места во општина Петровец, продолжуваме да градиме Интегрален текст од изјавата на Мицкоски: „Почитувани претставници на медиумите, македонска јавност, За мене секогаш претставува чест и задоволство и предизвик да бидам дел од вакви настани кога се прави нешто ново, нешто коешто е потребно на граѓаните коешто ги подобрува условите за живот. Денеска сме на овој ...
-На 23.01.2025 во 10.40 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода О.Ф.(39) од Радовиш, кој бил баран со потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија, каде издржувал затворска казна во траење од седум години и пет месеци за сторени кривични дела „разбојништво во обид“ и „тешка кражба“, а имал за доиздржување една година и седум месеци, соопшти МВР. Лицето било спроведено ...
„Не знам каде се препознале. Дали можеби имаат грижа на совест, па работи потсвеста, Фројд е чудна работа. Но, јас нема да навлегувам во таква дебата“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање што подразбира под македонско прашање бидејќи од Атина го обвинија за иредентизам. Тој истакна дека македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека главните и ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на образованието го прими Иле Михајловски, одделенски наставник во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ во Свети Николе. Михајловски е избран меѓу 50 финалисти од вкупно 5.000 номинирани наставници од 89 држави во светот за престижната Глобална награда за наставници за 2025 година, што ја доделува фондацијата Варки од Лондон, со поддршка од УНЕСКО и компанијата ГЕМС Еџукејшн. ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на впечатоците од посетата на САД, со остварените политички и економски контакти, изјави: „Многу сум задоволен, исклучително сум задоволен. Посетата беше исклучително корисна, плодна и очекувам во периодот којшто следи резултатите да бидат видливи, интензивни и големи. Она коешто го кажувам често пати, ќе го повторам и ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на новинарско прашање за „360 степени’’ истакна дека законот е јасен и тој гласи дека секој електронски документ кој е изработен од државен орган, може да се користи во неговата печатена форма, исто како и оригинален документ. “Претпоставуваме дека ќе постои отпор или незнаење кај одредени институции, затоа имаме двоен пристап, едниот со кој што ќе им објасниме на институциите како да ги ...
-Главниот багер за ископ на јаглен во Рудникот ПЈС Суводол, КУ 300, е надвор од функција заради дефект на моторот, Главниот транспортен систем не работи заради хаварија во која се исцепило парче трака во должина од 4 километри. Нема маст за машините, нема масло за камионите и булдожерите, нема резервни делови…РЕК Битола е пред тотален колапс! – велат од СДСМ. „Ископот на јаглен во РЕК Битола е на историски минимум! За одржување на минималното ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која ја информираше за економските состојби и очекувања, согласно макроекономските проекции на Народната банка. На средбата беше констатирано дека ценовната и финансиската стабилност се темелите на здравата економија, во која инвестициите и бизнисите можат да напредуваат и дека без нив економијата е чувствителна на шокови коишто го ...
Како резултат на континуираните активности за превенирање и сузбивање на заканите од тероризам, на 23.01.2025 во координирана акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и Агенцијата за национална безбедност, а под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, беа извршени претреси на дом и други простории на ...
Времето денес по котлините во поголем дел од денот ќе биде магливо и постудено. Во останатите подрачја ќе биде сончево со умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во местата со магла максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6 степени. Во Скопје во поголем дел од денот ќе биде магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 80 метри има на патниот правец Штип – Велес и Велес – Неготино, до 100 метри на патниот правец Кочани – Штип и од 100 – 120 метри на патните правци Струмица – г.п. Ново Село и Струмица – Радовиш. Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед ...
-Владата ќе купива авион од стотина милиони евра а решението за лекови на Онклогија го бара преку донации. Ова што се случува едноставно не нормално, соопшти СДСМ. „Цела недела нема лекови на Онкологија кои се животно потребни. Пациентите од цела Македонија се соочуваат со недостиг од онколошка терапија, недостаток на здравствен кадар и неприфатливи услови за лекување. Овој хаос во здравството е јасен показател за неспособноста на премиерот ...
Новиот американски државен секретар Марко Рубио вети непоколеблива поддршка за Израел поради кревкиот прекин на огнот во Газа и интервенцијата на израелската војска во Џенин на окупираниот Западен Брег. Државниот секретар вчера разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да „нагласи дека одржувањето на непоколебливата поддршка на САД за Израел е главен приоритет на претседателот Доналд Трамп“, рече портпаролката на Стејт ...
Американскиот претседател Доналд Трамп сугерира дека Џо Бајден направил грешка што не си дал превентивно помилување пред да ја напушти функцијата. „Овој човек одеше наоколу помилувајќи ги сите. А знаете, смешното, а можеби и тажното е што тој не се помилува себеси. И ако погледнете, сето тоа беше поврзано со него“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“. Трамп истакна дека можел да си даде помилување во 2021 година кога ја напуштал Белата куќа, но ...
Американската војска се подготвува да испрати приближно 1.500 дополнителни војници на границата со Мексико, изјави американски официјален претставник само два дена откако претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба за имиграција. Службеникот, кој сакаше да остане анонимен, не кажа точно кога ќе бидат распоредени војниците. Тие ќе им се придружат на приближно 2.200 активни војници и илјадници членови на Националната гарда веќе на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман. Тоа беше прв разговор на Трамп со странски лидер по враќањето во Белата куќа во понеделникот. „Двајцата лидери разговараа за напорите за воспоставување стабилност на Блискиот Исток, зајакнување на регионалната безбедност и борбата против тероризмот“, се вели во соопштението на Белата куќа. „Тие разговараа и за меѓународните економски амбиции на ...
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека припадници на Специјалната антитерористичка единица во Јагодина го убиле Саша Милосављевиќ (48), кој синоќа уби едно лице, а друго тешко рани. Дачиќ објави и дека при обидот за апсење, Милосављевиќ пукал во специјалците. Пукањето се случило вчера околу 18.00 часот во кафeaна, пришто едно лице е убиено, а друго е рането. Напаѓачот бил во бегство, но подоцна бил пронајден и совладан од ...