Со сослушување сведоци кои беа обезбедени со полициска асистенција, продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамиз Мерко за набавката на автомобил „Ауди А6“ за потребите на Општина Струга, по што треба да следи одвоено рочиште за поставено спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда. Ерканда Балута, сведок на одбраната вработена во Општината и внука на градоначалникот Мерко, инаку членка на Комисијата за набавки, вели дека во ...

До крајот на месец јуни ке има пресуда за предметот во кој обинет е струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за спорната набавка на луксузното Ауди А6 од 67.000 евра и уште три други автомобили со вкупна вредност од 114.000 евра во време кога Општина Струга била со блокирана жиро сметка, најави денес судијата Јордан Јованов. Тој рече дека досегашните изведени докази се доволни и оти останатите предложени ќе се одбијат. „На денешното рочиште ги ...

Во Основниот суд во Струга денеска треба да продолжат судските процеси против градоначалникот Рамис Мерко за незаконско поставување директори во основни училишта во Општина Струга. Во еден предмет се споени училиштата во Лабуништа, Радолишта, Подгорци, додека за училиштето во Велешта и за „Браќа Миладиновци“ во Струга се водат два одвоени предмети. За случајот со училиштето „Зини Хани“ во Велешта, покрај Мерко уште четири лица се обвинети за ...

Со обезбедување од полицијата, денеска во Основниот суд во Струга беа сослушани сведоци, вработени во општината, во рамки на судскиот процес против градоначалникот Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“ вреден 66.000 евра, како и уште три други возила. Меѓу сведоците беше претседателот на Комисијата за јавни набавки, но и внуката на Мерко, која исто така била член на Комисијата. Иако и двајцата тврдеа дека набавката е ...

Набавката на 4-те општинските возила, меѓу кои и на луксузното „ауди а6“ од 66.000 евра била законска, сведочеа денеска сведоците на одбраната на градоначаликот на Струга, Рамиз Мерко. Тие беа обезбедени како сведоци во Основниот суд Струга со полициска асистенција, затоа што, од разни причини, не доаѓаа на претходните рочишта. На Мерко му се суди за злоупотреба на службената положба и овластувањата за набавката на „аудито“, која е извршена во ...

Со исказ на поранешна вработена во Државниот завод за ревизија и членови на Комисијата за јавни набавки при Општина Струга заврши сослушувањето сведоци во судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на автомобилот „ауди А6“. На следното рочиште закажано за 9 јуни во Основниот суд во Струга, обвинетиот треба да ја даде својата одбрана, по што ќе следат завршни зборови на бранителот, јавниот обвинител и изрекување пресуда. ...

Денеска во Струга продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 66 илјади евра и уште три други автомобили. Во судот денеска сведочеа сведоци кои беа обезбедени со полициска асистенција, бидејќи претходно не се појавуваа на рочиште. Ерканда Балута, сведок на одбраната и вработена во Општината, рече дека постапката за набавка на возила била спроведена согласно процедурите и ...