Формирање посебна служба, воспоставување национален диспечерски центар и воведување стандарди за тријажа за процена на итноста на пациентите се дел од посистемските промени што ги бара Итната медицинска помош,порача денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Запрашан за кадровската екипираност на скопската Итна медицинска помош, која функционира со по пет тима во една смена, Клековски истакна дека ресорното министерство веќе изготвило ...

Министерството за здравство подготвува законски измени за воведување на професијата парамедик во Македонија, со цел да се ублажи недостигот од кадар во Итната медицинска помош. Се планира и издвојување на Итната помош во посебна служба, формирање национален диспечерски центар и воведување стандарди за тријажа, односно за процена на итноста на состојбата на пациентите. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска соопшти дека анализите ...