Измислена изјава на Фон дер Лајен, пласирана како вистинска

Фото: uroparl.europa.eu

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено ниту претходно. Веста споделена во објавата, а која е пласирана како да е вест на Дојче веле, е лажна. Дојче веле ваква вест не објавиле. Исто така, не постојат никакви нови барања за Македонија за членство во Унијата, а вметнувањето на Бугарите во Уставот не е ново барање, туку обврска која државата ја презеде со Европската преговарачка рамка

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено ниту претходно. Веста споделена во објавата, а која е пласирана како да е вест на Дојче веле, е лажна. Дојче веле ваква вест нема објавено. Исто така, не постојат никакви нови барања за Македонија за членство во Унијата, а вметнувањето на Бугарите во Уставот не е ново барање, туку обврска која државата ја презеде со Европската преговарачка рамка

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува наводна вест од Дојче веле во која, како што се тврди, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, изјавила дека проширување на ЕУ ќе нема во наредните 15 години и дека наводно има нови барања за Северна Македонија.

Нови барања од ЕУ, стои во објавата под која како фотографија е споделена наводната вест од Дојче веле.

Вистиномер ја разгледа официјалната  Фејсбук страница на Дојче веле и ваква вест не пронајдовме. Дека фотографијата е лажна говори лажниот изглед на логото на Дојче веле, како и фонтот на буквите кои агенцијата ги користи на вестите кои ги пласира на Фејсбук. Оригиналното лого на Дојче веле е бело, што може да се види и од следните примери подолу, а не сино како што е прикажано на лажната фотографија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Понатаму, вест со изјава на Фон дер Лајен во која таа вели дека  проширување на ЕУ ќе нема во наредните 15 години, не најдовме ниту на Дојче веле, ниту на кој било друг медиум, преку пребарувачот на Гугл.

Но, затоа најдовме нејзина изјава од 21 февруари 2024 година, во која таа рекла дека доколку повторно биде избрана на функцијата претседател на Европската комисија, ќе биде силен поддржувач на проширувањето на ЕУ на Западниот Балкан.

Инаку, Урсула фон дер Лајен и официјално е кандидат на Европската народна партија (ЕПП) за втор мандат на чело на Европската комисија.

На прес-конференција во Брисел, како што пренесе Цивилмедиа, Фон дер Лајен рекла дека отсекогаш била „силен поддржувач на проширувањето“, како и дека таа „многу јасно стави до знаење дека тоа е процес заснован на заслуги“.

И натаму инсистирам на тоа, но добро е да се види како Западниот Балкан, но и на пример Украина и Молдавија, прават сè што е можно за да ги спроведат потребните реформи и да напредуваат кон Европската Унија. Така, се разбира, во потенцијалниот следен мандат ќе ме најдете како силен поборник за проширување на Западниот Балкан, рекла Фон дер Лајен.

Поддршката за Северна Македонија да стане членка на ЕУ, Фон дер Лајен ја искажа и при нејзината последна посета на земјава на 30 октомври 2023 година. Тогаш таа порача дека, меѓу другото, е неопходно Македонија да ги спроведе уставните измени, односно да ги внесе Бугарите во Уставот, така што не може да се каже дека постои некакво ново барање. Вметнување на Бугарите во Преамбулата на Уставот е обврска што Македонија ја презеде со Европската преговарачка рамка.

Апсолутно сум убедена дека еден ден ќе ја пречекаме С Македонија, со нејзиниот уникатен идентитет, јазик… Сега веќе имаме 24 различни јазици во Унијата и еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик меѓу нив. Северна Македонија веќе постигна многу. Моја желба е да продолжите – процесот на скрининг си движи `мазно`, преговарачките тимови одлично работат. Имаме намера да ги отвориме преговорите за кластерот -„фундаменти“ оваа година и знам дека можеме. Свесна сум за процесот на уставни измени – првите чекори беа преземени во парламентот и тоа е добра вест, а сга се надевам дека сите партии ќе ја искористат можноста за напредок зашто сега во ЕУ навистина има моментум за процесот за проширување и важно е тој момент да се `фати`. Знам дека има многу предизвици во воие процеси и сигурна сум ќе успеете да ја потврдите репутацијата на успешно мултиетничко општество, рече Фон дер Лајен при посетата на Скопје, пренесе Гласот на Америка.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено ниту претходно. Веста споделена во објавата, а која е пласирана како да е вест на Дојче веле, е лажна. Дојче веле ваква вест не објавиле. Исто така, не постојат никакви нови барања за Македонија за членство во Унијата, а вметнувањето на Бугарите во Уставот не е ново барање, туку обврска која државата ја презеде со Европската преговарачка рамка. Оттука, објавата што ја анализираме, ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција