Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, на средба со шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, во Њујорк укажала дека мора да се стави крај на двојните стандарди што ги манифестира Европската Унија (ЕУ) кога станува збор за процесот на прием во Унијата, особено на малите држави. Имено, Сиљановска-Давкова вчера присуствуваше на приемот за лидерите на земјите од Западен Балкан што го приреди високата преставничка на ...
Тајфунот Рагаса ги претвори улиците во јужниот дел на Кина во реки. Кога локалците забележале дека во водата има и риби, почнале да ги ловат – некои ги фаќаат со раце, некои со кофи, а некои си направиле и копја. Тајфунот Рагаса кој ги погоди Тајван, Филипините и јужниот дел на Кина каде направи пустош. Обилните врнежи предизвикаа големи поплави кои, пак, направија и сериозна материјална штета. After #TyphoonRagasa, seawater flooded #Macau ...
Поп-ѕвездата Ријана го роди своето трето дете, девојче, со партнерот A$AP Rocky, чие вистинско име е Рахим Мајерс. Бебето го доби уметничкото име на нејзиниот татко. Роки Ајриш Мајерс е родена на 13 септември, објави пејачката на Инстаграм, споделувајќи фотографија на која ја држи ќерка си. Двојката има и два сина, Рајот и РЗА. Обожавателите беа воодушевени од веста на социјалните мрежи, а објавата собра повеќе од пет милиони допаѓања за два ...
-Цистерна со нафта се запалила утрово откако излетала на патот Гевгелија – Богданци, но пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите. Поради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци е во прекин, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. -Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртеле после што дошло до истекување на нафта и палење на ...
Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува вистински пекол на следниот натпревар од квалификациите за Светското првенство кое во 2026 година ќе се одигра во САД, Канада и Мексико. Македонските фудбалери ѝ гостуваат на Белгија во Гент, а за оваа средба нашата федерација доби 1.000 билети. Според информациите од ФФМ, сите билети за македонскиот сектор на трибините се распродадени за само неколку денови. Од Фудбалската федерација на ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва ја поддржува иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп целосно да се откаже од развојот на биолошко оружје и е подготвена да учествува во процесот. „Самата иницијатива е брилијантна и, секако, Москва ја поддржува“, изјави Песков пред новинарите, објави РИА Новости. Тој додаде дека процесот на целосно напуштање на развојот на биолошко оружје треба да биде документиран и ...
Пазарот на криптовалути го изгуби ентузијазмот за купување, а дневните трговци повеќе не се толку ентузијастични, што е помалку изненадувачки откако Федералните резерви „ја завршија својата работа“ минатата недела. Етерот, соланата и догекоинот паднаа за околу десет проценти на неделно ниво. Понеделникот особено беше доста црвен, со многу биковски позиции кои беа ликвидирани. Ова му се случи на Етерот во посериозна форма од 2021 година. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе биде подготвен да поднесе оставка по завршувањето на војната, но дека Украина ќе продолжи да одговара на руските напади, објави Аксиос. Во интервју за Аксиос на Менхетен, кратко пред да го напушти Генералното собрание на ОН и да се врати во Киев, Зеленски рече дека има експлицитна поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп за употреба на целни напади врз руските енергетски ...
Денеска во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од утре до понеделник нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност и ќе има позначителна промена на времето, соопшти УХМР. Ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 л/м2), проследени со грмежи и засилен ветер. ...
За време на Големата награда на Италија, колекција од скапоцени предмети поврзани со Михаел Шумахер привлече големо внимание од колекционерите. Највредниот експонат беше тркачкото одело на Ферари од 2000 година, со кој токму во таа сезона Шумахер ја освои својата прва титула со Ферари. Со тој успех, тој започна неверојатна серија од пет едноподруго шампионски титули, завршувајќи со седмата титула во 2004 година. Костумот беше користен на ...
Возењето под дејство на алкохол со концентрација од најмалку 1,50 г/кг промили во крвта или возење со брзина која надминува 50 км на час во населено место или 70 км на час надвор од населено место над дозволената, како и возењето под дејство на дроги, психотропни супстанции или прекурзори согласно последните измени на Кривичниот закон претставува кривично дело. Членот 297-а „Безобѕирно управување со моторно возило“ во пракса значи дека овие ...
Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руски борбен авион Су-34 е соборен во близина на градот Запорожје околу 4 часот утрово. Според украинската војска, авионот учествувал во напади врз градот користејќи наведувани бомби. „Непријателскиот Су-34 е соборен околу 4 часот наутро во правец на Запорожје, каде што извршувал терористички напади користејќи наведувани воздушни бомби. Заедно до победа!“, се вели во соопштението од ...
Парискиот суд денес го прогласи поранешниот француски претседател (2007-2012) Никола Саркози за виновен за соучество во криминална организација во случајот со либиското финансирање на изборната кампања во 2007 година, објави телевизискиот канал BFM. Во исто време, поранешниот француски претседател беше ослободен од обвиненијата за прикривање на проневера на јавни средства и пасивна корупција. Обвинителите побараа Саркози да биде осуден на ...
До 7 часот утринава на територија на државата се регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор од кои три се активни, четири се под котрола, а 21 пожар се изгаснати, објави Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите над селото Бенче во Македонски Брод, кај селата Малино, Танушевци и Лукаре на територија на општините Чучер Сандево и Липково и кај прилепското село Дабница. Под котрола се пожарите на планината Кожуф, на ...
Семејното насилство повеќе нема да остане зад затворени врати, скриено зад ѕидовите на тишината и стравот. Со најновите предлог измени на Кривичниот законик кои ги подготвува Министерството за правда, сега насилникот ќе може да се гони по службена должност, дури и без жртвата да поднесе пријава. Доволно ќе биде сведокот, сосед, роднина, пријател, случаен минувач да пријави семејно насилство, а институциите ќе бидат должни да реагираат. ...
Фудбалот во Бугарија го погоди голем скандал. Според информациите 46 играчи и тренери од Првата и Втората лига добија суспензија поради обложување на натпревари од минатата сезона. Акцијата ја спровела Националната дирекција на полицијата во соработка со Фудбалскиот сојуз и Националната агенција за приходи, а истрагата траела речиси една година. Дисциплинската комисија реши сите инволвирани да бидат исклучени од активности сè додека не ја ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа од Тетово му се обрати директно на премиерот Христијан Мицкоски, предупредувајќи го дека евентуалното скршнување од патот кон ЕУ ќе предизвика приклучување на еден дел од граѓаните кон Бугарија, а на друг кон Албанија. „Ако не го продолжи Македонија својот пат кон ЕУ, тогаш граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а другите со Бугарија!“, објави информативниот портал ...
Во Трубарево денеска продолжува дводневниот лекарски скрининг на населението, што го спрроведува Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија. Според првичните податоци од терен, на двата пункта, вчера во првиот ден се прегледани вкупно 111 лица – 56 лица на Пункт 1 и 55 лица на Пункт 2. Пациентите се генерално во добра здравствена состојба, но кај 11 лица е утврдено присуство на иритации и надразнување во грлото, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп побара да биде отворена истрага за она што го нарече „тројна саботажа“ за време на неговата посета на Генералното собрание на Обединетите нации во средата. Во објава на социјалните мрежи, американскиот претседател се осврна на наглото запирање на ескалаторот кога тој и првата дама Меланија Трамп стапнале на него, на дефект на телепромптерот (мониторот од кој се читаат говорите) и на проблем со звучниот ...
Променливо облачно време со сончеви периоди се најавува за денеска во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во поладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од 8 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 22 до 30 степени. И во Скопје денеска ќе има променливо облачно време со сончеви периоди и со ...
Аеродромот во Алборг, град што се наоѓа во северниот дел од Данска, е затворен за сообраќај откако неидентификувани дронови биле забележани во воздушниот простор, пишува Би-би-си според информации од локалните власти. Три други помали аеродроми во јужниот регион на земјата исто така пријавиле активност на дронови – Есбјерг, Сендерборг и Шкридструп, но тие не биле затворени. Според полицијата, дроновите за прв пат биле забележани синоќа околу ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој ја придружува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на работната посета на Њујорк, изјави дека покрај тековните активности во ОН престојот во голема мера го посветил и на европските интеграции и на регионалната соработка. – Имав билатерална средба со министерот за надворешни работи на Кипар, земја која што од јануари ќе го преземе претседавањето со ЕУ. Зборувавме за потребата од ...
Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во среда ги поддржа сè посилните повици за забрана на децата да користат социјални мрежи, ветувајќи дека ваквите мерки на европско ниво ќе бидат разгледани во наредните месеци. „Многу земји-членки веруваат дека дојде време за „дигитална ера“ за пристап до социјалните мрежи“, рече фон дер Лајен на настан на маргините на Генералното собрание на ОН. „Морам да ви кажам, како мајка на седум ...
Осум предмети од „кардиолошките случаи“ се завршени, уште пет нови се пристигнати во Фондот за здравство, но очекуваме да ни бидат доставени и други од институции и граѓани, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу. Во гостување на ТВ Сител, Алиу напомена дека резултатите од целиот овој процес ќе бидат соопштени на крај, кога ќе се изготви завршниот извештај. Нема да се оди со делумни информации во јавноста поради сензитивноста на ...
Видеолотарија Касинос Австрија како спонзор, со силна возбуда се радува и се гордее со успехот на Милијана Мила Рељиќ. Со задоволство споделуваме дека најдобрата македонска таеквондистка, членка на клубот Тигар од Скопје и учесничка на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз во 2024 година, Милијана Мила Рељиќ, постигна огромен успех освојувајќи го третото место и бронзениот медал на Опен Г1-турнирот во Варшава. Нашата најдобра таеквондистка ...
Министерот за здравство Азир Алиу вечерва рече дека утре Стручна комисија ќе оди во тетовската болница и во приватната здравствена установа каде почнало лекувањето на починатото седумгодишно девојче, за да утврди што се случило. Според него, уште е рано да се излезе со информации во јавноста зашто се чекаат резултати и од обдукцијата. Како што информира Алиу, веќе е добиен наод од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, каде е опишан ...
НАСА најави дека веќе во февруари 2026 година би можела да испрати четворица астронаути на десетдневно патување околу Месечината – прва ваква мисија по повеќе од половина век. Мисијата „Артемис II“ е вториот лет во рамките на програмата „Артемис“, чија крајна цел е враќање на човекот на Месечината и воспоставување трајно присуство на нејзината површина. Оваа фаза ќе биде тест за ракетниот систем SLS (Space Launch System) и вселенската ...
Европската комисија побара од технолошките гиганти „Епл“ (Apple), „Гугл“ (Google) и „Мајкрософт“ (Microsoft) и од туристичкиот провајдер „Букинг“ (Booking) да и достават појаснувања за мерките што ги презеле за да спречат финансиски измами на корисниците преку нивните платформи. Според портпаролот на Европската комисија за технолошка сувереност, Тома Рение ваквото барање претставува „суштински чекор“ за заштита на корисниците низ целата ...
Глечерот Алсек долж крајбрежната рамнина на југоисточна Алјаска се повлекол толку многу што малиот планински врв на Пру Ноб сега е целосно опкружен со водите на преглацијално езеро, создавајќи нов остров. Во текот на изминатите 40 години, двата крака на глечерот се повлекле повеќе од 5 километри, а сателитските снимки на Ландсат од 1984 и 2025 година ја документираат оваа драматична трансформација. Глециологот Маури Пелт вели дека ...
Руски воен авион прелета над германска воена фрегата во Балтичкото Море, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус. – Навлегувањата на руски дронови и воени авиони длабоко во полскиот и естонскиот воздушен простор, како и прелетот над германска фрегата во Балтичкото Море во рок од неколку дена, јасно покажуваат дека Русија буквално ги тестира границите, вклучително и на земјите-членки на НАТО, со сè поголема фреквенција ...