Голем топлотен бран низ јужна Европа ги покачи температурите над 40 степени Целзиусови во неколку земји, вклучувајќи ги Италија, Шпанија и Грција, а локалните власти издадоа предупредувања за ризикот од шумски пожари. Експертите ја поврзуваат зголемената фреквенција и интензитет на топлотните бранови со климатските промени и предупредуваат дека ваквите екстремни временски настани стануваат сè почести во јужниот дел на Европа. Силни топлотни ...
Македонија денеска е зафатена од екстремно топол бран, со температури кои во голем дел од земјата достигнаа и над 40 степени Целзиусови. Највисоки температури се измерени во јужните и југоисточните региони, каде жителите се соочуваат со вистински тропски жештини. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, најтопло беше во Гевгелија и Демир Капија, каде термометрите покажаа дури 42 степени. Во Скопје и околината температурите се ...
Европејците се подготвуваат за најтоплиот јули досега. Метеоролозите предупредија дека топлинската купола го носи најинтензивниот топлотен бран годинава во Западна Европа. Во Франција се очекуваат температури до 43 степени, а ќе гори и на Балканот. Кај нас, според прогнозите, најизразено „влијание“ куполата ќе има во четврток и во петок, на 3 и 4 јули, кога се очекуваат дневни максимуми околу 40 Целзиусови степени, најавува српскиот метеоролог ...
Македонија во наредните денови ќе биде под влијание на нов топлотен бран кој ќе донесе стабилно, сончево и многу топло време, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од УХМР посочуваат дека од утре температурите ќе бидат во постепен пораст, што ќе биде особено изразено од четврток и во текот на викендот. Во повеќето места низ земјава максималните дневни температури ќе надминат 30 степени Целзиусови, а во поединечни региони ќе ...
Франција, Италија, Португалија и Шпанија со денови се борат со жежок топлотен бран, при што температурите на некои места достигнуваат 44 степени Целзиусови. „Ова е без преседан“, рече Агнер Пание-Рунашер, министерка за животна средина и транзиција на Франција, бидејќи рекордни 84 од 96 континентални департмани во земјата беа ставени на второ највисоко ниво на тревога за топлина. Само во мал дел од земјата на северозапад не беше жешко, според ...
Граѓаните низ државата денеска ги очекува уште еден екстремно жежок летен ден. Според најавите од метеоролозите, понеделникот ќе биде претежно сончев со дневни температури кои на места ќе достигнат и до 36 степени Целзиусови. Сончевото време ќе биде проследено со слаб до умерен северозападен ветер, но неговото влијание нема значително да ја намали топлината. Минималните утрински температури ќе се движат околу 18 степени, додека највисоките ...