Вечерва, со свечено отворање во 20:00 часот, официјално започнува јубилејното петто издание на Спортски Игри Велес 2026, спортски настан кој од година во година прераснува во една од најмасовните и најпрепознатливи манифестации во Македонија. Од 1 до 6 јуни, Градски парк Велес ќе биде центар на спортот, дружењето, натпреварувачкиот дух и позитивната енергија. Оваа година се очекува рекордно издание со голем број натпреварувачи, силна ...
Интернационалките во одбојка на песок на Црна Гора вчера вечер стигнаа во Велес по нив и екипите од Шпанија додека денеска организаторите и градот домаќин на V Спортски велешки игри ги пречека интернационалките на Албанија и Косово. До вечер ќе пристигнат екипите од уште шест странски држави (Србија, Турција, САД, Италија, Иран и Германија) кои заедно со домашните, од денеска, понеделник 1-ви до сабота 6-ти јуни ќе учествуваат во натпреварите ...

