Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) треба да одржи итна седница утре по одлуката на Израел да „ја преземе контролата врз градот Газа“, што предизвика широка осуда. Според информациите до кои дојде денес Анадолу, итна седница е побарана од постојаните мисии на Велика Британија, Данска, Франција, Грција и Словенија. Дипломатски извори изјавија дека состанокот е поддржан од сите членови на Советот за безбедност, освен Панама, која е ...

Советот за безбедност на ОН свика итна седница за недела на која ќе се дискутираат плановите на Израел за заземање и окупирање на градот Газа. Планот, кој беше одобрен од безбедносниот кабинет на Израел во петокот, предизвика меѓународен бес. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го нарече „опасна ескалација“ во 22-месечната војна во Појасот Газа. Европските членки на Советот за безбедност - Данска, Франција, Грција, Обединетото Кралство ...

Илјадници демонстранти излегоа синоќа на улиците на Тел Авив барајќи крај на војната во Газа и ослободување на заложниците. Израелската влада се соочува со остри критики дома и во странство, вклучително и од некои од нејзините најблиски европски сојузници, поради објавувањето дека војската ќе ја прошири војната. Безбедносниот кабинет на Израел се согласи да започне нова воена офанзива за целосна контрола врз градот Газа. Целите, според ...

Анкара, 9 август 2025 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска за време на посетата на Египет рече дека неговата земја свикува итен состанок на Организацијата за исламска соработка поради плановите на Израел за целосна окупација на Газа, објави „Туркије Тудеј“. На средбата со својот египетски колега Бадр Абделати во Ел Аламеин, Фидан рече дека како претседател на Советот на министри за надворешни работи на ...

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска за време на посетата на Египет рече дека неговата земја свикува итен состанок на Организацијата за исламска соработка поради плановите на Израел за целосна окупација на Газа, објави „Туркије Тудеј“. На средбата со својот египетски колега Бадр Абделати во Ел Аламеин, Фидан рече дека како претседател на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка, ...

АНКАРА (АА) - Египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, денес објави консензус со Турција за начините за справување со тековните кризи што го засегаат регионот, по средбата со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, во Ел Аламејн, Египет. На заедничка прес-конференција, Абделати ја опиша сегашната фаза на односите меѓу Египет и Турција како „значаен момент на стратешко усогласување“. Тој ја нагласи „заедничката осуда ...

Франција денес најостро го осуди планот на израелската Влада за окупација на Газа, повторувајќи го своето „цврсто противење“ на планот, јавува Анадолу. „Франција силно го осудува планот усвоен преку ноќ од страна на израелската Влада за повторно проширување на воените операции за преземање на контролата врз градот Газа, со цел воено да се контролира целиот Појас Газа“, напиша Министерството за надворешни работи во своето соопштение. Оттаму се ...

Како одговор на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН свикан за утре, израелскиот амбасадор во ОН го постави прашањето како другите земји би реагирале на напад и ситуација со земање заложници, пишува Би-би-си Советот за безбедност на Обединетите нации утре ќе одржи состанок за да разговара за планот на Израел да ја преземе контролата врз градот Газа, потврдија за АФП три дипломатски извори. Ријад Мансур, палестинскиот претставник во ОН, ...