Повредени се двајца граѓани и шест припадници на полицијата, информира Министерството за внатрешни работи на Србија Десетици лица се приведени во инцидентите што се случија вчера по протестот во центарот на Белград, соопшти директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ. На прес-конференција тој информираше дека повредени се шест полицијаци и двајца граѓани кои биле примени во Ургентниот центар. Полицијата според него постапила професионално, ...
Таблоидот Билд со наслов во свој стил: „Како на раб на граѓанска војна“. Понатаму пишува за протестите: „Солзавец, шок бомби, апсења, повредени – а претседателот игра шах“, алудирајќи на демонстративната објава на Александар Вучиќ на Инстаграм за време на протестите за Видовден. Заедно со фотографија од себе покрај шаховска табла, тој напиша дека во моменти на релаксација сака да игра шах. Се истакнува дека Вучиќ решително го отфрлил барањето за ...
Според српските медиуми, повеќе граѓани беа приведени утрово (30 јуни) по вчерашните протести во Белград. Според медиумите, полицијата ги отстрани сите блокади на протестите на патиштата во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија (МВР). Полицијата ги отстрани барикадите и во други градови, каде што демонстрантите ги поставија на десетици локации претходната вечер (29 јуни) – како форма на „граѓанска непослушност“ по ...
Камења и палки од една, солзавец од друга страна. Белград ја преживеа пеколната ноќ, за среќа без жртви како што рече, српскиот претседател Вучиќ, по судрите кои избија по студентскиот протест и повиците за насилства. Протестот на кој според организаторите присуствувале 140 илјади граѓани а според полицијата само 36 илјади започна уште во 18 часот а кулминацијата на насилството се случи околу 22 часот откако наводно се слушнал глас земете ја ...
Десетици демонстранти се приведени, додека шест полицајци и двајца граѓани се повредени синоќа откако полицијата интервенираше по официјалниот крај на масовниот студентски протест во центарот на Белград, од кој беше повторено барањето за предвремени избори. Неколку минути пред 22 часот, студентите го објавија крајот на нивниот дотогаш мирен протест, на кој, според Архивата на јавни собири, учествуваа околу 140.000 луѓе. Препорачано Директорот ...