Во цела држава се конечни резултатите за избор на советници, освен на три места во Шуто Оризари, каде во недела ќе се прегласува првиот круг откако е утврдено дека теоретски прегласувањето може да има влијание на конечните резултати. Таму беше поништено гласањето поради преправање на записници, а избирачките одбори беа разрешени и им се закануваат кривични пријави. Во вториот круг, изборите на поништените места ќе ги спроведуваат избирачки ...

Државната изборна комисија денеска ги објави конечните резултати и за 16 општини, за кои беа поднесени приговори до неа, а конечно се завршени изборите за советници во 79 општини и Советот на Град Скопје, односно, вкупно 80 општини. Единствено ќе има прегласување на три избирачки места за избор на членови на Совет во општината Шуто Оризари, каде што на овие три избирачки места, како што посочи на денешната 150 седница претседателот на ДИК, Борис ...