Откако денеска Мијалче Прошев сега веќе екс тренерот на Брегалница беше разрешен, во Штип имаме експресна реакција на тема нов шеф на стручен штаб. Искусниот стратег со интернационално искуство Џенгис Реџепи е нов предводник на штипјани. Оваа информација ја споделија од ФК Брегалница пред само неколку минути. Реџепи во својата кариера досега ги водеше Беса, Љапи (Албанија), Дуќагини (Косово), Лирија (Косово), Фероникели (Косово), Трепча ...

Фудбалскиот клуб Брегалница од Штип доби нов предводник на стручниот штаб. Џенгис Реџепи е новиот шеф на стручниот штаб на „сините“, откако клубот официјално го потврди неговото назначување. Станува збор за тренер со богато меѓународно искуство, кој зад себе има работа во повеќе клубови од регионот, но и искуство од највисоко репрезентативно ниво. Во досегашната тренерска кариера, Реџепи ги предводел Беса, албанскиот Љапи, како и косовските ...