Вистиномер се обрати до Министерството за внатрешни работи, каде демантираа дека Вања е пронајдена и ни изјавија дека станува збор за дезинформација. Мајката на девојчето во телефонски разговор ни рече дека до овој момент нема информација дека нејзината ќерка била пронајдена во соседна држава и дека станува збор за невистина Попладнево повеќе портали во земјава објавија невистинита информација дека наводно девојчето Вања (14), кое исчезна во ...

Ветувањето на Мицкоски има елементи на спин зашто нема ниту основно образложение како и од каде ќе се успее да се зголемат основиците на пензиите за 330 милиони евра за една година, а да не се загрози стабилноста на Фондот и генерално на пензискиот систем. Зашто на така зголемените пензии потоа ќе следат нови усогласувања со инфлација и со просечна плата, со што вкупната исплата на субвенциите само за пензиите ќе стигне до над 700 милиони евра. ...

Мета.мк го пребара и општинскиот веб-сајт на Бутел, но не успеавме да најдеме информации за активности на младинскиот културен центар, ниту пак информации за тоа дека е формиран и дека функционира Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски за време на предизборната кампања за локалните избори во 2021 година на граѓаните им вети отворање на младински културен центар. Ова предизборното ветување до денешен ден не е исполнето. На 3 октомври 2021 ...

Во однос на сегашниот ребалансиран Буџет, со новиот за 2024 година се предвидува зголемување на капиталните инвестиции за 0,3 отсто, но во однос на првичниот Буџет за 2023 година, сумата е намалена за 7,6 проценти. Владата исцрта нови амбициозни буџетски цели за јавни инвестиции во 2024 година, пишува Порталб.мк. Вкупната сума за капитални инвестиции е позиционирана на 731.509.000 евра. Колку и за кои инвестиции ќе се одвојат најмногу пари во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема изјавено дека наскоро ќе го убијат, туку одговарајќи на прашање на новинарот на „Сан“, кажа дека има сознанија за операција наречена „Мајдан 3“ за која го информирале службите а според која Русија планира промена на претседателот на Украина. Но, Зеленски вели: „Гледате, можеме да живееме со тоа“ и никаде не кажува дека таквата операција ќе се оствари. Во објавата, исто така, надвор од контекст е ...

Нема никаква официјална одлука на Ирска за протерување на израелскиот амбасадор и за поднесување тужба против Израел пред Меѓународниот суд во Хаг, како што тврди објавата што ја анализираме. Станува збор за барање и повик на лидерката на националистичка партија Шин Фејн, Мери лу Мекдонлад, која одржала жесток говор против Израел, притоа изразувајќи голема поддршка за Палестина. Но, Ирскиот парламент ги отфрли овие предлози Анализираме објава ...

Објавата шири невистини за предците на претседателката на ЕК. Девојката која се поздравува со Хитлер, а за која во објавата се тврди дека е баба на Урсула фон дер Лајен, е рурална девојка од градот Бакебург. Предците на Фон дер Лајен немаат никаква врска со Бакебург. Тие имаат потекло од Хановер и Бремен. Згора на тоа, доаѓаат од урбани средини и припаѓаат на едуцирани и деловни кругови Анализираме објава на Фејсбук која изнесува невистини за ...

На еден просечен човек да му кажете дека некој е агент на странско влијание, тогаш тој ќе мисли дека тој е овде за да ги руши институциите, да прави нешто лошо против Република Српска, практично се создава стигма – како сите невладини да се здружени да ги срушат институциите на државата, вели во интервју за Мета.мк Сандра Гојковиќ-Арбутина, главен уредник во „Независне новине“ Повторно криминализирање на навредата и клеветата, обележување на ...

Наспроти тврдењето во оваа објава на Фејсбук, не станува збор за видео од патот Прилеп-Крушево. Според она што успеавме да го најдеме на Интернет, се работи за пат во Кина. Лицето кое го објавило видеото сакало на сатиричен начин да го прикаже овој пат, но, од коментарите е видливо дека дел корисниците на Фејсбук поверувале во напишаното Анализираме објава на Фејсбук во која се споделува видео од пат со огромни дупки преку кои поминуваат ...

Не може да се каже дека само во С. Македонија возило на брза помош стои за да помине возило со придружба, или како што се тврди во објавата, за да поминел Столтенберг. Возилата со придружба имаат првенство на поминување пред сите други возила, не само во нашата земја, туку и во Србија и Хрватска, која е земја членка на ЕУ Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека само во нашата држава возило со придружба има предимство пред возило на Брза ...

Со повторената изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека парите од зголемувањето од 78 отсто на платите на функционерите (15 милиони евра на годишно ниво), нема да бидат доволни за да се покријат моменталните синдикални барања, дека треба да се постигне правичност во плаќањето на трудот за секој во државата и дека материјата била сложена – имало 7 закони за менување, сето тоа само ја покажува недоследноста во однос на ветувањата дека оваа ...

Видеоматеријалот што се споделува на Фејсбук не е направен сега – ноември 2023 година, во болницата во Газа, туку е снимен пред 10 години во болница во Каиро. Видеоматеријалот е погрешно означен поради што во објавата се пропушта контекстот Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува напис со видеоматеријал и пишува: (Видео) Прва снимка од болницата Ал Шифа во Газа. Во склоп на написот пишува дека „на социјалните мрежи ...

Демохристијанската идеологија интензивно ги пушта своите корени и во македонското пост-ковид општество, во време кога се создаде плодна почва за антиваксерски движења и сеење дезинформации за последиците од ковид вакцините. Во барабанот на дезинформациите се најдоа разни теории на заговор, но и предупредувања за „увоз на опасни западни вредности“ со цел уривање на нашите традиционални семејни вредности. Во таа смисла се туркаат приказните дека ...

Четири нови заеми со сила на закон се испратени во Собранието на усвојување. Владата бара да се изгласаат по скратена постапка, пишува Порталб.мк. Што содржат документите за овие нови заеми, за што ќе се трошат парите и колкави камати ќе се плаќаат? Заем од Француската агенција за развој АДФ во износ од 50 милиони евра Преку државната Развојна банка, Владата одлучи да земе заем во износ од 50.000.000 евра. Целта на овој заем, како што се ...

Левица, како и секоја друга партија во предизборието што е веќе одамна започнато, од многу причини вчера си дозволи да демонстрира насилство и кршење во Собранието, кое е недозволиво, добивајќи веројатно гласови плус. А, денеска, пак и нови револуционерни ставови, кои се спин. Но, штетата што ја направија е поголема од ползата (евентуални гласови плус), зашто голем дел од јавноста, всушност и не разбра за што протестираа, а темата е од ...

За настанот од 6 јануари 2021 година во американскиот Капитол кој доведе до немири и човечки жртви, во оваа објава на Фејсбук се прикажува видео кое алудира дека политичарите сакале да го преувеличат настанот, односно да го „напумпаат“. Но, постојат бројни снимки од кои се гледа магнитудата на насилството во Капитол, кршење на прозорци, тепачки со полицијата, за што двајца организатори се осудени на високи затворски казни од 10 и 18 години ...

Фатмире Исаки која е заменичка на министерот за надворешни работи Бујар Османи, не е дел од Демократската унија за интеграции. Таа никогаш не била дел од оваа партија. Исаки е од редовите на ДПА и се наоѓа на оваа функција од февруари 2020 година. Нејзината матична партија ДПА е еден од коалициските партнери на Владата уште од 2018 година, кога партијата влезе во Владата на тогашниот премиер Зоран Заев Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди ...

Според одговорите од Владата на РСМ, ваков регистар во моментов не постои. Од таму добивме единствено дополнителни информации за други теми кои се однесуваат на младите во државата Во Програмата за работа на Владата на Македонија од 2022 година, потпишана од тогашниот мандатор Димитар Ковачевски, во делот насловен како „Младите во фокусот“, е наведено ветување дека ќе се создаде и објави, „регистар на наши млади умови ширум светот“, кои треба ...

Не може да се каже дека сите медиуми биле ставени во корист на некаква си пропаганда на Нетанјаху, како што тврди објавата. Од видеата јасно се слушаат сирените за воздушен напад и се гледаат ракети (според пишувањата тоа се ракети од противвоздушната одбрана на Израел кои ги одбиле ракетите на Хамас). Обезбедувањето на германскиот канцелар, според безбедносните протоколи морало да го евакуира Шолц. Надвор од логиката на здравиот разум е сите ...

Оваа случка навистина се случила, меѓутоа не сега – ноември 2023 година и не како знак на солидарност со повеќе од 4 илјади брутално убиени деца, како што тврди објавата на Фејсбук, туку во 2019 година. Видеоматеријалот е објавен од страна на медиумот Middle East Eye, на 14 ноември 2019 година. Така што, настанот прикажан на видеото воопшто не е поврзан со актуелните демонстрации на Универзитетот Харвард Рецензираме објава на социјалната мрежа ...

„За разлика од повеќето медиуми кои внимаваат на проверката на факти во своите производи пред истите да се објават, „Вистиномер“ се занимава со проверка на веќе објавени информации, рече Владимир Петрески, главен уредник на „Вистиномер“ Дезинформациите се сериозен проблем прават голема штета. Тие придонесуваат за раздор во општеството. Потребно е институциите да се потранспарентни, а нивото на уредничка одговорност во медиумите да е повисоко. ...

Црна Гора, Македонија, Србија, БиХ ги претставија клучните проблеми во медиумската сфера и впечатокот е дека речиси сите се соочуваат со слични или идентични проблеми – таблоидното новинарство, недоволната регулација на онлајн медиумите и штетата што ја предизвикуваат дезинформациите беа посочени како клучни проблеми од речиси сите држави Говорот на омраза, таблоидното и клик бејт новинарство, личните податоци и етиката во новинарството се само ...

Соопштението на „Студентска револуција“ вчера, без да проверат дали изнесената информација во него е точна, го пренесоа повеќе медиуми, на што реагираше директорот на ДСД Скопје, Велевски Парното во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје е во функција, а дефектот што се појавил во парноводната мрежа бил саниран уште минатата недела. Информацијата дека студентите се оставени без греење до денес и дека нема да се поправи парното не е точна, ...

Три болести му се закануваат на европскиот континент, а тоа се пертусис, дифтерија и морбили. Дали ќе имаме случаи, зависи од степенот на вакцинација и од свесноста на родителите за неопходноста од вакцинација на нивните деца. Да не дозволиме да учиме повторно на потешкиот начин, вели д-р Мехмедовиќ Лажни вести и дезинформации има во секој сегмент од општеството, но дезинформациите кога е во прашање здравството можат да бидат опасни по живот. ...

Деновите на медиумската писменост се најзначајниот национален настан за мобилизирање на граѓаните, образовните установи, граѓанските организации, медиумите и државните институции и за подигнување на свеста за медиумската и информациската писменост Панел-дискусија насловена „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите“ организира Фондацијата Метаморфозис во рамки на конференцијата „Медиумска писменост во дигиталните ...

Според истражувањето на Јутјуб, оние кои ги виделе видеата биле во просек 5,4 проценти подобри во препознавањето на техниките на манипулација од групата која не ги видела видеата Гугл во текот на летото едуцираше голем дел од населението во Германија со видео кампања за борба против дезинформациите и обидите за манипулација на интернетот, пренесува германската агенција ДПА. Според одделот Jigsaw на Гугл, 21,9 милиони корисници на Јутјуб ги ...

Не можете да се потпрете само на вашите извори бидејќи тие извори ќе се обидат да покажат пристрасност и наратив или да ве излажат. Она што треба да го направите е да пронајдете и анализирате податоци од фотографии, видеа. Не гледам како традиционалното новинарство може да опстане понатаму, вели во интервју за Порталб.мк бразилската новинарка Кристина Тардагила Кристина Тардагила е една инспиративна и енергична новинарка од Бразил, која е ...

Изјавата на скопската градоначалничка Арсовска во која вели дека никогаш не се откажала од проектот „Бас рапид транзит“ (БРТ), е невистинита, а истовремено и недоследна во однос на нејзините првични ставови за ова прашање. Арсовска набрзо по доаѓањето на градоначалничката функција категорично кажа дека нема намера да го имплементира проектот за изградба на автобуско метро – БРТ системот, започнат од нејзиниот претходник Петре Шилегов, бидејќи не ...

Без никакви аргументи лидерот на опозицијата изнесе невистини во врска со активностите на власта за евакуација на македонски државјани од Израел, при што изнесе и оценка дека во Владата има разногласие околу израелско-палестинскиот конфликт Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изнесе тврдење во кое може да се детектира невистина: Раштиман оркестар, нема никаква стратегија, погледнете што се се случува, не можат граѓаните наши да си ...

Антивакциналните дезинформации ја поткопаа имунизацијата и направија огромна штета на јавното здравје. Загрижувачки се податоците околу вакцинацијата на децата, препорачаниот опфат од над 95 отсто не е постигнат за ниту една вакцина во земјата. Дезинформациските наративи продолжуваат да си поигруваат со здравјето на граѓаните, се измислува дека вакцините предизвикуваат „турбокарцином“, дури и кај луѓе кои воопшто не се вакцинирани. Вистиномер ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
64%
1024
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
76%
1023
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
1.03
70%
1025
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
56%
1023
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.07
60%
1022
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.68
56%
1019
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
60%
1021
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
3.6
45%
1023
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
54%
1020
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
54%
1023
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
53%
1020
Currency

61.535

Currency

56.1543

Currency

71.74

Currency

34.095

Currency

39.7182

Currency

65.9568

Currency

7.69672

Currency

0.65636

Currency

0.38293

Currency

0.52547

Currency

1.47992

Currency

0.65249

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

14350.00

Рутениум

20190.67

Калај

34.84

Сребро

963.30

Злато

96373.98

Бакар

8.49

Паладиум

28485.56

Платина

28811.26

Родиум

170398.96

Цинк

2.58