Лука Модриќ ја завршува приказната со Реал Мадрид, клуб на кој верно му служеше од 2012 година или поточно повеќе од една деценија. Светското клупско првенство е последен настан на кој Модриќ го гледаме во дресот на „кралевите“ со тоа што тој веќе донел одлука и за следниот чекор во кариерата, а истиот ќе го однесе во Италија. Како што и претходно беше најавено Хрватот дефинитивно ќе потпише за великанот од Милано, седумкратниот европски шампион ...
Се поизвесно е дека Лука Модриќ кариерата ќе ја продолжи во италијански Милан, што вчера го потврди и спортскиот директор Игли Таре. Италијанците се претежно задоволни од сработеното, но мислењето не го дели тренерот на Лацио, Маурицио Сари. „Модриќ во Милан? Мислам дека ПСЖ ни одржа лекција на сите оваа сезона“, изјави Сари. Сари во кариерата ги водеше Емполи, Наполи, Јувентус и Челзи, а сега по вторпат е на клупата на Лацио. Крадењето ...
Шпекулациите што се пласираа од завршувањето на сезоната 2024/2025, сега добија и потврда, Лука Модриќ стана нов играч на Милан. Најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид одлучи усно да потврди дека ќе се пресели во редовите на Милан, а на новиот клуб ќе му се приклучи по Светското клупско првенство. Ова ќе биде ново поглавје во славната кариера на хрватскиот капитен, кој имаше повеќе од успешна кариера со “Кралевите” со кои освои пет ...
Хрватската фудбалска икона Лука Модриќ (39) отвора ново поглавје во својата блескава кариера – тој ќе стане нов член на италијанскиот гигант Милан веднаш по завршувањето на Светското клупско првенство. Како што денеска објави реномираниот трансфер-инсидер Фабрицио Романо, постигнат е усмен договор меѓу двете страни, а Модриќ треба да ги помине лекарските прегледи во средината на јули, по што ќе стави потпис на договорот со „росонерите“. „Сè е ...
Хрватскиот ветеран Лука Модриќ постигна договор со италијанскиот Милан, тврди експертот за трансфери Фабрицио Романо на социјалните мрежи. Легендарниот играч од средниот ред на Реал Мадрид ќе му се придружи на миланскиот гигант по Светското клупско првенство. Фудбалерот и раководството на Милан веќе имаат усмен договор. Медицинските прегледи пред официјалното финализирање на трансферот на Лука Модриќ се закажани за јули. Модриќ има 39 години, а ...