Во фокусот на дневниот ред е изборот на нов претседател на Друштвото, по претходно распишан конкурс, како и изборот на нови членови на Управниот одбор, Уметничкиот совет и Надзорниот одбор. Гласањето за новото раководство ќе биде тајно. На Собранието ќе бидат разгледани и извештаите за работата на актуелното раководство за изминатиот мандат. Пред членовите ќе се најдат извештаите на претседателката проф. д-р Јана Манева-Чупоска и на Управниот ...
Ликовната уметница Јана Манева – Чупоска повторно беше избрана за претседателка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) со четиригодишен мандат на вчера одржаното годишно Собрание во Домот на АРМ во Скопје. Таа беше и единствениот кандидат за оваа функција, додека со тајно гласање беше избрано и новото раководство на Друштвото со мандат до 2030 година. За членови на Управниот одбор беа избрани уметниците: Катерина Таневска, ...

