427 г.п.н.е.- Роден е Платон, голем старогрчки филозоф, ученик на Сократ и учител на Аристотел, основач на филозофската школа во Атина која, според местото на кое што се наоѓала, била наречена Академија. Главно влијание врз Платон извршил Сократ на кој му ги посветил речиси сите свои дела – дијалози, главно компонирајќи ги како Сократови разговори со личности познати во Атина во тоа време. Овие дела се зачувани во целост – вкупно 35 дијалошки ...

1741.- Роден е Андре Ернест Гретри, француски композитор и музички писател, од белгиско потекло, најистакнат композитор на комични опери во 18. век. Негови познати дела се „Ричард Лавовско Срце“, „Карван од Каиро“ и други, а пишувал и мемоари и есеи. Умрел на 24 септември 1813 година. 1847.- Роден е Томас Алва Едисон, американски техничар и пронаоѓач. Негови најзначајни пронајдоци се фонографот (грамофонот), микрофонот, акумулаторот, ...

211.- Умрел римскиот цар Лук Септими Север Пертинакс, основач на династијата Север, кој ја ограничил власта на Сенатот, а наместо него „царскиот совет“ почнал да ги донесува законите. 1746.- Роден е полскиот национален јунак Тадеуш Анжеј Бонавентура Кошчушко, американски генерал и учесник во Американската војна за независност и аѓутант на Џорџ Вашингтон, подоцна првиот претседател на САД. По враќањето во Полска се кренал на востание против ...

– Светски ден за заштита на водните живеалишта. 1509.- Португалците под команда на Франсиско де Алмејде ја уништиле муслиманската флота во битката во Индискиот Океан, во близина на градот Ди во северозападна Индија, по што воспоставиле контрола во водите околу индискиот потконтинент. 1536.- Основан бил Буенос Аирес, главен град на Аргентина. 1556.- Во еден од најголемите земјотреси во историјата на човештвото биле опустошени кинеските провинции ...

1875.- Умрел францускиот лексикограф и енциклопедист Пјер Атанас Ларус, издавач на „Големиот светски речник на XIX век“ во 17 тома. Издавачката куча „Ларус“ по неговата смрт продолжи со издавање на енциклопедиски и лексикографски дела. 1892.- Роден е англискиот писател Џон Роналд Руел Толкин, професор на англосаксонскиот (староанглиски) и англиски јазик и литература на Оксфордскиот универзитет. Дела: „Господар на прстените“, „Хобитот“, ...

1679.- Умрел холандскиот писател Јост ван ден Вондел, најплоден и најзначаен книжевник на холандскиот барок. Пишувал патриотсAки, сатирични и пригодни песни, а со драмите пишувани на библиски, антички и историски теми значително влијаел на европската литература. Драми: „Пасха“, „Паламед“, „Хизбрехт ван Амател“, „Луцифер“, „Јефта“. 1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен полуостровски дел на Италија) загинале околу 50.000 луѓе. 1840.- ...

– Национален празник на Нов Зеланд 1564.- Роден е англискиот писател Кристофер Марлоу кој битно влијаел врз Вилијам Шекспир. Дела: „Тамерлан Велики“, „Д-р Фаустус“, „Евреинот од Малта“, „Едвард Втори“. 1685.- Умрел англискиот крал Чарлс Втори Стјуарт, син на Чарлс Први кој бил погубен во граѓанската војна во 1649 година. Чарлс Втори Стјуард станал монарх во 1660 година, по укинувањето на републиката која била воспоставена во 1653 година од ...

1478.- Роден е Томас Мор, англиски хуманист, државник, писател на социјални, историски и теолошки списи, родоначалник на утопискиот социјализам. Негово најпознато дело е политичко-филозофскиот роман “Утопија”. Умрел во 1535 година. 1812.- Роден е Чарлс Дикенс, англиски писател, типичен претставник на реализмот во литературата. Од романите најпознати му се “Дејвид Коперфилд”, “Оливер Твист” и “Пиквиковиот клуб”, во кои ја прикажува целата беда на ...