„Вистината во време на војна се состои единствено од пропагандните лаги на завојуваните страни“. Се изненадив кога открив дека оваа контроверзна, но просветлувачка мудрост е срочена токму од авторот на овие редови, некоја година порано. Желбата цитатот да ја доживее вечноста, морав сепак да ја надбијам со наплив на скромност, па признавам дека таа само на друг начин ја искажува старата изрека, дека вистината е првата жртва на војната. Како е ...

Тука, сите во исчекување. Едните, зашто чувствуваат, а и анкетите им го загреваат чувството, дека ќе се случи промена и дека ќе дојдат на власт. Другите, зашто се надеваат дека нешто ќе се случи во последен миг и дека тие ќе останат таму каде што се и ќе продолжат понатаму, ако ништо друго, барем во следните четири години. Полека, ама сигурно, се загрева атмосферата пред изборите во Јукеј, за нешто помалку од 30 дена ќе се види дали ...

„Беше 3:30 часот наутро на 24 февруари 2022 година кога ме разбуди звукот на ѕвонењето на мојот телефон. Безброј разузнавачки брифинзи што предупредуваат за руска инвазија на Украина, никогаш не можат да ве подготват за моментот. Слушајќи го темниот глас на претседателот Зеленски преку телефон кој ни рече ‘бомбите паѓаат врз нас, ова е целосна инвазија’, знаев дека целиот безбедносен аранжман по Втората светска војна се промени засекогаш. Тоа ...

Кога, во 1991, отидов на првите разговори во ОН за проблемот со „името“, ми беше укажно дека светската организација, низ историјата на своето постоење, се соочувала со два вида проблеми меѓу државите – правни и политички. Правните спорови важат за полесни и, во согласност со желбите на учесниците на спорот, се даваат на суд, а странките ја прифаќаат судската одлука независно од исходот. Политичките спорови, пак, чии корени се длабоко во минатото ...

На претстојните избори за Европскиот парламент, иднината на ЕУ виси на конец. И иако има околу 400 милиони гласачи, само неколку стотици илјади од нив би можеле да ја променат рамнотежата на моќ во Парламентот, а крајната десница е подготвена да го зголеми својот дел од местата. Сепак, про-европските кандидатите сè уште можат да го спречат овој очекуван пораст доколку успеат да мобилизираат поддршка меѓу оние за кои европските вредности — ...

Глобалната енергетска криза, предизвикана од комбинирани фактори какви што се зголемената побарувачка за енергија по пандемијата на ковид-19, геополитичките тензии и прекините во синџирите на снабдувањето, ја погоди светската економија во неочекуван и значаен обем. Северна Македонија, како мала земја во развој, се наоѓа пред значителни предизвици во однос на енергетската стабилност и економскиот раст. Од новата влада се очекува да се справат со ...

Во индискиот град Бангарх во државата Раџастан се наоѓа древната тврдина Балнат, напуштена пред векови. Се мисли дека таму ехото на човечкиот глас преку ден се претвора во лоша енергија преку ноќ, и може да убие! Многу здрави луѓе таму умреле на мистериозен начин. За таквата мистерија сè уште нема логично објаснување. Властите строго го имаат забрането влезот во замокот по зајдисонце и пред изгрејсонце! Се смета дека таму во последните три века ...

Станови и деловни простории наголемо се продаваат во спорната 17-катница што се гради кај поликлиниката „Букурешт“. Инвеститорот им нуди на потенцијалните купувачи „воодушевувачки поглед на хоризонтот на градот и планината Водно“, квалитет, функционалност, како и „модерно живеење со лесен пристап до основните животни удобности“, односно „живот во потполност на централна локација во градот“. На располагање на заинтересираните граѓани им се дури ...

Периодот во кој влегуваме е сериозен. Технологијата од добро станува нужно зло. Од една страна ни носи голем број добри работи, но од друга, пак, носи низа предизвици. Неделава што помина како да нè потсети дека влеговме во сериозен хаос од кој не се знае баш што е што и кој е кој. Нови предлози на Унијата за тоа како да се бори со дезинформациите што се дело на една група автори од пред некоја година. Супер си е тоа во демократски стил, ама ...

Претседателот на Бугарија Румен Радев, врховен командант на држава членка на НАТО и генерал на НАТО, замина во многу итна посета на Унгарија и Швајцарија, додека Софија беше домаќин на Парламентарното собрание на НАТО – клучен меѓународен настан за земјата во последните неколку години. Радев објасни дека не побегнал од Бугарија, бидејќи неговите посети биле договорени многу пред да се закаже Собранието – иако дури и на недипломатите им е јасно ...

Дали опозицијата треба да овозможи двотретинско мнозинство за промена на организацијата на министерствата? Да – само ако мнозинството пристапи кон: – дополнување на уставната Преамбула според Дополнителниот протокол, – промена на раководствата на Националната радио-телевизија и Агенцијата за аудиовизуелни услуги, на кои им е истечен мандатот, и – донесување на Законот за примена на рестриктивни мерки. Со јасен и транспарентен договор за прекин ...

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 03.08.2000 година) Едно време, во комунизмот, доста често се раскажуваше еден духовит болгарски виц: некој човек имал работа во владата (таму тоа се вика “правителство”) и, од раното, пошол да си ја сврши. Бирократијата го теркала од едно одделение во друго, од една соба во друга, од еден шалтер на друг. Работното време минало, а човекот никаква работа не свршил. Во еден момент, на излегување, сиот изнервиран ...

Францускиот претседател Емануел Макрон во својот говор на Сорбона во април, и повторно при неговата државна посета на Германија кон крајот на мај, предупреди дека Европа се соочува со сопствената смртност. Притиснати меѓу Русија на Владимир Путин, Кина на Ши Џинпинг и, потенцијално, Америка на Доналд Трамп, Европејците итно треба да покажат солидарност; сепак, токму поради тоа што не се чувствуваат сигурни, Европа се чини дека се распаѓа. ...

Крај на колумната Јас ја разбирам нашата НАТО определба, ама не можам никако да прифатам дека целиот српски народ е геноциден. И затоа во Македонија има да одлучуваат хуманисти, а не „сељаци“ и „говеда неотесани“. За „говедото неотесано“, по скопски можеш да го класифицираш како мангуп или пак како невоспитан, што си ја чешкаше главата (тогаш министер за внатрешни работи) при атентатот на нашиот миротворец за Босна, Киро Глигоров, и кој го ...

Додека светот – во случајов Кина – ја освојува (и) темната страна на Месечината, кај нас, среде Скопје, и тоа во утринскиот сообраќаен „шпиц“, Општина Центар ги мие улиците со цистерни како во педесетите години на минатиот век; додека нормалните држави забрзано ја истражуваат вештачката интелигенција како еволуирачка технологија и нов инпут во (условно) подобрување на животот на човекот, ние не можеме да најдеме природна интелигенција за важни ...

Петар Поп-Арсов Ние во Македонија сме си преокупирани со нашите секојдневни проблеми и маки. Претежно сме фокусирани на домашната политика, меѓусебните расправии и кавгите со комшиите. Тоа некако највеќе ни лежи како активност. Не дека ние сме виновниците за таквите караници, но факт е дека сме во добра кондиција во овој спорт и немаме проблем да го прифатиме секој предизвик, па дури и најситната провокација. Што се случува во светот, подалеку ...

04/06/2024 12:37 - Окно - +1

Преземено од Дојче Веле Не престанува да ме изненадува лаконската леснотија со која поголемите македонски партии живеат во балон на сопствената реалност, целосно одвоени од објективната вистина и надворешниот свет. Дотолку повеќе што таквата, напати шизофрена, дискрепанција, раѓа патолошки синдром на намерно замижување пред очигледната реална состојба, создавајќи општествено-политичка шизма која потоа се реперкуира назад кон електоратот, се ...

Тешкото одвојување и предавање на власта, знаеме сите, е една авторитарна карактеристика која несомнено ги следи ВМРО ДПМНЕ. Ако, ги заборавиме лудите идеи на шарлатанот Брат Љубе во 2002, кога по поразот на изборите имаше обиди за насилство врз институциите кои за среќа не му поминаа; не ги забораваме и сведочевме на судски процеси врзани за пеколниот план на непредавањето на власта во 2016-2017. Тоа непримопредавање траеше, горе доле околу ...

Доколку Русија би победила, тоа би имало последици за повеќе идни генерации, рече деновиве шведскиот премиер и лидер на конзервативните Модерати, Улф Кристоферсон, во парламентарната дебата посветена на главните прашања во пресрет на изборите во ЕУ, што ќе се одржат на 6-9 јуни. Тоа практично го отсликува расположението и централните заложби на политичките елити во повеќето ЕУ-членки, кои сега треба да добијат израз и да се прекршат преку ...

Почитувани читатели, во денешната колумна посветена на стечајот на Еуростандард банка, посебен акцент ставам на последиците со носењето на Еуростандард банка во стечај, врз нашето општествено живеење. Одамна е јасно дека, по речиси 4 години од носењето на Еуростандард банка во стечај, финансиските средства кои се собраа и се собираат во стечајната маса на банката, во целост ќе ги обештети сите правни и физички клиенти на банката. Неофицијално ...

Инфантилизирани и интелектуално декапацитирани политички елити повторно го милитаризираат и го туркаат во самоуништување европскиот континент како што тоа го правеа пред 110 години, пред Првата светска војна. Но, овој пат заканата од нуклеарен холокауст се однесува на целата планета, не само затоа што полудените елити го ескалираат засега индиректниот судир помеѓу најмоќните нуклеарни воени сили, туку и поради тоа што и милитаризацијата на ...

Премиерот на Грција Мицотакис го повика идниот македонски премиер Мицкоски при претставувањето на владата во нашиот парламент да го употреби името Северна Македонија и да продолжи доследно да го користи тоа име за домашна и за надворешна употреба. Се разбира, ова би бил најбрзиот начин да се надмине нешто што може да прерасне во криза во меѓусебните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Грција. Да се избегне нешто што може да ги ...

Пред 15 години пишував книга за штедење на енергија и се јавив во две агенции за недвижности за да добијам информации дали потенцијалните купувачи прашуваат дали становите имаат топлинска изолација. Одговорот беше „не“, тие најмногу се интересирале за локацијата, цената, има ли лифт, „парно“ и др. Веројатно денес состојбата е поинаква, но не многу бидејќи најголемиот дел од граѓаните не се доволно информирани за значењето на енергетската ...

Последниве години на оваа тема сум пишувал повеќе пати, но како да нема никаков слух и интерес од надлежните институции, почнувајќи од Владата (на заминување), МОН, Собранието на Република Македонија (како основач на јавните универзитети), Универзитетите и други субјекти. Во сериозни, нормални, правни држави, кога се појавуваат и се објавуваат светски рангирања на универзитети нивните научни достигнувања, а ако тие достигнувања не ги исполнуваат ...

Добивај вести на Viber Од почетокот на војната во Украина Западот си беше поставил „црвени линии“ во поглед на спротивставувањето на Русија по нејзината инвазија во Украина. Најнапред на Украина и беа давани само нелетални оружја, за постепено тие линии да се бришат. Па дојде бришење на линиите за одбранбени оружја, па оклопни возила, па тенкови, па инструктори, па авиони...Најновото решение на „колективниот“ Запад избриша уште една „црвена ...

02/06/2024 08:09 - Фокус

А, новоизбраната македонска претседателка стрчеше, бидејќи не се вклопуваше во Преспанскиот договор, па фрлија анатема. Парадигма за стигматизирање на стрчењето во криво насадената Македонија е негативната кадровска селекција во изминатите триесет и кусур години. Ваквиот медиокритетски кадровски систем го практикуваа сите три статус кво партии. Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ На мајските претседателски и собраниски избори се потврди дијагнозата ...

Протопрезвитер Ивица ТОДОРОВ Причината за големата криза во која денес се наоѓа бракот и семејството во нашето македонско општество, пред се и над се, ја гледам во тоа што огромен процент од нашите современици не сакаат да учат за љубовта, животот, бракот и семејството туку сакаат веднаш, неподготвени, да ги конзумираат, и тоа онака, површно, егоистично и себеугодливо. Но, духовните закони ни велат дека такво нешто не може да помине без ...

Вкупната сума на „чесно“ заработени пари од „противправното посредување“ и менаџирање со судски процеси се проценува на четири до пет милиони евра. Искрено кажано, тоа и не се многу пари, ако се знае дека во судско-обвинителскиот бизнис се вртат многу поголеми пари од овие. Пишува: Ристе ЉУБОТЕНСКИ Алчноста е тешка болест! Особено ако сте судија или обвинител, кој пред законот се заколнал дека ќе се „бори“ против криминалот и корупцијата. Но, ...

Роберт МАЛОУН Се наоѓаме во Женева, меѓународната престолнина на глобализмот. Сите ја чувствуваме претстојна битка. Но, дали знаеме кој е пријател, а кој непријател? Дали ги разбираме нашите сојузници како и нашите противници? Едноставните стереотипи нема да доведат до победа. Двете страни мислат дека ја претставуваат иднината. Двете страни мислат дека се борат со злото за да го спасат светот. Сите страсно веруваат дека се борат за општото ...

Изгледа дека нѐ чекаат долги месеци, а можеби и години, кога прашањето на Договорот од Преспа ќе ја подјадува супстанцата на македонското општество, ќе арчи непотребна енергија, новите власти што треба да дојдат ќе смислуваат акробатски одговори за да не се отуѓат од големото гласачко тело. А во исто време ќе треба да одат по жица во разговорите и обврските со меѓународните партнери. Не ја знаеме програмата на идната влада, но гледаме дека ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
25%
1010
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
47%
1010
weather icon

Загреб

29ᴼ / 28ᴼ
2.57
46%
1008
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
38%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.28
38%
1009
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
3.6
57%
1010
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
1.54
68%
1009
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
53%
1012
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
35%
1011
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
1.54
37%
1009
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
45%
1008
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
7.2
47%
1011
Currency

61.56

Currency

52.8524

Currency

71.1105

Currency

34.5425

Currency

38.4843

Currency

65.8599

Currency

7.35727

Currency

0.67308

Currency

0.35593

Currency

0.52473

Currency

1.3085

Currency

0.61322

Алуминиум

2.61

Иридиум

145468.59

Кобалт

42.99

Никел

14900.00

Рутениум

25656.30

Калај

33.32

Сребро

1227.82

Злато

107715.09

Бакар

11.22

Паладиум

39770.47

Платина

46441.62

Родиум

186474.33

Цинк

2.78