Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на територијата на Северна Македонија во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, биле регистрирани вкупно 29 пожари на отворено. Од нив, три се активни, три се под контрола, а 23 се веќе изгаснати. Активен пожар има во Општина Гевгелија, на планината Кожуф каде гори букова шума. Се уште гори и во Општина Македонски Брод, над селото Бенче, на планината Добра Вода, каде пожарот има зафатено ...

Полскиот претседател Карол Навроцки синоќа, во своето обраќање на првиот ден од дебатата на Генералното собрание на ОН, изјави дека неговата земја ќе биде подготвена да ја брани својата територија, по неодамнешните упади на руски беспилотни летала во воздушниот простор на членките на НАТО и ЕУ. „Полска секогаш ќе реагира соодветно и е подготвена да ја брани својата територија. Полскиот народ и земјите од Централна и Источна Европа нема да се ...

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, синоќа го посети скопското село Страчинце, каде што се сретна со жителите на ова населено место, кои протестираат против започнувањето со работа на каменоломот во нивната близина. Меџити, информираат од неговиот кабинет, ги информираше жителите дека министерството со кое раководи донело негативна одлука за барањето за отворање каменолом во регионот на ...

Рехабилитацијата на Ламин Јамал поминува подобро од очекувањата и тој ќе се врати во тимот за неделниот натпревар против Сосиедад. Многу веројатно на тој меч нема да биде дел од стартната постава, но ќе добие минути во второто полувреме, како загревање за она што следува – дуелот со ПСЖ во Лигата на шампионите идната недела. Јамал сезонава одигра само три од шесте досегашни меча на Барселона, последниот од нив пред репрезентативната пауза, ...

Семејството на починатата Теодора Ристовска е незадоволно од одлуката на Апелацискиот суд во Гостивар, кој ја потврдил пресудата на Основниот суд во Тетово со која Менсур Пајазити е осуден на две години затвор за смртта на девојката. Во писмо до јавноста, семејството Ристовски ја оценува пресудата како „срам за правдата“ и „подбив“ за животот на нивната 22-годишна ќерка. Тие истакнуваат дека наместо вистинска правда, добиле „минимализирање ...

Еурофарм Пелистер соопшти дека сите влезници за денешниот натпревар против данскиот тим ГОГ Гудме, се целосно распродадени, а во Битола владее голем огромниот интерес за овој важен натпревар. Се очекува неверојатна атмосфера во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, а Гудме ќе биде на мака во салата со единствен ракометен амбиент, а на ова ќе ја додадеме и прославата на 40 години “Чкембaри“. Победа против ГОГ Гудме би значела нови ...

Супер тајфунот Рагаса, најмоќниот тропски циклон во светот за оваа година, денеска стигна до Хонгконг со силни ветрови со сила на ураган и обилни поројни дождови, пренесува Ројтерс. Тајван од понеделникот е погоден од Рагаса, што резултираше со смрт на 14 лица, а за исчезнати се водат над 100 лица. Super Typhoon Ragasa is expected to make landfall in China after bringing torrential rain and damaging winds to parts of Taiwan and the ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина и други земји ѝ понудиле на Русија разговори на лидерско ниво, вклучително и во Казахстан, објави „Фокс њуз“. Во интервју за „Фокс њуз“, украинскиот претседател рече дека е подготвен да се сретне со лидерот на Кремљ Владимир Путин, каде било – но не во Москва, како што претходно предложи рускиот претседател. „И тимот на Трамп, мојот тим, Европејците, вклучувајќи го Макрон и ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). „Минималната температура ќе биде од 7 до 14 степени, а максималната од 28 до 33 степени“, велат оттаму. И во Скопје ќе биде топло со мала облачност. „Минималната ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 33 степени“, пишува во прогнозата на синоптичарите. Во четврток ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се обрати на 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Трамп, кој пристигна во ОН во придружба на неговата сопруга Меланија, на почетокот од својот говор рече дека поминале шест години откако последен пат се обратил на Генералното собрание на ОН. Тој веднаш ја критикуваше претходната американска администрација, обвинувајќи го својот претседателски претходник Џозеф Бајден за ...

Граѓаните треба да знаат дека суштинската реформа што се бара за судиите и обвинителите е како да се зголеми нивниот буџет. Имам дилема дали и овие плати што ги земаат тие ги заслужуваат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. – Сакам граѓаните да знаат дека сите оние таканаречени експерти кога излегуваат и кога ја критикуваат Владата за застој во реформите во обвинителството и во судството, ова е суштинската реформа – како да се ...

Доколку барате здрава алтернатива за кафето која ќе ве разбуди без несакани нуспојави, цикоријата би можела да биде идеалното решение. Овој древен напиток, кој се добива од коренот на растението крес (Cichorium intybus), со векови се користи како замена за кафето, а денес доживува вистинска ренесанса поради многубројните здравствени придобивки. Цикоријата има богат вкус кој потсетува на кафе, со мала нота на јаткасти плодови. Кога коренот на ...

Шпанската влада во вторник одобри „тотално“ ембарго за извозот на оружје кон Израел, дел од пакет мерки насочени кон запирање на она што премиерот Педро Санчез го нарече „геноцид во Газа“. Со декретот се забранува целиот извоз во Израел на одбранбен материјал и производи или технологии со двојна употреба, како и увозот на таква опрема во Шпанија, изјави министерот за економија Карлос Куерпо на прес-конференција. Со декретот, исто така, се ...

Луѓето кои се со прекумерна тежина или благо дебели можат да бидат „дебели, но здрави“, додека недоволната тежина и тешката дебелина значително го зголемуваат ризикот од смрт, открива нова студија. Неодамнешните истражувања ги предизвикуваат традиционалните разбирања за телесната тежина и смртноста. Податоците од десетици илјади дански учесници, презентирани на годишниот состанок на Европската асоцијација за проучување на дијабетесот (EASD) ...

Компанијата на Маск, Neuralink, сака да нè донесе еден чекор поблиску до „читање мисли“ со имплант на мозок, па во октомври ќе започне ново клиничко испитување под надзор на Федералната администрација за храна и лекови на САД (FDA). Целта на Neuralink е да им овозможи на луѓето да размислуваат за тоа што сакаат да кажат, а системот за „превод на мисли“ ќе го препознае ова за да може да напише или изговори што сакате да кажете, но поради ...

Flytrex е еден од операторите на дронови зад доставата со дрон на Walmart и веќе доставува храна во некои делови од САД. Тој е еден од четирите даватели на услуги одобрени од Федералната администрација за воздухопловство (FAA) за операции надвор од визуелната линија на видливост (BVLOS), во кои пилотите не можат директно да го видат авионот со кој летаат. Партнерството, велат компаниите, ќе им овозможи на корисниците на Uber Eats да примаат ...

Верувам дека оваа година е намалена системската корупција во голема мера, дали е уништена – не, но верувам дека од година во година бројките и оние скалила кои што нè мерат, верувам дека Македонија само ќе напредува, рече в.д. директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов во одговор на новинарско прашање поврзано со системската корупција во затворите ширум земјава. По денешната Меѓународна научна конференција во организација ...

Пазарниот инспекторат редовно прави анализа на цените, поврзани со основната егзистенција на една просечна македонска фамилија. Мислам дека цените се веќе стабилизирани и имаат мал пад надолу. Ако видиме дека има непазарно однесување од страна на одредени трговци, производители или дистрибутери, Владата ќе биде спремна со мерки што ќе значат и некое ограничување на цени. Ова го истакна денеска заменик министерот за економија и труд, Марјан ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава, изнесува 45 276 денари и е за 10.5 отсто повискока од истиот месец лани, соопшти Државнииот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.5 %, Образование за 15.0 % и Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.8 %. ...

Помина цел месец од почетокот на учебната година, а учениците и понатаму немаат учебници. Власта ветуваше дека секој ученик од 1 септември ќе има учебник, септември одминува а власта излажа, учебници нема, се вели во соопштението од СДСМ во кое се пренесува прес-конференцијата на портпаролката на СДС Богданка Кузеска. Во него се додава: Уште една голема лага на ВМРО-ДПМНЕ и Јаневска. Лага која директно ги погодува децата, учениците и ...

Учебници има, а СДС упорно продолжуваат да лажат. СДС да престане да се резили со вакви празни фрази. Кога веќе излегуваат на прес-конференции и се брукаат со вакви тези, барем нека кажат кој учебник, според нив, фали, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во реакцијата се додава: Учебници има и наставата се одвива во најдобар ред, а со СДС на власт седум години, ниту еднаш, како на почеток на учебната години, така и во текот на целата, ...

Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци, од повеќе страни и на повеќе полиња. Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, но повторно не сакаше да сподели повеќе информации за јавноста во врска со истрагата. Инаку, прашањето дали земјава е цел на хибриден напад се наметна во последниот период по неколкуте пожари на депонии во главниот град, за кој претставници на власта излегоа со ...

Шведскиот министер за одбрана, Пал Јонсон, денеска (23 септември) ја повика Европа да ги зголеми подготовките за можен вооружен конфликт, поради заканата што ја претставува Русија. „Мораме да усвоиме нов европски начин на размислување – да преминеме од менталитет на мир кон подготвеност за војна“, рече Џонсон во Берлин, пред средбата со својот германски колега Борис Писториус, пренесува ДПА. Џонсон предупреди дека Русија масовно се вооружува ...

Подобрувањето на хуманитарната ситуација на Газа на што постојано работиме, не зависи од признавањето на Државата Палестина, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Кала,с по средбата на шефовите на дипломатиите на Унијата со нивните колеги од Бразил, Индија и Мексико, што се одржа синоќа (22 септември) во Њујорк. „Сите европски земји го поддржуваат решението за две држави. Значи, за да имаме две ...

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, денеска (23 септември) ќе се сретне со лидери и претставници од неколку земји со муслиманско мнозинство за да разговараат за ситуацијата во Газа, која се соочува со зголемена офанзива од сојузникот на Вашингтон, Израел. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Трамп ќе одржи мултилатерален состанок со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Египет, Јордан, ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави можност за потпишување меморандум за соработка на МВР со Факултетот за безбедност, но и останати факултети како Правниот, Економскиот…кои имаат допирни точки со областа на безбедноста, со цел на најдобрите студенти да им се овозможи влез во државните институции чиј делокруг на работа е безбедноста, кои, како што рече треба да бидат темел на една држава. -Ние имаме многу добра соработка ...

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес ги отфрли обвинувањата против Русија за наводна вмешаност во инциденти со беспилотни летала, нарекувајќи ги „неосновани“. „Секој пат кога изнесуваат неосновани обвинувања, искрено, тоа води до тоа таквите изјави повеќе да не се земаат предвид. Бидејќи секој пат слушаме неосновани обвинувања. Можеби страната што зазема сериозна, одговорна позиција не треба да изнесува такви неосновани ...

НАТО ја предупреди Русија да престане да го загрозува воздушниот простор на своите земји-членки, велејќи дека тоа ризикува погрешна пресметка и загрозување на животите. Во исто време, НАТО нагласи дека Членот 5 од Вашингтонскиот договор, кој предвидува колективна одбрана, е „јак како челик“. Пораките беа испратени во посебна изјава од Северноатлантскиот совет на НАТО по уште еден состанок свикан на барање на Естонија согласно Член 4 од ...

По успешниот настап оваа година и промоцијата во Втората Светска група од Дејвис купот, Македонија денеска го доби првиот ривал во ова натпреварување во 2026 година. Тоа е репрезентацијата на Кипар, која ќе биде домаќин. Термин за одигрување на мечевите е 6 и 7 февруари или 7 и 8 февруари 2026 година. Македонскиот тим беше рангиран во групата на неносители, додека нашиот противник беше рангиран како 13. носител од исто толку тимови. Ова ...

Во сушниот северна Кина, десетици работници ги кастрат грмушките од гоџи бобинки кои се шират под заштитната сенка на илјадници соларни панели. Фабриката од 1 гигават (GW) во северозападниот регион Нингсија е дел од мрежа што ги опфаќа северна и западна Кина и ја користи сенката на сончевите панели за да помогне во спречувањето на опустинувањето. Баофенг, сопственикот на фабриката, планира да изгради вкупно 30 GW соларна енергија, од кои дел ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
28%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.63
39%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
33%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
40%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
7.68
41%
1013
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.89
29%
1016
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.58
46%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
32%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
32%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 19ᴼ
4.63
36%
1010
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
7.2
40%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
67%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Бакар

12.07

Злато

166450.52

Паладиум

47416.53

Калај

50.49

Сребро

2840.84

Родиум

326330.08

Цинк

3.45

Платина

63947.83

Алуминиум

3.62

Иридиум

253540.09

Рутениум

53788.20

Кобалт

45.39