Советот за безбедност на ОН би можел да направи уште еден чекор кон повторно воведување санкции врз Техеран поради неговата нуклеарна програма. Советот денеска треба да гласа за нацрт-резолуцијата во 10 часот наутро (16 часот по средноевропско време). Доколку резолуцијата за трајно укинување на санкциите не успее – или затоа што не ги обезбеди потребните девет гласови во 15-члениот совет или биде ставена вето – санкциите на ОН воведени од 2006 ...

Последниот случај со фемицид во Велесп покажа целосна неспособност на власта да обезбеди заштита на најважното – човечкиот живот. За сите пропусти на институциите, мора да има политичка и кривична одговорност, се наведува во соопштението од СДСМ. Во текстот се додава: Министерот Панче Тошковски мора веднаш да поднесе оставка затоа што се покажа неспособен да ја гарантира сигурноста и безбедноста на граѓаните, особено на жените и децата. Наместо ...

Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години. Димова треба да плати судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци да ја надомести и штетата од 22 725 220 денари на Националната ...

Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, синоќа најави дека првата генерација ќе служи задолжителен воен рок почнувајќи од јануари. Тој истакна дека српската армија подготвила над 120 утврдени простории за таа намена. – Процесот не е лесен ниту евтин – рече Гашиќ, додавајќи дека Министерството веднаш почнало со подготовка на сите законски и подзаконски акти потребни за да се овозможи ова да влезе во сила. Според плановите, на есенската ...

Хеликоптерот во кој беа американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија мораше да изврши итно слетување. Според првичните извештаи, „мал хидрауличен проблем“ го принуди да слета во Велика Британија пред да замине за САД. Керолајн Левит, портпаролка на Белата куќа, даде изјава за ова прашање. „Поради мал хидрауличен проблем и како мерка на претпазливост, пилотите слетаа на локален аеродром пред да стигнат до аеродромот ...

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини САД дека се обидуваат да инсталираат марионетски режим во земјата со цел да ги запленат нејзините природни ресурси. „Развиен е империјален план за промена на режимот во Венецуела со цел да се инсталира марионетска влада на САД и да се украдат нашите најголеми резерви на нафта во светот, четвртите најголеми резерви на гас во светот и првите резерви на злато“, рече Мадуро на телевизискиот канал ...

Илјадници луѓе во Берлин се принудени да ги евакуираат своите домови откако во вчера во реката Шпре беше пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна, која ќе биде отстранета денес. Полицијата постави безбедносен периметар од 500 метри во густо населена област на градот, соопшти берлинската полиција на мрежата X. Како дел од евакуацијата, полициски екипи ги обиколија куќите и становите за да ги предупредат жителите дека мораат ...

Францускиот претседател Емануел Макрон, во интервју за израелска телевизија, ја бранеше својата одлука да признае палестинска држава велејќи дека тоа е најдобриот начин да се изолира Хамас. Тој остро ја осуди новата офанзива во Газа велејќи дека таа целосно го поткопува кредибилитетот на Израел. „Признавањето палестинска држава едноставно значи давање цврста изјава дека легитимната перспектива на палестинскиот народ и она што денес тој го трпи ...

Германија ќе одлучи дали да ги поддржи најавените санкции на ЕУ кон Израел пред неформалниот состанок на земјите-членки на ЕУ во Копенхаген во октомври, изјави синоќа германскиот канцелар Фридрих Мерц за време на посетата на Шпанија. Во разговор со шпанскиот премиер Педро Санчез, Мерц рече дека потезите на Израел во Газа се непропорционални на неговите најавени цели и нагласи дека за Германија, признавањето на палестинската државност во моментов ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити, денеска го претстави еден од најважните проекти за јавната безбедност на граѓаните, изградбата на Територијалната противпожарна станица во срцето на оваа општина, стои во соопштението на Коалиција ВЛЕН. Во текстот се додава: „Во своето обраќање, Меџити истакна дека овој проект не е луксуз, туку животна потреба, со цел справување со сè почестите ризици од пожари, како ...

Иако ПСВ средата доживеа неочекуван пораз од белгиски Ројал Унион со 1-3 во натпревар од Лигата на шампионите, овој натпревар ќе го памети 21-годишниот Рубен ван Бомел. Талентираниот офанзивец, син на поранешниот репрезентативец и легенда на холандскиот фудбал Марк ван Бомел, го постигна единствениот погодок за својот тим во финишот од средбата и тоа беше негов прв во елитното европско натпреварување. Интересно е што токму во истиот месец ...

Француската фудбалска икона и легенда на Манчестер Jунајтед, Ерик Кантона ја спореди ситуацијата на Русија и Израел и смета дека ФИФА и УЕФА неправедно постапуваат. Кантона го дели мислењето на многумина, но французинот е познат по тоа што секогаш е без влакно на јазикот, па така беше и сега. „Четири дена откако Русија ја почна војната во Украина, ФИФА и УЕФА ја суспендираа. Ние сега сме 716 денови во она што Амнести Интернешенал го вика ...

Стојам комплетно зад тоа што го кажав во врска со злоупотребите при кардиохируршки интервенции. Тоа го имам кажувано многупати и порано, пред други здравствени авторитети. Овој пат покрена лавина на реакции, јавноста многу се наелектризира, што е исправно. Основната моја мотивација за сето ова е да расчистиме со неправилностите таму каде што можеме, изјави кардиологот Сашко Кедев, кој недамна излезе јавно со тврдења дека се прават непотребни ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека телевиските мрежи што известуваат негативно за него би можеле да ги изгубат лиценците за емитување, пренесува Си-ен-ен. Со тоа, тој ја поддржа одлуката на американската радиодифузна регулаторна комисија за суспензијата на водителот на Еј-би-си њуз, Џими Кемел поради неговите коментари за убиството на политичкиот активист Чарли Кирк. На оваа тема Трамп зборуваше, одговарајќи на новинарско прашање ...

ДУИ ја стави Струга на продажба, здружувајќи се со Левица на Апасиев за да ја спречи победата на Менди Ќира, се наведува во денешното соопштение на ВЛЕН. Во текстот се додава: Кандидатурата на Мојсовска е срамна зделка, наместена за да се одржи во живот една скапана власт што стружани ја отфрлаат. Ова не е прв пат ДУИ да се ценка со Левица: од Скопје и Велес, до споменикот на Андон Лазов Ќосето во средината на главниот град, секој пат кога ...

Ведро и посвежо утро, а преку ден сончево и топло со температури од 23 до 30 степени. Ова е прогнозата времето во текот на денешниот ден на синоптичарите на Уравата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура, пак, ќе се спушти до 4 степени. И во Скопје ќе биде сончево, со повремено засилен ветер од северен правец. И следните денови се очекува времето да биде сончево и топло, со посвежи утра и постепен пораст на дневната ...

Во стратосферата над Северниот Пол веќе се развива нов поларен вртлог, предизвикан од опаѓање на температурите и притисокот во поларните региони. Како што напредува есента, намалувањето на сончевата енергија предизвикува значително ладење на поларната стратосфера, создавајќи силна температурна разлика помеѓу ладните поларни региони и потоплите суптропици. Оваа разлика предизвикува голема циркулација со низок притисок, позната како поларен ...

Сигурни сме дека повеќето од вас имаат еден омилен шампон што го сакаат и го купуваат одново и одново, но според најновите сознанија, експертите за нега на коса нагласуваат дека е најдобро да ги менувате шампоните или да имате еден без сулфати и еден со сулфати во вашата неделна (или прилагодена) рутина. Звучи интересно, а бидејќи самото споменување на сулфатите често се слуша како лоша состојка што треба да се избегнува по секоја цена, важно е ...

Наставници, транспортни работници, болнички персонал, фармацевти и вработени во јавниот сектор штрајкуваа во Франција, додека синдикатите прават ретка демонстрација на единство за да извршат притисок врз новиот премиер, Себастијан Лекорну, да ги преиспита буџетските намалувања и да дејствува во однос на платите, пензиите и јавните услуги, објави Гардијан. Се очекуваше околу 800.000 луѓе да се приклучат на маршевите низ целата земја во четврток, ...

Граѓани денеска попладне се собраа пред зградата на Министерството за внатрешни работи (МВР) во Скопје поради, како што велат, колективниот крах на системот кој дозволува да се случува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди. Иницијатори за овој протест се неколку невладини организации, а повод е убиството на 31-годишната велешанка Росица Коцева и нејзиниот татко од страна на нејзиниот поранешен партнер, кој потоа се самоуби. ...

Премиерот Христијан Мицкоски не ја слушнал изјавата на српската министерка за труд, вработување, боречка и социјална политика, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски во која на одбележувањето на годишнината од битката на Кајмакчалан рече дека знамето на српското единство се вее секаде каде живее српскиот народ. „Искрен да бидам, не сум ја слушнал, сега првпат слушнав од вас и велам дека е за осуда. Ако сум ја слушнал ќе сум реагирал“, рече Мицкоски во ...

Јас единствено може да го кревам рејтингот на коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ ја споменуваме само по криминалите генерирани од високите функционери на таа партија, рече во вечерашното гостување во централниот дневник на Алсат премиерот Христијан Мицкоски. Запрашан дали со постојаното споменување на ДУИ го крева рејтингот на таа партија Мицкоски рече: „Мораме да го споменеме ДУИ за да се потсетиме на наследството од ДУИ во ...

Имаме основано сомневање кој може да биде инспиратор за сето ова што се случуваше, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување во централниот дневник на телевизија Алсат. Како што рече, тој не би сакал да изнесува детали за влијанија од надвор, но откри дека во земјава има основани сомневања за девијантно поведение за група од 20 лица. „Не би коментирал од каде и како, географски, но она што го кажувам го кажувам врз основа ...

Децата и младите многу време поминуваат во дигиталниот свет, неопходно е да се зголеми свеста и да бидат безбедни, беше кажано на денешната трибина „Заштита на децата од онлајн сексуална злоупотреба и материјали поврзани со сексуална злоупотреба на деца CSAM“, организирана од првата детска амбасада во светот, „Меѓаши“. Притоа беше подвлечено дека станува збор за еден од најсериозните предизвици на дигиталната ера. Драги Змијанац, претседател и ...

Полицијата веќе два дена трага по сторителот кој го предизвика големиот пожар во сервисот за возила кај Пинтија. Огнот зафати повеќе автомобили, масло и други запаливи материјали, при што беше предизвикана голема материјална штета. Денеска, два дена по пожарот, сопствениците на сервисот и работници ги расчистуваа опожарените автомобили и остатоците од нив. Во населбата Стаклара за трагичниот пожар којшто се случи во вторникот никој не сака да ...

Словачка и Унгарија изразија противење на барањето на американскиот претседател Доналд Трамп европските земји да го намалат увозот на руска нафта и гас сè додека ЕУ не обезбеди соодветни извори на енергија, објави Блумберг. Словачката министерка за економија Дениса Сакова изјави дека пред какво било намалување на увозот на руска енергија, прво треба да се воспостави потребната инфраструктура за алтернативни енергетски правци. „Пред да можеме ...

Главниот преговарач на Катар, Мохамед ал-Кулаифи, денеска (18 септември)се сретна со претседателката на Меѓународниот Кривичен суд (МКС), судијката Томоко Акане во Хаг, во обид да ги искористи „сите достапни правни и дипломатски патишта за да се обезбеди одговорност за нападот на Израел врз Катар“, изјави катарскиот официјален претставник за агенцијата АФП. Смртоносниот израелски напад од минатата недела ги таргетираше лидерите на палестинската ...

Руската државна Дума усвои закон за повлекување од Европската конвенција за спречување на тортура, со што формално завршува меѓународната обврска за зачувување на човековите права, која речиси целосно престана да има некаков ефект во таа земја. Овој потег го предложи претседателот Владимир Путин претходно овој месец, во уште еден симболичен чекор на Москва во отстапувањето од меѓународните норми. Иако Русија е членка на конвенцијата од 1997 ...

Европскиот комесар за клима, Вопке Хоекстра, ја бранеше улогата на Европската Унија во борбата против климатските промени, и покрај одложувањето на две клучни одлуки. „Продолжуваме да бидеме меѓу апсолутно најамбициозните на глобална сцена“, рече тој, пристигнувајќи на состанокот на министрите за животна средина на ЕУ во Брисел на 18 септември. Земјите од ЕУ не беа во можност да се договорат за обврзувачки придонес кон целите на Обединетите ...

Италијанскиот парламент ја усвои рамката на новиот закон за вештачка интелигенција, со кој дистрибуцијата на слики или видеа генерирани од вештачка интелигенција без согласност на прикажаните ќе се казнува со затвор до пет години. Мерката, која беше поддржана од двата дома на парламентот (вклучувајќи го и конечното гласање од 77-55 во Сенатот доцна на 17 септември) е насочена кон поединци и компании кои дистрибуираат фотографии или видеа ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1022
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
72%
1023
weather icon

Загреб

11ᴼ / 5ᴼ
0.51
79%
1023
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.56
65%
1022
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
89%
1024
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
76%
1020
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1020
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
82%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
83%
1022
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
0.45
68%
1022
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
82%
1020
Currency

61.6217

Currency

53.2837

Currency

71.0141

Currency

34.5878

Currency

37.9087

Currency

66.2906

Currency

7.47266

Currency

0.65514

Currency

0.35036

Currency

0.52595

Currency

1.27131

Currency

0.60043