Министрите за надворешни работи на ЕУ денес ќе одржат итни разговори во обид да влијаат на самитот оваа недела меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин за војната во Украина, чиешто најавување предизвика стравувања од договор на штета на Киев. Откако самитот меѓу претседателите на САД и Русија во Алјаска беше најавен за петок, Европејците водат сè повеќе разговори меѓу себе во обид да застанат заедно зад Украина. Според Доналд Трамп, се очекува да се ...
Како што објави Кремљ денеска, рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат утре во воздухопловната база Анкориџ во 11:30 часот по локално време. Средбата ќе биде во формат „еден на еден“, со присуство само на преведувачи покрај двајцата претседатели. По таа средба, делегации од по пет функционери од секоја страна ќе се приклучат и ќе одржат работен појадок, а самитот ќе заврши со заедничка ...
Повеќето Германци се скептични во врска со утрешната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин во американската држава Алјаска, според анкета нарачана од германскиот јавен радиодифузер ЗДФ, објави ДПА. Само 13 проценти од анкетираните веруваат дека Трамп ќе успее да постигне прекин на огнот во војната во Украина на состанокот, додека 84 проценти се скептични во врска со таков исход. Само 14 ...
Руското Министерство за одбрана тгврди дека има податоци дека Украина подготвува провокација за да ги попречи руско-американските разговори закажани за 15 август во Енкориџ на Алјаска. – Криминалните провокации веќе станаа белег на режимот во Киев. Ова веќе стана нивен криминален потпис – изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ги тврдењата руското МО. Според наводите, украинските ...
Се очекува средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин оваа недела во Алјаска, но многу Украинци не веруваат дека разговорите ќе доведат до брз крај на војната во Украина. По повеќе од три години конфликт и неколку прекинати мировни преговори, украинските граѓани се скептични и стравуваат дека евентуалните компромиси ќе бидат далеку од нивните очекувања. Москва ја одбива идејата за директен разговор со ...
Средбата Трамп-Путин е клучна за мирот, но ЕУ се обидува да го попречи процесот, истакна унгарскиот министер Петер Сијарто Средба Трамп-Путин е од исклучителна важност за решавање на конфликтот во Украина. Изјави шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, истакнувајќи дека Европската Унија се обидува да ја саботира оваа иницијатива. „Ја повторив позицијата на Унгарија дека решението за војната во Украина не е на фронтот, туку на ...
Најавената средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин на 15 август во Алјаска продолжува да предизвикува бројни реакции. Главна тема ќе биде војната во Украина, а Трамп најави дека ќе има разговори за „територијални размени“. Европските лидери, кои тврдат дека Русија претставува егзистенцијална закана за континентот, бараат консултации со американскиот претседател Доналд Трамп за да ги постават „црвените линии“ на Европа ...