На денешен ден, во 1925-та година, во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња, млада македонска партизанка во НОВ. Невена Николова Георгиева-Дуња (25 јули 1925 во Скопје — 16 декември 1942 во Нежилово) – македонска комунистка, припадничка на младинското, синдикалното и работничкото движење меѓу двете светски војни, учесник во НОВ од 1941 година. Со своите 16 години била најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред и прва жена ...

Со само 16 години, Невена Георгиева - Дуња го испишала своето име во македонската историја како најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред и првата жена борец во партизанските единици во Македонија. Родена на 25 јули 1925 година во Скопје, таа уште како тинејџерка активно се вклучила во Народноослободителната борба, оставајќи траен белег во антисафиштичкиот отпор. Во септември 1942 година станала борец на Велешкиот партизански ...