Утре продолжуваат натпреварите од осминафиналет од фудбалскиот Куп на Македонија, а на програмата ќе бидат четири натпревари, а осминафиналето се комплетира дури на 19 ноември. Утре ќе има прволигашко дерби на Башкими и Силекс во обид на двете екипи за пласман во четвртфиналето, уште едно прволигашко дерби на Македонија ЃП и Струга Трим Лум за пласман во следната рунда. Работнички на домашен терен ќе игра против второлигашот Брегалница од Штип, ...

Скопје, 21.октомври 2025 (МИА) – Попладнево се одиграа четири натпревари од осминафиналето од Купот на Македонија, а пласман во следната рунда обезбедија: Силекс, Струга, Шкендија Арачиново и Работнички. Два дуела завршија со победа на гостинските екипи. Во Куманово Силекс го совлада Башкими со 2:1, додека Струга ТЛ беше убедлива во дуелот со Македонија ЃП и славеше победа со 5:0. Изненадување направи второлигашот Шкендија Арачиново со ...

Попладнево се одиграа четири натпревари од осминафиналето од Купот на Македонија, а пласман во следната рунда обезбедија: Силекс, Струга, Шкендија Арачиново и Работнички. Два дуела завршија со победа на гостинските екипи. Во Куманово Силекс го совлада Башкими со 2:1, додека Струга ТЛ беше убедлива во дуелот со Македонија ЃП и славеше победа со 5:0. Изненадување направи второлигашот Шкендија Арачиново со елиминацијата на Пелистер и победата од ...

По двонеделната репрезентативна пауза, денеска со четири меча од 1/8 финалето во Купот на Македонија, домашниот фудбал се враќа на сцената. Во Куманово составот на Башкими го пречекува Силекс и посакува реприза од оној првенствен меч во ПМФЛ сезонава кога кумановци славеа против кратовци. Тешко гостување и за Пелистер под водство на новиот стратег Милан Стојаноски и тоа кај Шкендија Арачиново во Скопје. Струга ТЛ гостува во Ѓорче каде се ...

Екипата на Струга Трим Љум на фуриозен начин дојде до четвртфиналето во Купот на Македонија откако попладнево ја потопи Македонија Ѓорче Петров со 5-0. „Лавовите“ доживаа вистинска катастрофа, дебакл во својот дом, а за тоа се погрижија Ивковиќ, Воша, Компаоре, Малески и Јевтоски. Во дерби натпреварот од оваа фаза Силекс славеше над Башкими во Куманово со 2-1. Додев и Николиќ погодија за гостите, додека Симоновски стрелаше за домаќините. ...

Второлигашот Шкендија Арачиново се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија откако во осминафиналната пресметка во Арачиново славеше со 1-0 против прволигашот Пелистер. Тимот од Арачиново, предводен од клупата од Љупчо Марковски, го шокираше Пелистер сосема заслужено обезбедувајќи место во Топ 8 во Купот на Македонија. Победничкот гол за Шкендија беше на Арсим Љамалари со глава во 51. минута од средбата по убаво изведениот корнер од ...

Шкендија Арачиново го елиминира Пелистер во осминафиналето на Купот откако славеше со 1-0. Работнички мораше да игра на пенали, но победи против Брегалница со 4-3, откако регуларниот тек од мечот заврши 1-1. Херој беше голманот Васко Василев кој одбрани два пенали. Струга Трим Лум беше убедлива и славеше со 0-5 на гости против Македонија ЃП, а во четвртфиналето се пласира и Силекс откако триумфираше со 1-2 на гости против Башкими. Утре играат ...

Денеска конечно домашен фудбал. По двонеделната репрезентативна пауза, а и поради Локалните избори се прескокна и изминатиот викенд, па така еве денеска со четири меча од 1/8 финалето во Купот на Македонија, домашниот фудбал се враќа на сцената. И сите четири натпревари и тоа како ќе бидат интересни. Забревтаната Струга ТЛ гостува во Ѓорче каде се среќава со Македонија ЃП во реприза од финалето во 2023 година, кога “Лавовите“ славеа на пенали. ...