Без Украина нема да има траен мир. Таков мировен договор ќе биде само примирје до нов воен конфликт, оценуваат украинските претставници. И додека САД и Русија поставија основа за мировни преговори, европските сојузници предупредуваат дека мирот мора да биде траен и во него да бидат вклучени и Киев и ЕУ. Македонија ќе продолжи со поддршка на Украина и нејзиното право на одбрана. Од почетокот на војната, Македонија е еден од најголемите ...

Со протестни маршови, од Атина до Барселона, преку Тајпеј до Вашингот илјадници луѓе изразуваат солидарност и поддршка на Украина. Во предвечерјето на евентуалниот мировен договор, велат дека цената може да биде превисока ако Украина остане надвор од преговорачката маса. -Пред три години беше последниот ден на мир за мене, последен на мирен живот и од тогаш се се промени. Следниот ден на 24 февруари во 4 по полноќ, јас живеам во Харкив, живеев ...