Видео од 2017 година снимено во Париз, на кое се гледа дека францускиот претседател Макрон бил погоден со јајце, погрешно се претставува дека е наводно од Египет. Неодамна Макрон го посети Египет во контекст на проблемите во Газа, меѓутоа средбата со египетскиот претседател помина во процедурален ред без никакви инциденти, наспроти наведеното во објавата што ја рецензираме Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува ...

Алатката за отчетност беше промовирана во 2018 година, а нејзиниот „век на траење“ изнесуваше само три години, кога истата престана да се ажурира Владата сè уште нема објавено решение со кое институциите транспарентно, редовно и самостојно ќе внесуваат дигитални податоци за направените службени трошоци на министрите, нивните заменици и државните секретари. Иако од Владата во април годинава за Мета.мк изјавија дека Алатката за отчетност за ...

Фотографијата која е прикачена на Фејсбук објавата и на која се гледат повеќе посмртни останки, нема никаква врска со цивилните жртви во Газа, туку е стара 20 години и е снимена во Ирак. Фотографијата е на Марко ди Лауро, направена е на 27 мај 2003 година во Ал Мусајиб во Ирак. Иако е од огромна важност јавноста да биде точно и навремено информирана за она што се случува, особено за време на воени конфликти и кога станува збор за цивилни жртви, ...

Тврдењата во објавата дека десетици лекари во Канада умреле „ненадејно и неочекувано“ од ковид вакцините, односно дека биле убиени, е невистина. Оваа информација ја имаат дебанкирано неколку светски сервиси за проверка на фактите. Според нивните проверки за смртта на дел од лекарите, тие починале од сосема други причини кои немале никаква врска со вакцините Анализираме објава на Фејсбук во која се врти видео кое прикажува алармантна слика за ...

Автопатот Кичево-Охрид навистина се гради речиси една деценија и после безброј анекси и ветувања сѐ уште се возиме по гужвите по стариот пат. Само, неразбирливо е зошто дури сега премиерот реши да бара ревизија на проектот и раскинување на договорот со изведувачот, кинеската компанија „Синохидро“. Зарем сега, неколку месеци пред избори ги забележа „дупките на патот,“ заедно со оние во проектот, како и пропустите кај изведувачот? Ковачевски, но и ...

И теоретски е невозможно во над половина од општините во Северна Македонија, кои ѝ припаднаа на ВМРО-ДПМНЕ по последните избори, да не се случувало ништо. Може да се зборува и да се има аргументи дека некаде потфрлиле, како што пратеникот Каевски го набројува специфичниот пример со Град Скопје, но да се тврди дека сите општински власти на ВМРО-ДПМНЕ покажале нула резултати е невистина Пратеникот и портпарол од СДСМ, Дарко Каевски одржа ...

Украина е република со претседателско-парламентарен систем на владеење, што е дефинирано со Уставот од 1996 година. Непосредно пред Русија да ја нападне Украина во февруари 2022 година, Москва лажно ја обвинуваше Украина за геноцид на граѓаните што зборуваат руски јазик во регионот Донбас. Путин го користеше овој наратив за да ја оправда инвазијата врз Украина, но нема докази за да се поткрепат ваквите обвинувања. Меѓутоа, постојат кредибилни ...

Наспроти тврдењето во објавата, промената на сметањето на времето од зимско во летно не е поврзана со Светската здравствена организација, туку секоја земја во светот самата одлучува за тоа. Неточно е и тврдењето дека СЗО била протерана од Русија, СЗО сè уште работи со двете свои канцеларии во Русија. Исто така, Русија се префрли на постојано зимско сметање на времето уште во 2014 година, по неуспешниот експеримент во 2011 година да се постават ...

Што ќе стане со нашата кандидатура со замрзнати преговори? Заговорниците на тезата дека „не треба да брзаме“, кои истовремено велат дека „од тебе зависат промените“, на ова немаат одговор. Поточно, нивниот одговор, парафразирано, е дека прво ќе се потпрат на изградба на водовод и канализација за секој граѓанин во државата, на домашна борба со криминалот и корупцијата, како и имплементација на владеење на правото, а потоа, кога ќе сме направеле ...

Можеби оваа фотографија не се споделува намерно за да се манипулира со јавноста, но, сепак, таа заедно со описот прикажува нешто што не е вистина. Фотографијата сама по себе е автентична, ама во комбинација со напишаниот текст претставува манипулација, бидејќи таа не ја прикажува атмосферата на денот на ослободување на Скопје – 13 ноември 1944 година. Она што паѓа в очи и што потврдува дека фотографијата не можела да биде снимена во 1944 година ...

Украинските власти го отфрлија тврдењето дека нивната земја го вооружува Хамас. Агенцијата за воено разузнавање на Украина во понеделникот (09.10.2023) постираше на својата официјална Фејсбук страница обвинувања дека Русија лансира дезинформациска кампања околу овие тврдења. САД продолжуваат да ја поддржуваат Украина во нивната контраофанзива, но и во спроведувањето на сите воени дејствија, што може да се види и од овој сумарен аналитички ...

Откако во февруари 2022 година почна засилената проруска пропаганда преку десетина наративи, врз кои се пласираа специфични дезинформации околу агресијата во Украина, како и по периодичните дезинформации што можат да се прочитаат за случувањата во Косово, за првпат се регистрираат дезинформациски наративи и за војната во Израел, делумно кај медиумите, но уште повеќе на социјалните мрежи Во анализата на дезинформациските наративи или на ...

По вторпат годинава вкупните депозити се со негативен тренд. На крајот на третиот квартал регистриран е пад од 0,2 отсто. Граѓаните и корпоративниот сектор во банките чуваат 8,2 милијарди евра. Со затегнување на монетарната политика е регистриран раст на каматите за штедење откако се зголемија каматите за кредитите, пишува Порталб.мк. Каква е состојбата со штедењето во земјава во пресрет на 31 октомври – Светскиот ден на штедењето? На крајот ...

До крајот на 2023 година ќе биде поставена мерна станица пред АД Цементарница во Усје согласно програмата на градоначалникот, информираат од Општина Кисела Вода Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во ноември 2021 година вети дека мерни станици што ќе го определуваат квалитетот на воздухот ќе се постават околу сите големи загадувачи во општината. Речиси две години подоцна, единствено е функционална мерната станица ...

Украина не го забранила православието, а уште помалку станала „сатанистичка и води отворена војна против Бога,“ како што тврди оваа објава. Исто така, Зеленски не му подарил на Папата Франциск икона без ликот на Исус, туку станува збор за слика која не алудира на ништо сатанистичко, таа има симболика и е посветена на детските жртви од страшната војна во Украина што ја започна Русија Објава на Фејсбук тврди дека Украина го забранила ...

Фондацијата Метаморфозис беше дел од петтиот модул со низа предавања за справувањето со дезинформации, проверката на факти и говорот на омраза Со одржување на петтиот модул насловен „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите“ викендов во Охрид беше заокружена Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование. Фондацијата Метаморфозис беше дел од петтиот модул со низа предавања ...

Пресметките барем помеѓу главните мафијашки групи во Скопје датираат уште од крајот на деведесетите години, така што тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека траат седум години, т.е. од 2017 година, е спин. Тоа не го ослободува од обврска сегашното раководство на безбедносните структури да расчисти со мафијата колку што може поефикасно Пишува: Теофил Блажевски Тврдење на ВМРО-ДПМНЕ во кое има спин беше издадено од нивниот партиски штаб во форма на ...

Од она што може да се види низ архивите на медиумите и на синдикатите, како и на МОН, сосема е јасно дека имало зголемување на платите во основното и средното образование во изминатите неколку години. Но, кога подетално ќе се навлезе во материјата станува јасно дека тоа зголемување е резултат на малку желба од Владата (СДСМ+ДУИ), а многу повеќе на штрајкови и други притисоци на синдикатите во образованието, пред сè на СОНК Пишува: Теофил ...

Фотографијата споделена во оваа објава на Фејсбук, а на која се прикажани починати деца, нема никаква врска со Израел. Оваа фотографија циркулира на интернет најмалку од август 2013 година и таа е поврзана со граѓанската војна во Сирија. Според тогашните медиумски написи, децата починале како резултат на труење со отровен гас. Споделената фотографија може да се најде во архивата на АФП Анализираме објава на Фејсбук која споделува стара ...

Објавата неточно тврди дека војната во Украина ја почнал колективниот Запад, поврзувајќи го ова со „големиот ресет“ во кој улога имале и Евреите. Факт е дека војната во Украина ја започна Русија и дека западните земји само ѝ помагаат на Украина во борбата за нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. Што се однесува до „големиот ресет“, тој претставува иницијатива на Светскиот економски форум поради потребата глобалните стејкхолдери да ...

Западните земји не гласале против „резолуција за запирање на воените дејства и напади меѓу Израел и Палестина“, како што тврди објавата, туку не ја поддржале резолуцијата на Русија за осуда на насилството и тероризмот врз цивилите, бидејќи истата не го спомнувала нападот на Хамас и убиството на 1.400 цивили во Израел. Објавата не ги согледува фактите, туку само има единствена цел да го обвини Западот дека е виновен за воените конфликти меѓу ...

Никола Тулечки од Factcheck.bg вели дека бугарски страници на Фејсбук како „Доза среќа“ или „Допри ми ја раката ако ме сакаш“ и слични со чудни имиња кои не изгледаат како да служат за ширење на медиумски содржини всушност споделуваат псевдомедиумски содржини Страници на Фејсбук со забавна содржина во Бугарија се користат за да се соберат огромни заедници на луѓе, на кои потоа им се пласираат пропагандни содржини, наведено е во студијата на ...

Годишно Хрватска издава и по 120.000 работни дозволи за странци. Државите од регионот со стратегија и план не само за увоз, туку и за интеграција на работници од странство, пишува Порталб.мк. Што прави Македонија во ситуација кога голем број на сектори алармираат дека има дефицит на работници и дека може да биде доведено во прашање функционирањето на компаниите? Странските работници – неминовност за македонските фирми Не постои економија во ...

Во објавата е споделен текст што изобилува со невистини, манипулации и цитати намерно извадени од контекст. Стефан Дујарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, за странски проверувачи на факти изјавил дека ОН не бараат декриминализација на сексот со деца, ниту пак, повикуваат на укинување на возраста за согласност. ОН се решителни во борбата против сексуалната експлоатација на децата, сметаат дека сексуалната експлоатација и злоупотреба на ...

Тврдењето дека Бајден е роден во Израел беше споделено во напис на руската државна новинска агенција ТАС, објавен на 18 октомври 2023 година, во кој се посочува дека портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјавила дека Бајден тврдел дека е роден во Израел. Но, како што се наведува во транскриптот на Белата куќа, Бајден зборувал за тоа како: „Државата Израел е родена да биде безбедно место за еврејскиот народ ...

Си Ен Ен ја следи воената инвазија на Русија врз Украина со директно присуство на свои екипи и секој ден пласира информации од терен за состојбата во Украина. Тоа не се промени ниту откако новиот конфликт го вознемири светот. Вистиномер го анализираше известувањето на Си Ен Ен од 10 до 17 октомври (една недела наназад од денот на објавата на Фејсбук) и во базата на интернет информации на Си Ен Ен пронајде 6.501 медиумска содржина за Украина ...

Во најновата анализа како негативно се оценува кинеското влијание врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ во делот на слободното движење на стоки, јавните набавки, правото на трговските друштва, информатичко општество и медиуми, економската и монетарна политика, социјалната политика и вработување, животната средина и правосудството Дали присуството на Кина во Западен Балкан потенцијално може да ја поткопа посветеноста на регионот ...

Успешните обиди за искривување на сликата прават многу потешко да се дојде до вистината за она што се случува на теренот, ако се потпирате на социјалните мрежи за најновите случувања, пишува Мариана Спринг, дописник на сервисот за дезинформации и социјални медиуми на Би-би-си Додека се разгорува војната меѓу Израел и Хамас, медиумските регулатори и аналитичари тврдат дека бранот на онлајн дезинформации ризикува дополнително да ги разгори ...

Вакцините се одобруваат во ЕУ со строги критериуми. Досега во ЕУ, според информациите објавени од Европската комисија, се доставени 1.5 милијарди дози вакцини против ковид-19, а 82.5 проценти од возрасната популација во ЕУ е целосно вакцинирана. Дополнително, на 1 септември 2023 година Европската комисија одобри адаптирана вакцина против ковид-19 за есенските кампањи за вакцинација на земјите членки Рецензираме објава на социјалната мрежа ...

Снимката настана пред последниот бран злосторства и насилства на Блискиот Исток. Спорната снимка не е поврзана со актуелната состојба меѓу Хамас и Израел и не прикажува жртви на војната на Блискиот Исток. Снимката е објавена на Тик Ток неколку дена пред палестинската милитантна група Хамас да го нападне Израел на 7 октомври годинава, за што сведочат фотографии кои ги објави редакцијата за проверка на факти на еврејски јазик, Фејк Репортер. Дека ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
64%
1024
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
76%
1023
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
1.03
70%
1025
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
56%
1023
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.07
60%
1022
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.68
56%
1019
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
60%
1021
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
3.6
45%
1023
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
54%
1020
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
54%
1023
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
53%
1020
Currency

61.535

Currency

56.1543

Currency

71.74

Currency

34.095

Currency

39.7182

Currency

65.9568

Currency

7.69672

Currency

0.65636

Currency

0.38293

Currency

0.52547

Currency

1.47992

Currency

0.65249

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

14350.00

Рутениум

20190.67

Калај

34.84

Сребро

963.30

Злато

96373.98

Бакар

8.49

Паладиум

28485.56

Платина

28811.26

Родиум

170398.96

Цинк

2.58