Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Милош Гавриловиќ го дефинираше списокот од 14 репрезентативки кои ќе го понесат товарот на првите два турнири од годинешното издание во Европската лига, кои истовремено се и дел од циклусот за квалификации за Европското првенство во 2028 година. Во последниот пресек селекторот им се заблагодари на интернационалката Добрина Хаџи Тосева и на младата 16-годишна Андреа Митиќ, на кои ...
Бенфика е подготвена за заминувањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, па откако стана јасно дека „специјалниот“ ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“ челниците на португалскиот гигант ја почнаа потрагата по негов наследник. Таа потрага конечно финишираше денеска, откакоо беа договорени сите услови со Марко Силва, португалскиот стратег кој по 11 години ќе се врати назад во татковината. Силва во 2015 година го напушти Спортинг Лисабон за да се ...
Импозантната статуа на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, висока дури 20 метри, е отстранета од индискиот град Калкута откако стручни лица утврдиле дека претставува безбедносен ризик. Споменикот, поставен во декември минатата година во индиската сојузна држава Западен Бенгал, привлече големо внимание во јавноста како дел од проектот „Најголем на сите времиња“, посветен на Aргентинецот. Проблемите се појавиле кон крајот на мај, кога ...
Некои натпревари носат победи. Некои трофеи носат слава. Но има и такви моменти што стануваат дел од колективната меморија на еден град. Токму таква е приказната што охридската продукција Digital Box ја преточи во емотивно видео посветено на историскиот триумф на ГРК Охрид во ЕХФ Европскиот куп. Низ внимателно избрани кадри, силни емоции и автентична атмосфера, видеото ја доловува вечерта кога Охрид ја освои првата европска титула. На ...
Како замена за Винченцо Италијано, тимот на Болоња, за нов тренер го постави 40.годишниот Доменико Тедеско. Тој потпиша договор денеска кој што е со траење до 2028 година, и од него се очекува секако да биде на минимум нивото на кое што беше неговиот претходник. Тедеско неодамна беше на чело на турскиот тим Фенербахче. Претходно беше селектор на Белгија, тренер на РБ Лајпциг, Спартак Москва, Шалке и Ауе. Domenico Tedesco è il nuovo ...
Пред почетокот на Светското првенство, првиот човек на судиската организација на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, воведе низа нови насоки со цел да се намали губењето време и да се забрза темпото на игра. Иако не станува збор за радикални промени во правилата, новитетите носат построги казни за одолговлекување, поголеми овластувања за ВАР системот и поостар пристап кон недисциплината на теренот. Играчите, тренерите и судиите ќе мора внимателно да се ...
Италијанскиот тенисер Флавио Коболи на интересен начин ја прослави победата над Закари Свајда во осминафиналето на Ролан Гарос. Коболи славеше со 3-1 во сетови, иако во четвртиот сет испушти два брејка предност пред да триумфира по тај-брејк. По мечот призна дека имал тешки моменти на теренот. Единственото нешто што го научив денес е дека мечот никогаш не завршува. За малку се посрав в гаќи, се пошегува Италијанецот. Во борбата за полуфинале ...
Фудбалската економија денес оди далеку надвор од границите на спортот, а најплатените играчи во светот комбинираат клупски договори, бонуси и глобални маркетиншки партнерства што им носат вртоглави приходи. Листата на десетте најплатени покажува како фудбалот стана глобална индустрија со висок профит. Кристијано Роналдо е убедливо на листата на десетте највредни играчи на Светското првенство, не е изненадување што Меси е втор, а Нејмар трет, ...
Австриската репрезентација се подготвува за настап на СП 2026, но селекторот Ралф Рангник на овој турнир нема да смета на еден од своите најважни играчи. Кристоф Баумгартнер заработил повреда на вчерашниот пријателски натпревар со Тунис и поради тоа нема да биде подготвен за мундијалскиот турнир во САД, Канада и Мексико. Зад Баумгартнер е веројатно најдобрата сезона во неговата кариера, постигна 17 голови и испорача 8 асистенции во дресот на ...
Македонската фудбалска експедиција се очекува вечерва да се врати од гостувањето во Истанбул. Нашата репрезентација синоќа загуби со 4:0 во контролен меч од Турција, а денеска попладнево требаше да се врати во Скопје. Сепак, поради технички проблеми со авионот со кој требаше да патуваат, непосредно по полетувањето од аеродромот во Истанбул, авионот бил принуден да се врати и повторно да следа од местото од каде што тргна 20-тина минути ...
Лошо ѝ се пишува на Македонија во претстојната Лига на нациите (ЛН) што стартува во септември, ако продолжи со јаловите изданија што ја „красат“ во последниве месеци. Со новиот селектор Гоце Седлоски на кормилото, „рисовите“ одиграа четири меча без победа, а во тие дуели не постигнаа ниеден гол. Последниов меч, пријателскиот дуел кај Турција, заврши со тежок пораз на „рисовите“ (4-0), со крајно неубедлива игра и речиси без шут кон голот. ...
Се што градеа Игор Ангеловски и Благоја Милевски речиси една деценија, Гоце Седлоски успеа да го урне за само четири натпревари. Звучи сурово, но така изгледа Македонија денес на теренот. По осамостојувањето сменивме многу селектори и низ репрезентацијата поминаа стотици фудбалери. Имаше по некој голем резултат и по некој блесок, но немаше игра, немаше систем и немаше препознатливост. Тоа почна да се менува со доаѓањето на Игор Ангеловски. ...
Македонската фудбалска репрезентација сѐ уште е на Новиот аеродром „Истанбул“ каде чека да полета за Скопје. Причина за прекинувањето на првиот лет е дефект на сензорот за брзина. Авионот полета и по 15-ина минути беше принуден да се врати. Пилотот објасни дека не можел да продолжи кон Скопје бидејќи нашиот најголем аеродром не располага со соодветна опрема со која контролната кула би можела да го води авионот кон безбедно слетување. Затоа се ...
Светското првенство во 2026 година е пред самата врата, а со објавувањето на официјалните состави на репрезентациите, фудбалските фанатици веднаш почнаа да ја анализираат статистиката зад најголемиот спортски настан на планетата. Корисникот kdavva74 на социјалната мрежа Редит објави исклучително интересна и детална инфографика која открива кои клубови и лиги испраќаат најмногу фудбалери на претстојниот Мундијал, а податоците содржат неколку ...
На 6 и 7 јуни, на падел терените лоцирани кај СЦ „Јане Сандански“, ќе се одржи третото издание на „Party & Padel“, кој воедно важи и за првиот падел турнир организиран во Македонија. Настанот ќе започне во 11 часот со загревање организирано од Реформер студио, додека падел натпреварите стартуваат во 12 часот. Оваа година учество ќе земат 24 екипи кои ќе се натпреваруваат за награден фонд од 40.000 денари, од кои 25.000 денари се наменети ...
Масимилијано Алегри, кој е главен фаворит за преземање на тренерското место во Наполи, како и сите модерни тренери, е луд по разновидни играчи кои се жртвуваат за тимот без никогаш да отворат уста или да предизвикаат контроверзии, по играчи кои знаат како да се прилагодат на сите ситуации во играта, ставил до знаење дека е луд по Елиф Елмас. Неодамна се шпекулираше дека ако Алегри дојде во Наполи, ќе го донесе и Адриен Рабио од Милан, а тоа ...
Добредојдовте во второто издание на нашиот секојдневен мундијалски преглед. Одбројувањето продолжува – остануваат уште точно 9 дена до историскиот старт на Светското првенство на 11 јуни во Мексико Сити. Зад нас се изминатите 24 часа исполнети со огромна тензија во репрезентативните кампови и радикални одлуки од Цирих. Еве кои се топ-темите кои го одбележаа денешниот ден во светот на фудбалот: ФИФА ги затвора списоците! Денеска, вторник (2 ...
Големи проблеми за репрезентацијата на Швајцарија, поточно за Брил Емболо. Екипажот на швајцарците веќе го мина Атлантикот и се подготвува за Мундијалот, но не и Емболо, за кого САД прави проблеми за влез во оваа држава. Швајцарските медиуми пренесуваат дека се пронајдени аномалии во документацијата на Емболо, а истите се поврзани со наводен инцидент од 2018 година. Во моментов не се објавени дополнителни детали за случајот, но ситуацијата ...
И покрај катастрофалната серија од два месеца без победа, Гент успеа да обезбеди место во квалификациите за Конференциската лига. Во одлучувачкиот натпревар за пласман во Европа, Гент по изведување пенали го совлада Генк со 5:4, откако по 120 минути игра резултатот беше 1:1. Бидејќи во регуларниот дел немаше голови, победникот се бараше во продолженијата. Генк поведе во 95-тата минута преку Мирисола, но во самиот финиш Влигер реализира пенал ...
Најдобрите македонски одбојкари со 3:0 (28:26, 25:20, 31:29) загубија од Црна Гора во вториот пријателски натпревар во Подгорица. Репрезентациите одиграа неизвесен натпревар полн со пресврти во кој домаќинот се радуваше на крајот. Како и на вчерашниот тренинг натпревар, така и денеска селекторот Јошко Миленкоски им даде шанса на сите одбојкари кои ги имаше на располагање. Репрезентацијата утре се враќа дома. Женската репрезентација на ...
Како би изгледала Југославија на Светското првенство во 2026 година? Тим што би можел да се бори за самиот врв. Иако Југославија одамна не постои на фудбалската карта, љубителите на спортот често се прашуваат каква репрезентација би имала оваа земја доколку и денес беше обединета. Анализите направени во пресрет на Светското првенство од страна на „Give me sport“ покажуваат дека селекцијата составена од најдобрите играчи од државите ...
Лошите вести продолжуваат да пристигнуваат една по друга за легендите на Ливерпул. Само еден ден откако Кевин Киган објави дека се соочува со рак, уште една легенда на Ливерпул објави дека се соочува со оваа болест. Легендарниот поранешен фудбалер на Ливерпул, Селтик и шкотската репрезентација откри дека веќе е на терапија поради тешката болест. Еден од симболите на Ливерпул информацијата првично ја објавил по грешка на социјалните мрежи, по ...
Фудбалската јавност на „островот“ е во шок откако легендарниот Кени Далглиш објави дека оди на терапии за лечење од канцер. Откако вчера Кевин Киген шокираше со објавата дека има канцер во четврти стадиум, денеска и Далглиш се јави со загрижувачка објава, потврдувајќи дека ја води најважната битка. Далглиш информацијата најпрвин случајно ја објави преку пост на својот профил на социјалните мрежи, потоа истиот го избриша, па се јави со ...
Анадолу Ефес се соочи со огромен проблем на стартот од плејоф серијата со Фенербахче по тешката повреда што ја заработи Винсан Поариа. Францускиот центар остана да лежи на теренот и веднаш беше јасно дека проблемот е сериозен, а денешните детални прегледи само ги потврдија стравувањата. Ефес објави дека Поарие ја има скинато тетивата, тешкка повреда што ќе биде санирана со хируршки зафат во Истанбѕл, но потоа ќе следи и пауза и најмалку осум ...
Репрезентацијата на Австрија во пресрет на Мундијалот кој што се одржува во САД, Мексико и Канада, останува без еден од своите најдобри играчи, Криштоф Баумгартнер. Звездата на Ред Бул Лајпциг се повреди на загревањето на синоќешниот пријателски дуел против Тунис во Виена, и дефинитивно е аут за претстојниот турнир. Реално, Баумгартнер ја игра сезоната на кариерата, затоа што има импресивна клупска статистика од 17 гола и осум асистенции во ...
Финалето во Лигата на шампионите за 2026 година помеѓу Арсенал и Пари Сен Жермен сè уште предизвикува лавина од реакции во фудбалската јавност. Иако „Топчиите“ одиграа дефанзивно перфектен натпревар кој го загубија дури по изведувањето на пенали, нивниот контроверзен стил на игра и константното трошење на времето наиде на сериозни критики од неутралните љубители на фудбалот. Во својата најнова колумна за The Irish Times, познатиот спортски ...
Сопственикот на Интер Мајами, легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам откако успеа да го донесе Лионел Меси во неговиот клуб посакува на клупата на својот тим да го види довчерашниот тренер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола. Бекам наводно сега се обидува да го убеди Пеп Гвардиола да го преземе Интер Мајами веќе од следната сезона. Сепак, засега се чини дека шпанскиот тренер нема таква намера, особено откако неодамна го напушти Манчестер ...
Хулијан Алварес е сè поблиску до заминување од Атлетико Мадрид, а според шпанските медиуми, неговата голема желба е кариерата да ја продолжи во Барселона. Раководството на Атлетико се обидува да го задржи аргентинскиот напаѓач, но наводно самиот фудбалер веќе донел одлука и сака трансферот да биде реализиран уште ова лето. Според информациите на дел од шпанските медиуми, Алварес и Барселона веќе постигнале договор за петгодишна соработка. ...
Болоња во новата сезона отвора нова ера поради заминувањето на досегашниот тренер Винченцо Италијано, а креатор на новиот бран на „Ренато Дел Ара“ ќе биде Доменико Тедеско. Поранешниот белгиски селектор денеска е потврден од Болоња како нов тренер и наследник на Италијано, а потпишал договор до 2028 година. Тедеско е роден во Италија, но пораснал во Германија, каде ја започна и тренерската кариера, а преку Оје и Шалке 04, работеше и во ...
Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација ги започнува подготовките за последниот предизвик од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година. Селекторот Жозеп Мариа Берокал го објави поширокиот список на играчи за јулскиот ФИБА „прозорец“, во кој нѐ очекуваат дуели против селекциите на Ирска и Луксембург. Пласманот во главните квалификации е веќе обезбеден, што му дава простор на стручниот штаб за одредени тактички маневри. ...