Стар говор на Трамп не е доказ дека Обама стои зад ИСИС и нападите во Москва

Фото: Принтскрин видео ФБ

Трамп навистина рекол дека Обама е основач на ИСИС, но тоа има метафорично значење, мислејќи пред сè на политиката која ја водел Обама и постапките кои ги преземал. Иако тој рекол дека буквално мислел дека Обама е основач на ИСИС, сепак подоцна и самиот признал дека бил сакркастичен. Трамп по нападот во Москва нема дадено изјава во врска со истиот. Очигледно е дека објавата манипулира со негова изјава од 2016 година имајќи предвид дека ИСИС ја презеде одговорноста за нападот, а тоа го потврдија и САД. Така што објавата свесно дезинформира сакајќи неосновано да прикаже дека Обама и САД имаат некаква врска со нападот во Москва

Трамп навистина рекол дека Обама е основач на ИСИС, но тоа има метафорично значење, мислејќи, пред сè, на политиката која ја водел Обама и постапките кои ги преземал. Иако тој рекол дека буквално мислел дека Обама е основач на ИСИС, сепак подоцна и самиот признал дека бил сакркастичен. Трамп по нападот во Москва нема дадено изјава во врска со истиот. Очигледно е дека објавата манипулира со негова изјава од 2016 година, имајќи предвид дека ИСИС ја презеде одговорноста за нападот, а тоа го потврдија и САД. Така што, објавата свесно дезинформира, сакајќи неосновано да прикаже дека Обама и САД имаат некаква врска со нападот во Москва

 

 

Објава на Фејсбук, стар говор на поранешниот американски претседател Доналд Трамп го злоупотребува на манипулативен начин, ставајќи го во контекст на терористичкиот напад во Москва и одговорноста за него која ја презеде ИСИС. Според објавата, Трамп го поврзал неговиот претходник Барак Обама со ИСИС, па оттука се инсинуира дека Обама и САД имаат некаква врска со нападот во Москва.

Кога ќе ви кажат дека ИСИС презеде одговорност за некој настан, некаде во светот… Доналд Трамп 2016: „Обама е основач на ИСИС, а коосновач е Хилари Клинтон“, пишува во објавата.

Нападот во концертната сала „Крокус“ во Москва се случи на 22 март 2024 година и во него  загинаа најмалку 143 лица.

Руските власти покренаа обвинение против четворица уапсени мажи за кои се тврди дека се директни извршители на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“. Сите четворица се обвинети за тероризам, а двајца од нив, пред судските власти ја признале вината. Четворицата обвинети ќе бидат задржани во истражен затвор најмалку до 22 мај, соопшти судот. Според руските државни медиуми, обвинетите се именувани како Далерџон Мирзоев, Саидакрами Муродали Рачабализода, Шамсидин Фарудини и Мухамедсобир Фајзов и тие се државјани на Таџикистан.

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС објави видео од нападот во концертната сала. На видеото, кое Би-Би-Си го потврди како вистинито, се гледа како еден од вооружените напаѓачи отвора оган врз неколку луѓе.

По ова се огласија и САД, кои рекоа дека имаат информации кои потврдуваат дека нападот во Москва го извршила Исламската држава.

Претходно овој месец, американската влада имаше информации за планиран терористички напад во Москва, кој би можел да има за цел големи собири, вклучително и концерти, што го натера Стејт департментот да издаде јавно предупредување до Американците во Русија. Американската влада, исто така, ја сподели оваа информација со руските власти во согласност со нејзината долгогодишна политика „должност да се предупредува“, рече портпаролката на Советот за националната безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон.

Руските власти не го коментираа тврдењето на Исламска држава, кое дојде две недели откако САД предупредија за потенцијален напад насочен кон „големи собири“ во Москва. Руските власти се пожалија дека американското разузнавање немало конкретни детали.

Тврдењата дека Доналд Трамп рекол оти Барак Обама и Хилари Клинтон ја основале ИСИС беа споделени на странски јазици по нападот во Москва. Точноста на овие тврдења беше истражена од платформата за проверка на факти Snopes и други сајтови како што се  Hindustan Times и Раскринкавање.

Трамп навистина рече во обраќањето на предизборниот митинг на 11 август 2016 година во Флорида дека Обама е основачот на ИСИС. Трамп тогаш им рече на своите гласачи:

Тој е основач. Тој ја основа ИСИС (…) А јас би рекол, коосновач би била корумпираната Хилари Клинтон.

Во напис на Гардијан од 11 август 2016 година, беше објавена снимка на која се слуша како Трамп ги изговара тие зборови. Во написот во кој известува за говорот на Трамп, Ал Џезира појасни што сакал Трамп со тоа да каже:

Трамп долго време ги обвинуваше Обама и неговата поранешна државна секретарка Хилари Клинтон за водење политика на Блискиот Исток којашто создаде вакуум на моќ во Ирак што беше искористен од ИСИС. Тој остро го критикуваше Обама за најавата дека ќе ги повлече американските војници од Ирак, одлука за која многу критичари на Обама велат дека создала вид на нестабилност во која напредуваат групи како ИСИС.

И покрај тоа, Трамп во интервју со водителот Хју Хјуит рече дека тој, всушност, мислел „буквално“ дека Обама е основачот на ИСИС, но контекстот на неговите зборови покажува дека тој мислел на постапките на Обама.

Сепак, Сноупс во својата анализа го објасни следново:

Контекстот покажува дека тој го мислел тоа метафорично, со намера целата вина за „гневот“ ослободен на Блискиот Исток и порастот на насилството на ИСИС по војната во Ирак да ги препише на постапките или недејствата на тогашниот демократски претседател и претседателски кандидат. (иако, всушност, војната започна за време на администрацијата на претседателот Џорџ В. Буш).

Самиот Трамп подоцна на Твитер напиша дека забелешката за Обама, Клинтон и ИСИС е саркастична.

Слабо гледаниот Си-ен-ен толку сериозно известува за тоа што го нарекувам претседателот Обама (и Клинтон) „основач“ на ИСИС и нивни највреден играч. Не го сфаќаат сарказмот?

Трамп не им се обрати на гласачите во периодот околу нападот во Москва (22 март), што е видливо на неговата веб-страница. Неговиот последен јавен настап пред нападот беше на 9 март 2024 година, а од снимката се гледа дека тој не го спомнал Обама. На 16 март 2024 година, Трамп се појави како специјален гостин на митинг на Комитетот за политичка акција (PAC). Тој го одржа последниот митинг на 2 април во Висконсин, на кој исто така не се разговараше за нападот во Москва или за Обама.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека Трамп навистина рекол дека Обама е основач на ИСИС, но тоа има метафорично значење, мислејќи, пред сè, на политиката која ја водел Обама и постапките кои ги преземал. Иако тој рекол дека буквално мислел дека Обама е основач на ИСИС, сепак подоцна и самиот признал дека бил сакркастичен. Трамп по нападот во Москва нема дадено изјава во врска со истиот. Очигледно е дека објавата манипулира со негова изјава од 2016 година, имајќи предвид дека ИСИС ја презеде одговорноста за нападот, а тоа го потврдија и САД. Така што, објавата свесно дезинформира сакајќи неосновано да прикаже дека Обама и САД имаат некаква врска со нападот во Москва. Поради сето ова, за објавата можеме да кажеме дека ѝ недостига контекст.

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција