Линкови за пристапност

Почна потрагата по 20 исчезнати лица по уривањето на големиот американски мост во Мериленд


Контејнерски брод во вторникот наутро удри во мостот Френсис Скот Ки во Балтимор, Мериленд.
Контејнерски брод во вторникот наутро удри во мостот Френсис Скот Ки во Балтимор, Мериленд.

Екипите за пребарување и спасување трагаат по 20 лица кои се водат за исчезнати по уривање на мост во источниот американски град Балтимор, Мериленд.

Видео снимено со мобилен телефон покажа дека неколку делови од мостот Френсис Скот Ки паѓаат во водите на реката Патапско откако контејнерскиот брод под знамето на Сингапур по име Дали удри во столб од мостот околу 05:30 часот во вторникот по локално време.

Мостот Френсис Скот Ки долг 2,57 километри во Балтимор, Мериленд се урна во водата во текот на ноќта откако товарен брод се судри со него на 26 март 2024 година.
Мостот Френсис Скот Ки долг 2,57 километри во Балтимор, Мериленд се урна во водата во текот на ноќта откако товарен брод се судри со него на 26 март 2024 година.

Властите велат дека неколку возила биле на мостот кога се случил судирот.

Официјални лица за итни случаи во Балтимор соопштија дека екипите за пребарување и спасување трагаат по најмалку 20 луѓе за кои се верува дека се во вода.

Синерџи Марин Корп, менаџери на Дали, објавија соопштение во кое се вели дека бродот се судрил со еден од столбовите на мостот и дека сите членови на екипажот, вклучително и двајцата капетани на бродот се пријавени и нема извештаи за повредени.

47-годишниот мост долг 2,5 километри е главна врска во меѓудржавниот автопат што го обиколува градот Балтимор, едно од најголемите пристаништа во САД. Името го добил по Френсис Скот Ки, автор на „Ѕвездениот банер“, поема подоцна поставена на музика за на крајот да стане национална химна на Соединетите Држави.

Ки бил инспириран да ја напише песната откако бил сведок на британското бомбардирање на големата американска воена тврдина во Балтимор во 1814 година.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG