На денешната промоција на Лино Червар за нов тренер на Еурофарм Пелистер, претседателот на македонскиот вицешампион, Зоран Стерјев, истакна дека клубот е во преговори со уште две засилувања, а потврди и дека капитенот Филип Кузмановски и Дејан Манасков имаат отворена понуда да останат во клубот. „Се очекува да пристигнат уште едно до две засилување. Еден ќе биде десен бек, а за другиот се уште немаме одлучено – може ќе биде среден, а може лев ...
Битолски Пелистер денеска и официјално го претстави искусниот стратег Лино Червар како нов предводник на тимот, но главна тема на прес-конференцијата беше и кроењето на ростерот за следната сезона. Првиот човек на клубот, Зоран Стерјев, истакна дека играчкиот кадар се уште не е комплетиран. Тој откри дека иднината на македонските репрезентативци Дејан Манасков и Филип Кузмановски во Битола е неизвесна. На двајцата ракометари веќе им се ...

