
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Меѓу вечните вистини, или, поуки за сите времиња – како сакате, искажани од мудреците, впечаток ми остави онаа за поимот “одлив на мозоци”, или, заминувањето на образованите во странство, за дилемата околу (не)етичноста од напуштањето на родната земја. Според нобеловецот Иво Андриќ, проблемот, или штетета – како сакате, не во заминувањето на паметните, туку, во останувањето на идиотите! Градот во кој живеам, Охрид, низ историјата, но и ...
Нешто повеќе од половина од возачите на автобуси и трамваји во Шведска се родени во странство, а и една третина од медицинските сестри се имигранти. Статистиката покажува слична мигрантска „преплавеност“ и во низа други професии. Шведска едноставно не може да функционира без имиграција. Неспорна вистина е дека имиграцијата историски значајно ја збогатила не само Шведска, туку и голем број други западноевропски земји. Истото важи и за ...
Добивај вести на Viber Олимпискиот оган на игрите во Франција синоќа беше угасен. Знамето на Олимписките игри беше предадено во рацете на идниот домаќин – Лос Анџелес. До 2028 година остануваат години на исчекување. Исчекување на желбата на претседателот на Олимпискиот комитет, Томас Бах, културата на мирот да завладее во светот. Очите на населението ширум светот од денес, наместо кон Париз ќе бидат свртени кон реалноста. А таа не е ...
Апсурдот и блуткавоста на „Македонската салата во сос Вето“ стигна дотаму што денешниот хомосапиенс може да се нарече како му текне: воздух, тиква, крт, трет пол, марсовец, само не Македонец! Дали можеби следниот чекор може да биде ЕУ да ја забрани подготовката и консумирањето салата со името „Македонска“? Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ Најновата откачалка на ДУИ со необалистички ултиматум за озаконување на коалицирање според принципот ...
Оваа година ја обележаа два големи меѓународни спортски настана: Европското првенство во фудбал во Германија и Летните олимписки игри во Париз, 2024 година. Во текстот ќе се осврнеме на ЛОИ во Париз. Направивме анализа на постигнатите резултати на некои спортски нации, а фокусот го ставаме на падот/регресот на резултатите на германските спортисти, како и на подемот на резултатите на кинеските спортисти. Одиме редоследно. Свечено отворање на ЛОИ ...
Пишува: Денко МАЛЕСКИ (Белешки од годините на независноста) Моето писмо до Лоренс Иглбергер „Ваша екселенцијо, агресивната политика на Република Грција континуирано го турка целиот регион кон една голема човечка трагедијa. Нашата влада со сета сила се труди да го одбегне тоа што е толку очигледна цел на Грција – дестабилизација на Македонија. Сметката на Грција е многу едноставна – отсечени од нашите традиционални пазари на север, поради ...
Што би можело да биде важно за СДСМ од победата на британските лабуристи при конципирањето на идната програма и трансформацијата на партијата? Една од најважните лекции е брзата рехабилитација. Пишува Љупчо Поповски Големи, па дури и катастрофални порази на партии кои биле владејачки во Европа, не се нешто што е непознато. Да споменеме само неколку – маргинализирањето на Социјалистичката партија во Франција по мандатот на претседателот Франсоа ...
Соопштение од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство: „Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари работна средба со Флакрон Беџети, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тема на денешната средба беа тековните работи во министерството“. Министерот остварил средба со неговиот заменик!? Па уште се сликале и испратиле соопштение до медиумите. Добро бе, се зае.авате ...
И сега, кога сѐ ќе ставите на куп, особено последните ригидни „политики“ на ЕУ, претседателскиот циркус во САД но и оние 3.9 милијарди долари (од потенцијалните 7.9 милијарди) за вооружување на Украина, како и оние 13.2 милијарди евра од членките на Унијата за истата цел…, станува ли појасно зошто „госпожа“ Урсула повторно ја доби довербата на европската политика (или „политика“, како сакате)? И тоа со целиот нејзин багаж на карикатурална ...
По откажувањето на концертите на Тејлор Свифт, малото гратче во Долна Австрија со 15.000 жители, од кои дел и доселеници, ја дели истата загриженост со Гостивар, мултиетнички град во западниот дел на Северна Македонија.Пишува Катерина Блажевска. Два мирни града – едниот Терниц во Австрија, другиот Гостивар во Северна Македонија станаа светски познати преку ноќ. И двата во мачна приказана ги „спои“ Б.А. (19), еден од приведените за планирање ...
Петар Поп-Арсов Малку ни беа нашите домашни проблеми кои што постојано си ги имаме со нас самите, па уште добивме и дополнителни скандали увезени од странство. Увоз на свежи проблеми од најблиското соседство кои на прв поглед изгледаа како недоразбирање, недостаток на координација и комуникација меѓу надлежните служби, за да во најекстремната варијанта на толкување изгледаат како дипломатски скандал. Реакции, телефонски повици и протестни ноти. ...
За случувањата од повеќе сфери во земјава може да се пишува многу, но во последниве неколку денови актуелни се пожарите што ги опустошија шумите низ планините и селата. Затоа ќе напишам неколку најискрени редови што сметам дека мора да ги ослободам од мене бидејќи горат баш како пламен. Вчерашниот пожар чијшто чад го посведочив со свои очи иако беше далеку, се издигаше во близина на планината Илиница и изгледаше застрашувачки. Пламнатите дрвја ...
Растејќи во Грција, еден од моите најрадосни спомени од детството беше најавата дека училишната (и работната) недела ќе се намали од шест дена на пет. Бидејќи, исто така, се сеќавам дека моите сонародници беа подеднакво возбудени поради промената, бев изненаденa кога слушнав дека според новиот закон, работодавачите во неколку сектори може повторно да спроведат шестдневен распоред. Оваа промена е изненадувачка од многу причини. Прво и основно, се ...
Како би било, македонците и албанците овде, да престанат да се натегаат и заоѓаат ? А, особено нивните политички претставници да престанат со инфламаторните реторики и пироманија? Фантастично би било, како што впрочем не е. Мала земја, со богати природни ресурси, во која сите ќе бидат подеднакви; подеднакви и од наједнаквите. Замислете само како би било кога јавниот збор би немал поттикнувачко распалувачки последици?! Но, во нашата/вашата ...
Насловот понекогаш е намерно семантички нецелосна реченица за да биде предизвик на претставите во душата на читателот. Интересот да се потсетува една тема или намерно се игнорира сепак е личен капацитет кој е услов за комплетна свесност за опкружувањето. Дури и тогаш кога се нема храброст да се расчисти една приказна и заклучи исход со единствена верзија. За овој настан раскажувам од своја гледна точка, од сведоштва на луѓе современици на ...
1. Второто, секако. Затоа премиерот и провладините медиуми секој ден зборуваат за “дестабилизација на земјата” обидувајќи се однапред да превенира протести. Но само еднаш зборуваше за преполовување на данокот на профит за фирмите кои ќе консолидираат 50 милиони евра добивка. Со оглед на фактот што оваа мерка не се применува за компаниите вон развојните зони, Владата: – нуди решение по мерка на најбогатите (партиски и програмски легитимно), – ...
Стефан Митиќ Олимписките игри во Париз се пример за тоа што големите спортски настани можат да направат за да го намалат нивното влијание врз животната средина и да промовираат решенија за одржливост пред глобалната публика. Олимпиското мото – побрзо, повисоко, посилно – е за надминување на старите рекорди. Но, во ерата на климатските промени, треба да додадеме уште една отрезнувачка придавка на ова мото: потопло. Денешните зголемени температури ...
РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 13.05.1998 година) Еден ревносен пратеник (по кој знае кој пат) деновиве се обидува да го стави во движење собранискиот механизам за конечно да се донесе новиот грб на земјата (што, инаку, да го потсетам читателот на тоа колку кај нас владејачката партија ги почитува уставноста и законитоста, според чл. 8 ст. 1 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија, требаше да се стори „во рок од ...
Се обединува ли македонската левица? Кога би бил злобен, во стилот на ведетите од Бихаќка, чии тажни трикови и манипулации јавно ги артикулира портпаролката Богданка Кузеска, би рекол – да. Би рекол, СДСМ и Левица на Димитар Апасиев се обединуваат. Ако не баш идеолошки, тогаш во политичката акција. Би рекол попрво, СДСМ се строи зад Левица. И би додал, на американската амбасадорка Агелер тоа сигурно многу ѝ се допаѓа. Но, иако на некои им е ...
Грците смеат да тврдат дека безмалку истовремено по потекло се и Тракијци, Византијци, Ахајци, Спартанци, Тебанци, Атињани, Тројанци, Коринтјани, Криќани, Македонци и уште десетина други племиња/заедници/етноси. Бугарите смеат да тврдат дека безмалку истовремено по потекло се и Тракијци, Даки, Пеонци, Мизијци, Скити, Келти, Римјани, Византијци, Словени, Илири, Авари, Хуни, Готи, Сармати, Турко-Бугари, наследници на Ное, на Атлантида, на Асирија, ...
Повеќе од половина век, колку што, ние постарите, паметиме, учествуваме и известуваме, градот Охрид, во летната туристичка сезона, не е само првиот туристички центар, туку и летна културна метропола, а еден период, тука, од Скопје, се сели и државниот врв, со сите активности, иманентни за највисоките политички, владини и други државни институции. Тоа веќе, колку што е привелегија за Охрид, истовремено, во последно време, претставува и голем ...
Два големи културни настани ова лето, церемонијата на отворање на Олимпијадата во Париз во 2024 година и објавувањето на Deadpool & Wolverine, и двата нудат блескави спектакли заситени од иронија. Но, тоа е сè што имаат заедничко, и со анализа на нивните разлики, можеме подобро да ја цениме длабоко двосмислената природа на иронијата денес. Ироничнaта дистанца кон преовладувачкото општествено уредување честопати функционира како едвај ...
Годишнината од злосторничкото бомбардирање на Хирошима (6 август 1945) не е директен повод за овие редови. Има и многу други, актуелни: војната во Украина, меѓународниот тероризам на Израел, воените подготовки на Иран… Налудничавата агресивна страна на историјата на човештвото никако не мирува и постојано си пронаоѓа такви совпаѓања. Меѓу нив, и на Балканот, како константна невралгична точка. А во таа насока, не знам како, и зошто, онака „глуво“ ...
Западните либерални демократии веруваат дека отвораат ново поглавје во историите на нивните држави,поглавје кое го нарекуваат „Ново општество“ – пост-христијанстко, пост-национално општество.Тие мислат дека ако се измешаат различни заедници, да речеме муслимани со домородното христијанска заедница, нешто добро ќе произлезе од тоа. Јас мислам дека нема да биде добро.нЗатоа донесовме одлука ние Унгарците да не се мешаме со други народи. Се работи ...
Пред една седмица на владина седница е формирано тело во надлежност на Министерството за образование и наука (МОН), кое ќе направи анализа на работата на сите државни и приватни универзитети и факултети во нивниот состав. Премиерот Христијан Мицкоски, изјави: „се срамам на две места каде што бев и во Вашингтон и во Лондон, каде што имав можност со мои колеги од соседството да разговарам, едните и другите и третите ми кажаа од кај вас преку ден ...
Има една позната и веќе излитена фраза, со која често се опишуваат ситуациите кога невнимателноста и нетрпеливоста можат да предизвикаат големи штети во фрагилно опкружување и во деликатни околности. Така е во животот, така е и во политиката. Па се вели – се однесува како слон во стакларница. Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, Влен и на ЗНАМ е опкружена со фрагилни институции, кои со години се жариште на клиентилизам, корупција и криминал, кои се ...
Добивај вести на Viber На 1 август во Анкара се случи размена на 26 лица во која од една страна учествуваа САД, Германија, Полска, Словенија, Норвешка и Русија и Белорусија од друга страна. Домаќин на настанот беше Турција. Русија и Белорусија дадоа 16, а Западот 10 лица. Тоа беше најголема размена од времето на Студената војна. На Германија и беа предадени 13, на САД три лица, а за Москва летнаа 10, меѓу кои и две малолетни. Сите тие, освен ...
Постојано се вели дека правната држава е дел од идентитетот на ЕУ. Доколу не се почитува, ЕУ како проект е под закана. Едновремено, се намалува кредибилитетот на меѓународните заложби на Унијата за зајакнување на принципот на владеење на правото во светот. На земјите кандидатки за членство тоа им се повторува како библиските заповеди. Урсула фон дер Лајен не оставаше простор за двоумење со своите предизборни настапи дека сака да ја води ...
Додека некои идиоти прават култ на личноста од криминоген опозиционер, а главната партија од власта не може да се скраси со наративот и каде тера, ДУИ води петтоколонашка операција против државата која ја искрадоа, која ги збогати и која ги направи луѓе. Кој и да погрешил, доколку воопшто некој погрешил кон косовската претседателка, не е начин да се руши и да се гази сопствената држава, во тепачка кој е полојален и поблизок до Косово. Бедни ...
Новата власт треба да знае дека успешните бизнисмени и фирмите со голема заработка не им ја донесоа големата победа. Туку просечниот граѓанин кај кого веќе не поминува нема пари во буџетот што ни го оставија претходните. Новата власт не е избрана за наоѓање изговори, туку за решенија. Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ Рачните часовници што ги пријавил премиерот Христијан Мицкоски во анкетниот лист вредат повеќе од 50 илјади евра. Со ...