На денот на распишувањето на изборите, во сабота на пладне, министерот за здравство Азир Алиу направи нешто што ниеден негов претходник досега не го направил – ѝ го одзеде овластувањето на Стоматолошката комора да врши континуирана едукација на стоматолозите. Препорачано Континуираната едукација на стоматолозите не е избор туку е задолжение, затоа што таа е услов за на секои 7 години стоматологот да ја продолжи лиценцата. А за да ја продолжи ...

Стоматолозите и Министерството за здравство влегоа во жесток спор околу лиценците за работа. Министерот Азир Алиу вели дека од денес апликациите одат директно во Министерството поради неправилности во Комората, додека од таму тврдат дека контроли немале утврдено никакви пропусти. Од денеска стоматолозите ќе можат да поднесуваат барања за лиценци директно во Министерството за здравство, соопшти министерот Азир Алиу. Тој увери дека постапката ќе ...

Откако министерот за здравство Азир Алиу ѝ го одзеде овластувањето на Стоматолошката комора да издава лиценци, поради наводно незаконски обуки што ги држела преку „нерегистрирани здруженија“, сега повторно со помош на Комората ќе го врши лиценцирањето чии ингеренции ги присвои. Во комората е целиот регистар на стоматолози, а со кју-ар кодови се заведени и сите обуки на заболекарите коишто ги посетувале, а кои Министерството за здравство ги ...

Без да ги види сите факти министерот за здравство донел не исправна одлука со која и ги одзема овластувањата на Стоматолошката комора за издавање, продолжување и одземање на лиценци тврди престедателот Маријан Денковски. Тој прстот го впери во Комисијата при министерството и најави судска постапка, откако Азир Алиу во саботата излезе со обвинувања за сериозни пропусти во работата на Комората меѓу кои едукации на стоматолози преку нерегистрирани ...

Претседателот на Стоматолошката комора Маријан Денковски контра министерот за здравство Азир Алиу. Откако Алиу ги одзеде ингеренциите на комората за издавање лиценци за стоматолози со образложение дека имало недоследности при издавањата, Денковски денеска на прес конференција ги отфрли наводите на министерството за здравство. Вели дека за поголем дел од страна на Комисијата формирана од министерот воопшто немало ниту извршено надзор, а и дека за ...

Стоматолозите кои денеска влегуваа во просториите на Стоматолошката комора да ги обноват лиценците за работа беа препраќани во Министерството за здравство откако министерот Азир Алиу ѝ го одзеде на Комората правото да ги издава и обновува лиценците како што правеше од 2006 до денес. Препорачано Стоматолошките лиценци се обновуваат секои 7 години, а за да се обноват потребно е стоматологот да оди на обуки и семинари. Секој сертификат од ...

Стоматолозите збунети каде ќе треба да ја продолжат својата лиценца по одлуката на Министерството за здравство да и ги одземе ингеренциите на Стоматолошката комора. Дел од нив дојдоа во Комората за да се информираат за постапката. „Да дојдов да си поднесам барање за нова лиценца поради сето тоа што го слушнав викендот. Ни рекоа дека немаат веќе овластувања да примаат нови документи за лиценци и дека треба да се обратиме до Министерство за ...

Издавањето на нови лиценци за стоматолозите или продолжувањето на оние што се истечени од денес ќе се врши преку Министерството за здравство. Причината е што министерот Азир Алиу ги суспендирал сите надлежности на Стоматолошката комора. Стоматологот Катерина од Скопје е една од првите која денес се врати без да добие услуга. Таа дури стравува дека нема да може да работи сè додека трае овој меѓуинституционален ќор-сокак. Стоматолошката комора ...