Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја пренесе ни еден сериозен светски медиум, тоа го сторија главно руските и тоа не најсилните како ТАСС и РИА, туку „второлигаши“, а кај нас веројатно е преземена од некој од српските сајтови. Нема логика во тврдењето дека третиот пешадиски полк ...
Владата предводена од СДСМ и во овој мандат не успеа да го изгради ветениот автопат Скопје – Блаце. Иако беше најавено дека до крајот на март ќе биде пуштена во употреба првата делница – од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце во должина од 2 километра, сепак тоа досега не се случи. За втората делница, пак, од селото Блаце до клучката Стенковец долга 10,5 километри, беше распишан тендер, но сè уште не е избран изведувач Ветување: ...
Владата предводена од СДСМ и во овој мандат не успеа да го изгради ветениот автопат Скопје – Блаце. Иако беше најавено дека до крајот на март ќе биде пуштена во употреба првата делница – од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце во должина од 2 километра, сепак тоа досега не се случи. За втората делница, пак, од селото Блаце до клучката Стенковец долга 10,5 километри, беше распишан тендер, но сè уште не е избран изведувач Ветување: ...
На вчерашната дебата на Националниот сервис МРТ, кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски, изјави делумно вистинито дека американскиот Пентагон (односно Министерството за одбрана) не дозволува да им се направи ревизија, дека се под сомнеж за проневера од 1,9 трилиони долари и дека Конгресот има донесено специјален закон за да дозволи ревизија. Иако во сите три става има дел вистина, ниту еден не е прецизен во целина „Пентагон, од 1995 ...
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено ниту претходно. Веста споделена во објавата, а која е пласирана како да е вест на Дојче веле, е лажна. Дојче веле ваква вест нема објавено. Исто така, не постојат никакви нови барања за Македонија за членство во Унијата, а вметнувањето на Бугарите во Уставот ...
Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и град Скопје. Најголем број, 143, се основани од град Скопје и општините, 13 се под владина „капа“, а три јавни претпријатија се основани од Собранието. Според податоците од Министерството за финансии, голем дел од претпријатијата во земјава генерираат долгови кои не можат навреме да ги подмират. Лани во сите ...
Франција не усвоила никаква резолуција со која се стопира процесот на проширување на ЕУ. Ова е лажна вест, претставена како да е вистинска, наводно објавена од Би-би-си. Ниту Би-би-си, ниту кој било друг релевантен медиум, не објавил ваква вест. Покрај ова, ниту Макрон не изјавил дека „на Северна Македонија треба да ѝ се каже дека нема проширување до 2040.“ Обете тврдења се дезинформации Анализираме објава на Фејсбук која споделува вест, ...
Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот претседател Зеленски на 16 април го потпиша Законот за мобилизација, со кој се очекува да се реши проблемот со недостигот на војници во Украина, поради руската инвазија на земјата, но тој не предвидува мобилизација на лица со ...
Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има право да се брани. Русија насила прогласи независност на Донбас и Луганск, нарушувајќи го територијалниот интегритет на Украина. Зеленски постојано повикува на мир и понуди формула за мир, а на негово барање Швајцарија во јуни ќе организира мировен самит, на кој ...
Огромните врнежи од дожд што го погодија Дубаи, во објавата што ја рецензираме се делумно претставени со стари и неповрзани видеа од други елементарни непогоди, или од постар датум, или од друго место Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео, наводно од неодамнешните поплави и силни поројни дождови во Дубаи. Видеоматеријалот претставува компилација од повеќе сцени од различни места коишто се однесуваат на ...
Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и мултилатералните договори на државата, не е круцијална за оценката делумна вистина. Таа не кажува колку и какви проблеми ќе се отворат повторно и во кои сè институции и меѓународни организации, доколку еден ден официјално Скопје реши да ги раскине ...
Сиљановска-Давкова во 2020 година во парламентот влезе со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“. Таа не стана пратеник преку независна пратеничка листа, туку беше носител на листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за Првата изборна единица. Сиљановска-Давкова и во претседателската трка влезе со потписите на пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а на изборните митинзи се појавува заедно со ВМРО-ДПМНЕ и со ...
Тврдењето на Силјановска дека лесно, „низ оџак ќе сме влегле во НАТО“, е неточно и нереално. Повеќе наликува на фино спакувана предизборна приказна за купување на романтичарски гласови. Оџакот за којшто говори Силјановска, всушност за нас беше теснец низ којшто мачно се пробивавме цели 25 години, уште од 1993 година. Од Самитот на НАТО во 2008 година во Букурешт, каде Грција стави вето и земјата извиси, иако имавме силна поддршка од нашите ...
Дел од Платформата „Македонија повторно горда“ на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, упатува на неизвесност на иднината на државата кога станува збор за евроинтеграциските процеси и за односите со Грција и со Бугарија. Бугари во устав нема да има бидејќи такво нешто нема во Договорот со Софија, а Преспанскиот договор е правно и политички отворено прашање Пишува: Теофил Блажевски Професорката Гордана Силјановска Давкова, ...
Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека грчката страна ќе го исполни делот од Договорот кој се однесува на сообраќајните патокази „затоа што е време пет години по потпишувањето да се сменат патоказите во Грција кои упатуваат кон држава која не постои со кратенка ФИРОМ“ Анализираме објава на ...
Минатата недела руската државна телевизија емитуваше снимка од сослушувањето на четворицата осомничени. Еден од обвинетите пред камера изјавил дека планот бил по нападот да се упатат кон Киев. Други обвинети зборуваа за наводната помош што им била ветена при преминувањето на украинската граница. Нивните зборови мора да се земат со голема претпазливост. За време на судското појавување по нивното апсење, на лицата и телата на мажите имаше ...
Објави на социјалните мрежи излегуваат со тврдења за наводната блискост на украинскиот претседател Леонид Кучма (1994-2005) со Русија. Иако тој се обидувал да одржува нормални односи со Русија, сепак, неговата надворешна политика далеку од тоа дека била свртена кон Русија. Особено што земјата токму во текот на неговото владеење официјално изрази желба за влез во НАТО. Со ова паѓаат во вода и другите тврдења, со кои се сака да се наметне ...
Од вкупниот број на вработени во јавниот сектор лани, 70,5 отсто биле Македонци, скоро 22,1 отсто етнички Албанци, 2,6 проценти Турци, а останатите заедници – Роми, Срби, Бошњаци, Власи – биле застапени со помалку од 2 отсто Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во новообјавениот ...
Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за публиката да се збуни околу тоа „кој прв почнал“. Филмот го нагласува палежот врз проруските активисти во Одеса на 2.5.2014 г., што го опишува како геноцид, но премолчува дека во февруари-март 2014 г. Путин изврши анексија на Крим и поттикна бунт низ ...
Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за публиката да се збуни околу тоа „кој прв почнал“. Филмот го нагласува палежот врз проруските активисти во Одеса на 2.5.2014 г., што го опишува како геноцид, но премолчува дека во февруари-март 2014 г. Путин изврши анексија на Крим и поттикна бунт низ ...
Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот мандат. Сепак, досега сè уште не е отворено ниту едно поглавје Ветување: Почнуваме преговори, ја европеизираме земјата! До 2024 година ќе отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ. [Извор: Програма на СДСМ, парламентарни избори 2020, стр. 13, датум – јуни 2022] ...
Откако ќе се исполнат сите услови од процесот на тестирање и пилотирање, и по миграцијата на податоците од постојниот во новиот систем, тој и официјално ќе се примени во сите училишта, а сите наставници ќе добијат соодветна обука за користење, велат од МОН Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со ...
Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но, иако тој лично не присуствуваше, во Струга вчера се одржа централниот митинг и кампањата за претседателските избори на Европскиот фронт продолжува Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели: Османи ги прекинува предизборните ...
Трамп навистина рекол дека Обама е основач на ИСИС, но тоа има метафорично значење, мислејќи, пред сè, на политиката која ја водел Обама и постапките кои ги преземал. Иако тој рекол дека буквално мислел дека Обама е основач на ИСИС, сепак подоцна и самиот признал дека бил сакркастичен. Трамп по нападот во Москва нема дадено изјава во врска со истиот. Очигледно е дека објавата манипулира со негова изјава од 2016 година, имајќи предвид дека ...
Наративите што ги употребува политичкиот противник за Стево Пендаровски се во најголем дел проблематични, бидејќи се базираат на изменета содржина, т.е. или се невистини или полувистини, или, пак, им недостасува контекст. Сепак, Пендаровски ќе треба да се соочи и со дополнителни наративи што можат да му наштетат – за мотивите за ставањето потпис на измените на КЗ веќе утредента или најновото, за неговата наводна мизогинија, бидејќи не ...
Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан и тој нема никаква врска со Рустам Ажиев, прикажан на десната фотографија, чеченски милитант кој во 2022 година се приклучил на војната во Украина, на страната на Киев Анализираме објава на Фејсбук во која се тврди дека еден од напаѓачите ...
Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС објави видео од нападот во концертната сала. На видеото, кое Би-Би-Си го потврди како вистинито, се гледа како еден од вооружените напаѓачи отвора оган врз неколку луѓе. По ова се огласија и САД кои рекоа дека имаат информации кои потврдуваат дека нападот во ...
Во објавата покрај говор на омраза и непримерен речник полн со навреди, се изнесуваат невистини, како на пример дека партијата СДСМ била профашистичка. Кога ќе се погледнат целите во статутот на СДСМ евидентно е дека тие се дијаметрално спротивни на оние на фашизмот Рецензираме објава на социјалната мрежа Threads во која пишува: Им пожелувам на нацистите на северниот натофски федерален вуко*ебистан со сс дивизијата што хара низ медиумите на ...
Уредбата на Сенатот на државата Тенеси не докажува дека кемтрејлс се вистинска појава. Предлог-законот кој се споменува во објавите што ги рецензираме, примарно се однесува на контрола на активностите за геоинженеринг во оваа држава и не споменува кемтрејлс. Кемтрејлс е една од најупорните теории на заговор, според која трагите од кондензација позади авионите се „дел од тајна програма за труење на атмосферата и луѓето со токсични хемикалии“ ...
Борбата против глобалното затоплување не се постигнува со авиони, ниту со трагите што ги оставаат зад себе кои не се ништо друго освен резултат од мешањето на топлината испуштена од млазниот мотор исполнет со водена пареа, со ладниот воздух. Овие бели траги можат да постигнат влошување на климатските промени, а не подобрување Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека со трагите што ги оставаат авионите на небото намерно се постигнува ...