Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Министерството за животна средина и просторно планирање вели дека општина Струга има должност редовно да ја одржува и чисти депонијата, со цел да се спречат дополнителни еколошки и здравствени ризици и да се обезбеди минимален стандард на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните. Од министерството посочуваат дека остануваат достапни за поддршка во рамки на своите надлежности, но одговорноста за редовното управување и одржување ...
Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека ја „поздравува“ вчерашната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп за конфликтот меѓу Украина и Русија и рече дека рускиот лидер Владимир Путин реагира само на сила. „Тој реагира само на сила и претставува јасна и непосредна опасност за цела Европа, а со тоа и за Соединетите Американски Држави“, додаде таа, коментирајќи ја изјавата на Трамп дека Украина е „во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди глобалните лидери дека запирањето на војната во Украина и намалувањето на трката во вооружување би можело да биде многу поевтино и поефикасно од идните обиди за заштита на критичната инфраструктура од напади со беспилотни летала и други закани. „Руската војна нè доведе до оваа ситуација. Но, дали имате заштита од слични закани?“, праша Зеленски за време на своето обраќање пред ...
Два тима од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) обезбедија место во четвртфиналето од Купот на Македонија, тоа се екипите на ГФК Охрид и на Детонит Плачковица. ГФК Охрид на домашен терен одигра моќно и успеа да слави високо над Шкупи (3-0). Чаирчани се во криза, во лигата немаат ниеден бод по шест одиграни кола, а таа лоша форма се преслика и во Купот на Македонија од каде тимот отпадна. Антонио Каланоски беше стрелец на еден гол, ...
Уставниот суд денеска одлучуваше за два предмета поврзани со изборниот процес. Ја оценуваше уставноста и законитоста на Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини и одлучуваше за уставноста и законитоста на упатство донесено од ДИК, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски. Како што наведе Добрила Кацарска, која е судија известител за првиот предмет, Уставниот суд ...
Израелските сили денеска напредуваа во центарот на градот Газа, загрозувајќи ги животите на Палестинците кои останаа таму со надеж дека растечкиот притисок врз Израел да се согласи на прекин на огнот ќе значи дека нема да ги изгубат своите домови, објави Ројтерс. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно се сретна со лидерите на муслиманските земји во Обединетите нации во Њујорк со цел да се запре војната. Трамп, кој претходно ги ...
Во Штип и Свети Николе вчера гореле лозови насади и помошни простории. Пожарите се изгаснати од пожарникарите на Територијалните Противпожарни единици на Штип и Свети Николе. Во билтенот на Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип се вели дека вчера во 10.31 часот во ОВР Свети Николе, 40 годишен Н.Т.од Свети Николе пријавил дека околу 10.00 часот во дворот од семејната куќа запалила смет, при што огнот се проширил на соседната парцела и биле ...
Европската комисија ќе предложи царини за руската нафта што сè уште се увезува на европскиот пазар, изјави портпаролот на Комисијата, Олоф Гил. „Комисијата наскоро ќе излезе со деталите за овој предлог“, изјави Гил на прес-конференција. Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, објави дека ќе предложи царини за увоз на руска нафта. Не станува збор за санкции, за кои е ...
Длабокиот сон не само што ја обновува енергијата, туку го поттикнува и растот, метаболизмот и будноста. Бодибилдерите се потпираат на него за мускулна маса, а тинејџерите за висина. Но, зошто не-REM спиењето особено влијае на хормонот за раст, долго време не е јасно. Научниците од Универзитетот во Калифорнија, Беркли (UC Berkeley), во студија објавена во списанието Cell, ги мапираа мозочните кола што го контролираат хормонот за раст кај ...
Дополнителни санкции кон Израел „не се неопходни,“ изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадепфул, додека позицијата на Берлин за војната во Газа продолжува да се разликува од неговите западни партнери. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен претстави пакет санкции против Израел, вклучувајќи укинување на трговски концесии и насочување кон екстремно десничарски министри, како одговор на тековната ...
Во собраниската сала во Заечар, на југот на Србија, пред почетокот на продолжението на конститутивната седница, била активирана чадна бомба. Советниците ја напуштиле просторијата, објавена е пауза, а салата е заклучена, објави порталот „Нова С“. Според тој медиум, пред инцидентот, пред претседателската маса и говорницата во салата имало кордон од приватно обезбедување, кој не им дозволувал на новинарите и советниците од опозицијата да се ...
ВМРО-ДПМНЕ го обвини опозицискиот СДСМ дека наводите оти убиената Росица Коцева му праќала СМС-пораки на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со кои барала помош од него се тотална измислица. „Пораките за кои СДС зборува се тотална измислица и фабрикација на нивната кујна за лаги и манипулации. Лагите и манипулациите се најсилното оружје на СДС, таму најдобро се снаоѓаат во недостаток на конкретни политики“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. ...
Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Европа, Алексис Гринкевич, изјави дека операцијата „Источна гарда“ е долгорочна иницијатива која ќе бара континуирана поддршка од земјите-членки на Алијансата. Во интервју за „Ле Монд“, Гринкевич нагласи дека земјите-членки веќе придонесоа за операцијата и дека наскоро ќе се приклучат и други земји кои моментално не се вклучени, објави Интерфакс. Гринкевич нагласи дека Алијансата ќе ги има ...
Фудбалерите на Башкими и Вардар во понеделник ќе го затворат осмото коло од новата сезона во Првата македонската фудбалска лига, во натпревар кој што ќе се одигра во Куманово. Врз основа на писменото барање од страна на Kомисијата за Hатпреварување, Фудбалската Федерација на Македонија токму овој дуел го прогласи со голем ризик. „Ве молам во врска со првенствениот натпревар да преземете мерки согласно вашите овластувања. Клубовите да ги ...
Европа и САД ќе работат заеднички за да ги вратат дома исчезнатите деца од Украина и да ја ублажат нивната тешка положба, изјави доцна синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк. „Имав добра дискусија со претседателот Трамп на маргините на Генералното собрание на ОН. Разговаравме за агресијата на Русија врз Украина. Се согласивме за потребата од брзо ...
Тренерот на Тотенхем, Томас Франк се залага англискиот репрезентативец Хари Кејн да се врати во Тотенхем. Тој е играч на Баерн Минхен, а се шпекулира дека во неговиот договор постои клаузула за која имаат право да го откупат за 57 милиони на крајот од сезоната. Со тоа се разгори мечтата на фановите на Тотенхем да го вратат назад својот некогашен прв голгетер, кој сега е одличен во Баерн Минхен. Неколкупати имаше шпекулација за негово враќање ...
Им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец, не знаејќи што навистина си, му одговори градоначалничката Данела Арсовска на премиерот Христијан Мицкоски чија партија ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа за кандидатка за градоначалничка на Локалните избори 2021. Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за натрупаното ѓубре во Скопје, кажа дека досега десет пати се извинил што ја поддржал кандидатурата на ...
Народна банка не ги утврдува каматите и стапките на кредитите и одлуката е објавена во Службен весник. Банките имаат цели два и пол месеци за подготовка и очекуваме да се придржуваат на таа одлука од аспект на тоа што е во надлежност на Народна банка во регулирањето на учеството во однос на месечната рата на кредитот и она ограничување што се однесува на висината на сопственото учество и вредноста на имотот којшто станува залог, истакна ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска во Обединетите нации во Њујорк, ќе има средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Како што јави известувачот на МИА, средбата е во рамки на работната посета на претседателката на САД и учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на ОН, на кое обраќање ќе има во текот на утрешниот ден. По средбата со Гутереш, Сиљановска – Давкова, во Постојаната мисија на ЕУ во Њујорк, ќе ...
Листата на лекови ќе биде ревидирана два пати годишно и ќе имаме нови лекови. При крај е една од процедурите и се надевам дека набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција. Тој посочи дека веќе има прв чекор, има нов информациски електронски модул „Систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови” и преку него ќе се ...
Светската здравствена организација (СЗО) денес изјави дека во моментов нема убедливи научни докази што ја поддржуваат можната врска помеѓу аутизмот и употребата на парацетамол за време на бременоста. Во соопштението на СЗО, објавено од Ројтерс, се наведува дека во моментов не постои конзистентна врска помеѓу аутизмот и употребата на парацетамол. Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно го поврза аутизмот со употребата на вакцини во ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека чувствува одговорност што на минатите локални избори ја поддржал актуелната скопска градоначалничка Данела Арсовска. Мицкоски ова го кажа како одговор на новинарско прашање за тоа дали се чувствува одговорен за хаосот со ѓубрето во Скопје. Прашањето поточно гласеше „дали се чувствува одговорен за екоцидот што му се случува на градот“. Мицкоски не даде одговор, туку наместо тоа повика „невладините ...
Уставниот суд на денешната 20. седница ќе ги разгледува предметите за Одлуката на Владата со која се утврдува бројот на членовите на советите на општините. За оваа точка се поднесени три инцијативи. Првата е поднесена од Скендер Реџепи кој наведува дека оспорената одлука создава правна несигурност, бидејќи според него, Владата без законско овластување ја донела Одлуката со која е утврден бројот на членовите на советите во општините. Во ...
По срамната одлука за докторката од Онкологија треба да се стави крај на судството кое функционира во полза на дружината предводена од Филипче, а не се грижи за основните човекови права, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава: „Судството секојдневно само вади докази во јавноста дека работи исклучиво по насока на Зоран Заев и неговата дружина, во која е Венко Филипче и дел од раководството на СДС. Последен во низата докази е ...
Се надевам дека дел од приватните високообразовни установи кои навистина не ги исполнуваат условите самите ќе пристапат кон затворање, ако не ние ќе ги затвориме – изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска еден ден откако МОН привремено го затвори приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје. Говорејќи за Факултетот за бизнис економија, кој постои од 2011 година, Јаневска рече дека функционирал релативно добро до 2022 ...
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која меѓудургото ќе се одржи жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025. Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември. На изборите ќе учествуваат речиси ...
Дел од патот се урна утрово пред болницата Ваџира во главниот град на Тајланд, Бангкок. Дупката беше долга 30 метри, широка 30 метри и длабока 50 метри. За среќа, никој не е повреден, објави „Бангкок тајмс“. Soil rushing into an underground subway tunnel, possibly triggered by a burst water pipe, is being investigated as the cause of a massive road collapse on Samsen Road in Bangkok’s Dusit district, which forced the evacuation of Vajira ...
Паралелно со пристапните процеси на кандидатите за членство во ЕУ, самата Унија мора да ги спроведе неопходните внатрешни реформи со што ќе стане поинтегрирана, поефикасна и подемократска, помалку ќе се придржува до консензусот при носење и ќе обезбеди посилна улога на Европскиот парламент. Ова се наведува во Извештајот за институционалните последици од преговорите за проширување на ЕУ, што синоќа го усвои Комитетот за уставни прашања на ...
Арапските земји повикаа на итен прекин на она што го нарекуваат геноцидна војна на Израел во Појасот Газа, која е на прагот да влезе во втората година. Кувајскиот престолонаследник, шеикот Сабах Халед Ал-Хамад Ал-Сабах, зборувајќи во име на земјите од Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ), на отворената седница на Советот за безбедност на ОН, изјави дека состанокот се одржува во време на едно од најтемните поглавја од трагедијата во Газа. ...
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги блокираа реформите во судството а со тоа и правдата во Македонија. Мицкоски одби да ги донесе неопходните реформски закони и покажа дека нема никаква намера за независно судство туку само едно, заробено и послушно судство, под диктат на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ. Во него се додава: „За 2025 година беа предвидени вкупно 12 закони, од нив, во Собранието не е поднесен ниту еден. Наместо ...