На денешната прес-конференција по повод најновата премиера на “Пинокио“ во Народен театар Битола, директорот Васко Мавровски ги потсети присутните на значајните моменти од богатиот вековен живот на театарот. Со особена гордост, Мавровски ја истакна обновената сцена, украсена со оригиналната завеса која пред точно 100 години ја добил театарот како подарок од српската кралица. “После еден век, конечно ја пронајдовме и ја вративме на местото ...
Театарската претстава „Авантурите на Пинокио“ од Карло Колоди, а во режија на Деан Дамјановски, премиерно ќе се изведе на 28 февруари, со почеток од 18:00 часот на Големата сцена на Народниот театар Битола. Дамјановски во Битолскиот театар „Пинокио“ ја поставува по 30 години. Прв режисер на претставата пред 30 години бил Љупчо Ѓоргиевски, кога ликот на Пинокио го толкувала актерката Валентина Грамосли која повторно ќе настапи, но сега во ...

