Скопјани повторно се соочуваат со чад и загадување откако избувна нов пожар на старата депонија Вардариште, лоцирана во непосредна близина на густо населениот дел од градот. Жителите на општина Аеродром, револтирани од постојаното игнорирање на проблемот, веќе трет ден ја блокираат депонијата, барајќи итна реакција и трајно затворање на локацијата. И покрај нивните напори, институционалниот одговор изостанува. Во меѓувреме, токсичниот чад што се ...

Вардариште и изутрината гореше и го загадуваше Скопје. Жителите на околните населби алармираа дека од старата депонија се шири густ чад. Аеродромци веќе три дена по ред протестираат барајќи решение за депонијата која со децении ги труе најмногу нив, но и цело Скопје. И додека скопјани не можат во септември да отворат прозорци и врати за да проветрат, партиите преизборно повторно се караат кој повеќе евиновен за ситуацијата. Владејачката ...

Се уште е активен пожарот во депонијата Вардариште во општина Гази Баба, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму информираат дека на територија на цела држава до 12 часот имало уште неколку активни пожари: во село Шутово, општина Кичево и во село Горенци, Општина Центар-Жупа. Два активни пожари има во општина Бутел, во Визбегово, пат за Горно Оризари и на улица „5“ во Визбегово. Изгаснат е пожарот на територија на општина ...

Жителите на Аеродром и Ново Лисиче повторно реагираат дека се шири неподнослива миризба на запалена гума, пластика и ѓубре. Миризбата доаѓа од Вардариште. Според реакциите на граѓаните пожарот тлее и под земја точно околу отпадот за старо железо. Исто така, во коментарите се вели дека разгорувањето било пријавено, а одговорот што го добиле бил дека пожарникарите не можат да го изгаснат. Жителите велат дека на депонијата нема присуство на екипи ...

И утрово гори на депонијата Вардариште. Се шири густ чад во воздухот и неподнослива смрдеа. Препорачано Граѓаните на Аеродром и Ново Лисиче се жалат на отежнато дишење, велат дека пожарот се уште не е изгаснат и дека од неделата не дошле екипи да гаснат. „До 8 часот утрово во Ново Лисиче беше опасно да се отвори прозорец. Мирисаше на канта ѓубре“ вели граѓанин. Утрово можеа да се забележат луѓе како одат на работа со маски на лицето поради ...