„Изгласаната интерпелација во Собрание, така како што е изгласан заклучокот, значи мое разрешување или мое дејствување под диктат на Левица и ВМРО. Соочена со изборот помеѓу губење на функцијата претседател на комисијата и дејствување под диктат, според условите поставени од Левица и предложени како Заклучок од Африм Гаши, не се сомневам дека ќе ја прифатам слободата на дејствување како пратеничка, како што сум направила до сега, слободно и ...
Расплетот што се случи на денешната седница доаѓа по интерпелацијата што за Даути во ноември ја поднесе Левица, а во петокот се најде на првата пленарна седница на законодавниот дом во новата година. Неа ја поддржаа 61 пратеник, а прашањето што веднаш се отвори е дали по интерпелацијата Даути повеќе не треба да ја води собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади или на нејзино место треба да дојде друг пратеник од редовите ...
Пратеничката на “Европскиот фронт“, Илире Даути денеска поднесе оставка од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, а Собранието ја констатираше истата. Оставкатата следи откако пред неколку дена во Собранието помина интерпелацијата за нејзе. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Пратениците гласаа за разрешување на Даути Истата беше поднесена од опозициската Левица, поради блокирање на Законот за бранителите. Подршка ...
На ова, претседателот на Собранието, Африм Гаши одговори дека сега се утврдува дневниот ред и дека Даути ќе може да ја образложи својата оставка на пленарната седница закажана за 21 јануари. По ова, во Собранието е дадена пауза. „Сега го утврдуваме дневниот ред и на следната седница, која е закажана за 21 јануари ќе имате време да дадете образложение. Ако сакате да го кршите Деловникот, во ред. Јас ви укажувам дека е спротивно со деловникот“, ...
Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на Зијадин Села, која е дел од „Европскиот фронт“ на која и беше изгласана интерпелација, денеска од собраниската говорница додека траеше 30.пленарна седница, побара од претседателот на Собранието да и дозволи во времетраење од 15 минути да ја образложи оставката од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. На ова, претседателот на Собранието ...