
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Македонската демократија, стара одвај три децении, во споредба со некои европски демократии, па и САД, е само гологазо новороденче. Од неопходните „пелени“ го има единствено оној Устав, па и тој толку пати избербатен од коекакви валкани политикантски играрии. Законите, наводно демократски, не вреди ни да бидат спомнувани бидејќи се толку пропустливи што низ нив поминува сѐ и сешто. Полека но сигурно, безмалку од самиот почеток, таа – ...
Минималната плата во Република Северна Македонија е една од темите кои, без сомнение, се на врвот на агендата на секоја влада што доаѓа на власт. Но, да бидеме искрени, дали оваа сума од околу 22.500 денари, всушност, претставува нешто повеќе од симболична цифра што политичарите ја користат за да се пофалат со „постигнати успеси“ пред своите гласачи? Владата на ВМРО-ДПМНЕ, како и секоја друга, сигурно има „најдобри“ намери за својот народ. ...
Јованка КЕПЕСКА На почетокот беше зборот што значи говорот, стои во Библијата. Да се има предвид дека сходно според филозофската антропологија ние сме она што со мајчиното млеко сме го примиле од мајката. Убав збор за говорот што мајката ни го пренела. Според што сме изградени како личности. Оттаму, говорот има значајно место во животот на поединецот, на народот и на општеството. По говорот се препознаваме како луѓе. Ја отсликува нашата ...
Што да се прави, за да еволуира општествената свест на една група население, популарно наречена народ? А при тоа, тој народ да може да ги ужива придобивките од сопствениот напредок? Убедена сум дека прво, ќе треба да се еманципира; да се само-освести, особено, vis a vis својата положба во контескот на светот околу себе. Но, таква операција, овде не е направена. Сè уште не. Сите што се колнеле во народот, први го издале. Еманципацијата никогаш ...
Српската гранична полиција четири часа ја испрашувала Северина за Јасеновац, за Сребреница, за литиумот… Само за она филмчето не ја прашувале. Увиѓавни момци. „За Северина мислам сѐ најлошо, но тоа што ја држеле на граница е глупаво“, изјави Алексдандар Вучиќ. „Северина е полоша од шверцерка и од дилер на дрога“, контрира славната Карлеуша. Констракта, ѕвездата на Евровизија, на Инстаграм ја поддржува Хрватицата. „Северина е мајка и сопруга на ...
Партиите од владејачкото мнозинство во очи на изборите не излегоа од стопанските комори, ама синдикатите ги „заборавија“. Јасно е дека без стопанство нема економија, нема вработувања, нема плати, нема куповна моќ, нема даноци… Но, исто тоа го нема ниту без работници. А, како што мириса, на работниците добро не им се пишува. По првиот синдикален притисок за зголемување на минималната плата, кој патем беше и првомајско мото на Сојузот на ...
Најдобриот дел во оваа земја секогаш е поврзан со политиката, во сите можни форми и варијанти, со заеднички именител – бесконечни, бескрајни злоупотреби. Оттука, и пред да посакате да станете политичар, однапред знаете само едно – можете да правите што сакате, колку ви е драго, како и да ви е мило, без да сносите никакви последици, никогаш и никаде. Драгиот спикер на Парламентот, Африм Гаши, токму и тоа го имал на ум кога седел еден ден и се ...
Времето во кое живееме, на територијата на поранешна Југославија, е период во кој во сите општества создадени по падот на социјализмот, обземени во закоравени национални граници и оковани во монокултурната ексклузивност, владее и се негува култот на незнаење, затапеност, ксенофобија непрекинато повампирување на ретроградните и ревизионистички уназадувања. Таквите затворања, форсирања на најниските побуди, идеологијата крв и тло, е константа на ...
Денко Малески Ме замисли изјавата на новиот премиер на РС Македонија, Мицковски, дека историчарите од актуелниот состав на историската комисија со Бугарија не ги бранеле националните интереси. Оттаму, како разбирам, нужноста од нивна смена. Актуелните историчари во комисијата не се покажале во борбата за националната кауза, е заклучокот. Тоа што во демократскиот свет историчарите дамна престанале да бидат борци за националната кауза и станале ...
Како одредена структура владеела можете да почувствувате најконкретно во случаи на криза или елементарна непогода. Пожарите кои се распламнаа веднаш по промената на власта (интересно, и покрај високите температури, вистинска коинциденција, нели?) потврдија дека државата изминатите години се водела катастрофално, и дека биле во континуитет занемарувани еден куп потреби. Останавме на канадерите (хидро авиони) кои се купија пред скоро 15 години. Ем ...
Капа долу, тивки херои! Вас никој не ве фали во јавност, ниту со име не ве знае, ама за мене лично, вие сте јунаците и хероите, срцето на оваа наша напатена Македонија! Слава ви! Оваа моја денешна колумна ја посветувам на тивките херои. Оние за кои никој јавно не зборува, оние кои се соочуваат со животно загрозувачка работа, а се потценети, слабо платени, лошо опремени, а неретко и невработени или волонтери. Зборувам за пожарникарите. Зборувам ...
Честопати, при моите јавни настапи и медиумски гостувања ме прашуваат дали сум оптимист или песимист за тоа во кој правец ќе се развива Македонија. Јас соломонски одговарам дека сум оптимист, затоа што Господ ги чува будалите. Шалата на страна, прашањето за системското оправање на државата е во одлуката дали сакаме тие кои се дел од системот, да напредуваме, или тие самите да напреднат до негде. Што сакам да кажам? Без оглед дали зборуваме за ...
Мојата генерација е една од оние кои генерално се скептични за партиски организирано изразување на чувствата, затоа што се сеќаваат на преносите на конгресите на БКП, задолжителните манифестации и дефилирањата со плакати, обрачи и други реквизити на младите луѓе во маици без ракави и шорцеви пред трибините на геронтократијата на Комунистичката партија. Овој неизбришлив спомен го прави ентузијазмот на Американците на нивните партиски конвенции, ...
Веќе некое време е јасно дека двата претстојни избори – по еден на секоја страна од Атлантикот – ќе ја одлучат судбината на либералната демократија во 2024 година: тоа се изборите за Европскиот парламент одржани во јуни и ноемвриските претседателски избори во САД. Иако не се потврдија стравувањата дека европските избори ќе донесат убедлива победа на екстремно десничарските антиевропски партии, опасноста за либералната демократија сè уште не е ...
Васко Шутаров Кога растевме како деца, имавме само една телевизија и сите, од најмладо до најстаро, гледавме исти цртани филмови, исти реклами и исти вести! А на тие вести, секако главни и ударни беа државничките или партиски средби на Тито, па, така од најмали, го сакале тоа или не, знаевме за политичари од сите светски меридијани и за држави, за кои денес се бара напредно знаење од географија. Тито беше неформален лидер на Движењето на ...
„Ако ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во време на криза, веројатно ќе се случи гејм овер“. Рекол Венко Филипче. Коцкарот? Гејмерот? Не бре, докторот Венко Филипче. Кај ли ги учат овие изрази, мајку му стара! По коцкарници? Во играчници? На комар? Кај кого ли е пикслата? Кај Заев ќе е. Нормално. Само, да си кажеме право, на Заев некако му лежеше тој коцкарски стил. И речник. Сите оние шашави блефови. Се сеќавате, нели? И кога сите знаеја дека неговиот ...
Страшо АНГЕЛОВСКИ Потписот на американскиот претседател Бајден се наоѓа на наредбата со која Борис Џонсон беше испратен во Киев за да го спречи веќе потпишаниот мир меѓу Москва и Киев, на самиот почеток на Специјалната воена операција, со што ќе беа избегнати веќе речиси илјададневните страдања на украинскиот и рускиот народ. Потписот на американскиот претседател Бајден се наоѓа на тенковите Абрамс со кои украинската војска навлезе на руската ...
Криминалот е сеприсутен во Македонија. Државата со години страда од луѓе кои не фермаат закони, правила, норми… Е, на ваквите „типови“ првиот човек во МВР им објави војна. Војна со криминалците, а посебно на оние во Скопје, деновиве им објави актуелниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Рече дека ќе се започне со посебна оперативна акција против „багабонтите и криминалците“, фокусирана на безбедноста на градот Скопје, дека ќе има ...
Во неколку продолженија пишував за овој државен Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид (УИНТ), за нивните „филмски“ сценарија за образовни криминали и незаконитости, за непочитување на пресуда донесена од Управниот суд на Република Македонија од страна на ректорот Иван Бимбиловски, во соработка со претседателот на Сенатот на овој универзитет и истите се објавени на порталот НетПрес. За состојбите на овој државен ...
Охридскиот рамковен договор е еден од најзначајните документи во историјата на нашата земја, потпишан на 13 август 2001 година. И покрај контроверзиите, неговата цел беше да го зајакне мирот, стабилноста и социјалната кохезија преку правична застапеност и заштита на малцинските права. Договорот се одбележува секоја година со различни активности и настани кои го истакнуваат неговото значење за мирот и стабилноста во земјата. Оваа година, ...
Првата шатл-дипломатија на Балканот, по подолго време, се случува во овие врели летни денови. Тоа не е добар знак за сите нас што имаме меморија од минати времиња. Ни кажува дека уште се гаснат пожарите од последните балкански војни по распадот на Југословенската Федерација. Само територијата на која може да избувне пожарот е помала. Наместо, како некогаш, западен државен претставник да лета со воен авион меѓу Љубљана, Загреб, Сараево, ...
Деновиве прочитав на веб-страницата на „Фондацијата Зоран Ѓинѓиќ“ дека кога тој се вратил од Германија во Србија, говорел за потребата од „колективна терапија за српскиот народ“ по угледот на германското соочување со своето минато. Тој како „колективна терапија“ ги подразбира долгогодишните филозофски, воспитно-образовни, научно-историски, културни и политички процеси во германското општество, во кои беше критички преиспитано германското минато ...
Најновата бескрупулозна наглост на етнопрофанација беше назначувањето главен ревизор за европските пари од ИПА фондовите. Дотичниот лик од групниот портрет на ВЛЕН, без лиценца скокна од шалтер на банка до ревизор, а беше разрешен дури по реакцијата на ЕУ. Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ Продолжуваат катадневните просерувања на политикантите. Наместо да разговараат и работат на решавање битни прашања и проблеми, племенските поглавари, во ...
Иако ВМРО-ДПМНЕ бара начин за провокација кон “Шиптарите” за да ги обвини за дестабилизација: За Македонците – Албанците биле и се Албанци. Пред се затоа што тие сакаат така да ги нарекуваме. Исто како што Албанците не нарекуваат Македонци затоа што ние сакаме така да не нарекуваат. Затоа на почеток да им се обратиме соодветно на југо-македончињата: Ви имате потребу да докажете да сте још увек употребљиви политици поделе Северне Македоније ...
Овогодинешниот економски симпозиум на централните банкари од целиот свет во Џексон Хол со право се фокусира на механизмот за монетарно-трансмисиски механизам, каналот преку кој монетарната политика влијае на пошироките економски и финансиски услови. Иако Федералните резерви на САД ги зголемија каматните стапки за 500 базични поени помеѓу март 2022 година и јули 2023 година, се чини дека е направена мала штета на реалната економија на САД или на ...
Поверодостојно е дека реформи во суштинска смисла на зборот нема да има! Најверојатно системот на криминал и корупција ќе преживее и ќе продолжи да функционира, но сега, наместо со ,,нивните“, со ,,нашите“ ,,чесни“ политичари, стопанственици, судии и обвинители. Пишува: Ристе ЉУБОТЕНСКИ Кој како дојде на власт, се колне дека „решително“, „бескомпромисно“, „доследно“, „неселективно“ итн. ќе се бори против и ќе стави крај на криминалот и ...
Привршуваат активностите на екстериерот на Офицерскиот Дом во Скопје 24.08.2024 • Информации Став После 10 години од „Скопје 2014“ го сведочиме завршувањето на Офицерскиот Дом. Објектот кој се повикува на некогашниот, срушен во земјотресот од 1963та година, сепак е само реинтерпретација, односно објект кој визуелно остава впечаток на оригиналната слика. Неговата намена и раскош која ја имал во минатото не е тоа што можеме да го очекуваме од ...
Не сум сигурен во здравиот резон сега јавно да ги прашаме оние неколкумина „мудреци“ од форматот на „професори“, „новинарчиња“, па и „активисти“ кои уживаат да проверуваат само туѓи но не и свои изјави, дали воскликот на дуи (малите букви се… знаете што!) „Бараме целосна рамноправност“ доволно им ги појаснува односно потврдува „трилемите“ околу (дез)информацијата за можна дестабилизација на државата? Или сега и оној Вилијамс спаѓа во теоријата ...
Незадоволството и резигнацијата постојано се зголемуваат кога во услови на општествена трансформација, транзиција, корупцијата се користи како средство за „подмачкување“, преку кое некоја помала група, независно од политичката или од етничката припадност, станува енормно богата. Таквото однесување не се менува дури и откако некои земји ќе се зачленат во ЕУ. Коалицијата Европски фронт веќе подолг период речиси секојдневно го повторува „нашиот ...
Meрсел Биљали Во безбедностa важи правилото – пет години ве учат да зборувате, за потоа 50 години да молчите! А кога нормалноста станува невозможна, пропаста станува неизбежна, оти контролата на умот доведува до неконтрола на безумието. Посетата на директорот на ЦИА никогаш не е без голема причина и никогаш не е само со дипломатска порака. Вилијам Барнс, покрај тоа што води една од најмоќните светски сервиси, тој е и еден од најмоќните луѓе во ...