Култната монодрама „Последниот час на Његош“, во која ликот на Петар II Петровиќ Његош маестрално ја игра актерот Слободан Маруновиќ, првенец на Црногорското народно позориште, ќе гостува на сцената во Македонскиот народен театар, на 28 февруари, во 20 часот. Претставата е по текст на Слободан Томовиќ и во режија на Благоја Ераковиќ, а досега е изведена повеќе од 1.500 пати на театарските сцени низ светот. Премиерно е одиграна на 19 мај 1988 ...
Монодрамата „Последниот час на Његош“, со актерот Слободан Маруновиќ, првенец на Црногорското народно позориште, вечер во 20 часот гостува на сцената во Македонскиот народен театар. По текст на Слободан Томовиќ и во режија на Благоја Ераковиќ, монодрамата во која ликот на Петар II Петровиќ Његош, ја игра Маруновиќ, досега е изведена повеќе од 1.500 пати на театарските сцени низ светот. Ги има добиено најголемите регионални, европски и светски ...

