Сезона за заборав во Ливерпул и шпекулации за негов трансфер. Федерико Киеза во штотуку завршената сезона во Премиерлигата имаше само 726 минути на теренот и три гола. Премалку за да биде задоволен. Сега го чека работен одмор, а потоа веројатно нова авантура. Можеби во Серија „А“, којзнае? Неговата желба е да се врати, и тоа во дресот на Јувентус. „Почнав добро во сезоната, со минутажа и со голови. Бев среќен, но потоа годината заврши поинаку ...
Федерико Киеза беше голема ѕвезда на Јувентус и еден од хероите на последната европска титула која ја освои Италија, но неговиот фудбалски пат целосно се промени летото 2024-та година. Желбата на Јувентус да почне целосно нов проект со Тиаго Мота се покажа како пресуден фактор за популарниот Феде, кој наместо да биде лидер на проектот и да добие нов договор, се најде на излезни врати и беше принуден да си оди. Киеза долго го одолговлекуваше ...

