Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Арина Сабаленка успешно реши уште еден предизвик на патот до титулата на Ролан Гарос или поточно со славјето над Наоми Осака дојде до четвртфиналето на вториот грен слем во 2026 година. Сабаленка тримфираше со 2-0 во сетови со 7-5, 6-3, победа поради која беше среќна, задоволна и својата позитивна енергија и ја пренесе на присутната публика во Париз. Тенисерката од Белорусија е позната по тоа што знае да се забавува и беше побарано од неа ...
Македонскиот ракометар Дејан Кулуловски официјално од следната натпреварувачка сезона ќе ги брани боите на српскиот клуб и поранешен европски шампион Металопластика Шабац. Кукуловски (27), кој неодамна беше на поширокиот список на селекторот Кирил Лазаров за мундијалскиот бараж против Словачка, досега го носеше дресот на ГРК Охрид со кој успеа годинава да го освои трофејот во ЕХФ Европскиот куп Левиот бек, кој ќе донесе острина во нападот и ...
Шпанија е прв фаворит, следат Франција и Англија Според пресметките на „Опта“, Шпанците имаат 16,1 процент шанси да ја освојат титулата, со што се пред Франција со 13 проценти, Англија со 11,2 проценти и актуелниот светски шампион Аргентина, на која суперкомпјутерот ѝ дава 10,4 проценти шанси. Овие четири репрезентации се издвојуваат како главни кандидати за првото место. Селекцијата на Хрватска се наоѓа на 15. позиција. Суперкомпјутерот ѝ ...
Фудбалската репрезентација на Јужна Африка го одложи патувањето во Мексико поради проблеми со визите, само 11 денови пред почетокот на Светското првенство. Јужноафриканската репрезентација требаше да отпатува за Мексико во недела за да ги почне завршните подготовки за мундијалскиот турнирот. Министерот за спорт на Јужна Африка, Гејтон Мекензи, ја нарече ситуацијата срамна и побара од Фудбалската асоцијација на Јужна Африка извештај, ...
Македонската фудбалска репрезентација за отприлика еден час ќе го стартува пријателскиот дуел против Турција во Истанбул. Со почетен тајминг од 19:30, Македонија ќе настапи со видоизменет состав во однос на она што го видовме во Сараево против Босна. Па така, на голот повторно е Димитриевски, а во стоперската тројка се Зајков, Велковски и Фетаи. Наместо Јанкулов по десно денеска стартува Стефан Деспотовски. Лево е Алиоски, а во средината се ...
Олимпискиот комитет на Србија беше домаќин на третиот транснационален состанок во рамките на меѓународниот проект „iRecover“, на кој учествуваа претставници на партнерските организации од Шпанија, Словенија, Италија, Холандија и Кошаркрската федерација на Македонија. Во текот на работниот дел од програмата, одржан во просториите на Олимпискиот комитет на Србија, партнерите направија пресек на досегашните активности и резултати од проектот, ...
Менаџерот на новиот првак на Премиер лигата екипата на Арсенал, Микел Артета веќе има план за засилување на неколку позиции. Арсенал по 22 години ја освои титулата шампион на Англија, но оваа екипа иако без пораз остана без титулата европски првак откако во саботата го загуби финалето од ПСЖ по изведување пенали. Артета планира засилувања на четири позиции; лево крило, напаѓач, десен бек и играч од средна на теренот. Како потенцијални ...
Повеќе од еден милион жители на парискиот регион живеат во подрачја кои би можеле да бидат тешко погодени од голема поплава, слична на онаа што во 1910 година ја зафати француската престолнина, покажува ново истражување на Институтот на регионот Париз (IPR). Според студијата, повеќе од еден милион луѓе, односно повеќе од осум отсто од жителите на регионот Ил-де-Франс, се изложени на ризик од сериозни поплави предизвикани од излевање на реките ...
Репрезентацијата на Аргентина нема да може да смета на Лионел Меси на претстојниот пријателски натпревар против Хондурас, кој е дел од завршните подготовки за Светското првенство 2026 година. Според информациите на аргентинските медиуми, капитенот на „гаучосите“ нема да настапи поради повреда здобиена на првенствениот натпревар во МЛС лигата меѓу Интер Мајами и Филаделфија, кој неговиот тим го доби со 6-4. Меси го напушти теренот во 73. ...
Општинската фудбалска лига во Струмица доживува вистинска преродба. По неколкугодишна пауза, фудбалот беше вратен на локално ниво, а веќе по првата сезона интересот за учество достигна рекордни размери. Откако Спортска Мрежа објави дека клубовите треба до 1 јуни да го пријават своето учество за сезоната 2026/2027, голем број екипи навремено ја потврдија својата желба да бидат дел од натпреварувањето. Тоа е најдобра потврда дека дебитантската ...
Канадскиот град Монтреал пред неколку години донесе изненадувачка одлука да се повлече од кандидатурата за домаќин на натпревари од Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Иако домаќинството на Мундијалот вообичаено се смета за голема привилегија и можност за промоција на градот, властите во Монтреал процениле дека условите поставени од ФИФА се преголем товар од финансиски и организациски ...
Шпанскиот прволигаш Виљареал официјално го назначи Иниго Перез за нов шеф на стручниот штаб. Младиот стратег потпиша тригодишен договор и ќе го предводи тимот до јуни 2029 година. Перез пристигнува од Рајо Ваљекано, каде што остави силен впечаток во изминатите две сезони. Под негово водство, клубот од Мадрид стигна до историско финале во Конференциската лига, а во домашното првенство оствари резултати далеку над очекувањата. ...
Фудбалскиот клуб Скопје повторно е прволигаш. Тимот од Автокоманда успеа да ја заокружи успешната сезона со победа од 0:1 над Брера Струмица во бараж натпреварот одигран на стадионот „Петар Милошевски“, со што обезбеди враќање во Првата македонска фудбалска лига по пауза од две сезони. Скопје првенството го заврши на второто место во Втората лига, а билетот за елитното друштво го обезбеди преку баражот, во кој покажа карактер, квалитет и ...
Нов меч на македонската фудбалска репрезентација и ново разочарување. Четири натпревари во низа на кои Македонија не може да постигне ниту еден гол беше сигнал да се „запалат“ навивачите и симпатизерите на социјалните мрежи. Многу револт, разочарување, негодување, по некоја навреда и ниту една пофалба немаше на коментарите на официјалната фејсбук страница на Фудбалската репрезентација на Македонија, која можеби и прв пат ги забрани ...
Актуелната сезона на Реал Мадрид ќе се памети како лоша, клубот не освои ниту еден трофеј, а медиумите беа преполни со вести за конфликти меѓу играчите. Најмногу се зборуваше за тепачката меѓу Аурелиен Чуамени и Федерико Валверде, по што Уругваецот заврши во болница. Шпанските медиуми истакнаа дека Французинот претерал, а клубот ги санкционираше двајцата играчи со по 500.000 евра, што е најголемата казна во историјата на славниот клуб. Сè се ...
Македонската фудбалска репрезентација убедливо беше поразена на вечерашното гостување во Истанбул. Турција погоди четирипати во нашата мрежа, ние не успеавме да дојдеме ниту до гол. По средбата на прес-конференцијата, селекторот Седлоски ја презема вината за поразот на себе. „Сакам да и честитам на Турција која заслужено нè победи. Навистина се одлична репрезентација полна со квалитетни фудбалери. Загубивме со 4-0, ја преземам сета ...
Освојувачот на Лигата на шампионите на УЕФА и оваа година, екипата на ПСЖ се искачи на првото место по вкупна вредност на тимот, надминувајќи ги шпанскиот клуб Реал Мадрид и англискиот клуб Манчестер Сити. Според „Трансфермаркт“, вкупната вредност на играчите на парискиот клуб сега е 1,37 милијарди евра. Реал Мадрид падна на второто место. Играчите на клубот се проценети на 1,34 милијарди евра. Манчестер Сити (1,32 милијарди евра) ги ...
Оаза на мир и убавина, со уникатен базен со специфична боја на термална вода, каква што нема да најдете во цела Европа, се наоѓа на северот од Србија, на два часа возење од Белград. Недалеку од Бачка Топола и Суботица се наоѓа бањата Пачир, која е единствена во овој дел од Европа и препознатлива по розовата боја на водата во езерото. Термалниот комплекс во Пачир доживеал голема популарност во последните години поради розовата вода, која на ...
Познатиот сараевски спортски портал „SportSport.ba“ вечерва објави провокативен текст и наслов по повод убедливиот пораз на Македонија од Турција со 0-4. „Нека не ги залажува нерешеното на Кошево. Турците им покажаа на Македонците каде им е местото“, стои во насловот. Во текстот се коментира: „Што се однесува до Македонците, тие неодамна одиграа 0:0 против резервниот тим на Босна и Херцеговина на Кошево, но вечерва беа целосно немоќни“. ...
Викендов, на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“, се одржа финалниот турнир од ФФМ Детска Лига за натпреварувачката сезона 2025/2026. На завршниот турнир учествуваа 96 екипи, победници од седумте региони во рамки на ФФМ Детските Лиги, кои во текот на сезоната активно се натпреваруваа во своите региони во периодот од септември 2025 до мај 2026 година. Во текот на трите натпреварувачки дена, повеќе од 1.500 млади фудбалери на ...
Македонската фудбалска репрезентација загуби вечерва во контролен натпревар против Турција во Истанбул со убедливи 4-0 (2-0) и ја продолжи серијата без победа на осум, а без постигнат гол на четири натпревари. Почетниот состав на македонската репрезентација донесе пет измени од дуелот во петокот против БиХ со Деспотовски, Фетаи и Алиоски во одбраната, Елези во средниот ред и Омерагиќ во нападот, но избраниците на селекторот Гоце Седлоски и ...
Македонија загуби со убедливи 4-0 на гостувањето против Турција за уште еден јасен предзнак – дека репрезентацијата не ни се движи во правецот што го посакувавме, правецот што го најавуваше новиот селектор кога дојде на функцијата. Седлоски најави офанизвен фудбал ког седна на селекторската фотеља… по четири негови средби како предводник сведоци сме на сосема спротивното… четири меча, ниту еден гол, со просек од една стопроцентна шанса по ...
Десет денови пред почетокот на Светското првенство, полицијата во Торонто објави денеска ја извршила најголемата заплена на фалсификувани фудбалски дресови во канадската историја. Како што е соопштено, полицијата запленила фалсификувана стока во вредност од над 3,5 милиони канадски долари од магацин во Мисисага, вклучувајќи повеќе од 16.000 лажни дресови и знамиња со лажни логоа на ФИФА, Најк, Адидас и Пума, како и два фалсификувани ...
Хокеарската репрезентација на Финска го освои златниот медал откако синоќа во финалето на Светското првенство во хокеј на мраз по продолжение ја совлада Швајцарија со 1:0. Победничкиот гол новиот светски првак го постигна во продолжението, а Конста Хелениус. Во дуелот за бронзениот медал Норвешка ја совлада Канада со 3:2 по продолжение и воедно го освои првиот медал. За Финска ова е петти златен медал на светските првенства. Следното Светско ...
Ракометарите на ГРК Охрид синоќа остварија историски успех со освојување на првиот клупски трофеј и тоа европски, откако во двата натпревара од финалето ја совладаа Татабања од Унгарија во рамки на ЕХФ Европскиот куп. – Историски момент за сите нас. Во првата сезона на заедничка работа е освоен европски трофеј. Честитки до сите играчите, публиката, управата. Навивачите ни даваа посебна енергија во текот на сите 60 минути, па дури и претходно ...
Денеска најдобрата македонска фудбалска репрезентација во пријателски натпревар одигран во Истанбул на стадионот „Шукру Сарачоглу“ загуби со 4:0 против Турција. Турците предводени од селекторот Винченцо Монтела се подготвуваат за настапот на претстојното Светско првенство, а претходно ќе имаат уште еден тест на 6 јуни против Венецуела. Турските фудбалери уште од самиот старт направија притисок на нашата половина, веќе во втората минута ...
Медиумите во Грција веќе ја загреваат атмосферата и тврдат дека Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, ќе ги прифати сите услови на Жељко Обрадовиќ, само за да го види најтрофејниот во Евролигата на чело на својот тим. Сезоната за Панатинаикос не само што не е завршена, туку тимот на Ергин Атаман ќе излезе на теренот за два дена да се бори за титулата најдобар тим во Грција, против Олимпијакос, актуелниот европски шампион. ...
Шон Свини е нов тренер на Орландо Меџик, објави овој НБА тим. Свини ќе биде 16-тиот тренер во историјата на франшизата, наследувајќи го Џамал Мозли, кој го напушти тимот по пет сезони за да ги преземе Њу Орлеанс Пеликанс. 42-годишникот моментално работи како асистент во Сан Антонио Спарс и се подготвува за големото финале и борбата за титулата со Њујорк Никс. Тој ја започна својата кариера како видео координатор во Бруклин Нетс, а потоа беше ...
ЕКИПА во Истанбул, Турција Горан Бошев Убедлив пораз претрпе Македонија на тестот со Турција одигран вечерва во Истанбул. На крајот Турците во одлична атмосфера дојдоа до победата од 4-0. Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски на прес-конференцијата по натпреварот ја презеде одговорноста на себе за поразот, и кажа дека од вакви натпревари треба да се научи многу за во иднина. „Сакам да честитам на Турција за заслужената победа, навистина ...
Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB) објави голем број промени во правилата што ќе стапат на сила за натпреварите на претстојното Светско првенство. Многу од нив имаат за цел да го ограничат и санкционираат секој обид за одолговлекување на натпреварот. Овластувањата на VAR исто така се зголемуваат, како и казните за играчите кои се однесуваат на несоодветен начин, вклучително и протести против одлуките на судиите. Ќе има ...