Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Гизем Ѓозде Учар и Угур Алтун, современи автори и илустратори за деца од Турција, ќе бидат гости на претстојното 6. издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Фестивалот ќе се одржи од 15 до 18 мај, во Младинскиот културен центар во Скопје. Гизем Ѓозде Учар, авторка и илустраторка, има впечатлива кариера и влијателно присуство во светот на литературата за деца во Турција. Нејзините книги не само што ...
Умно.мк во соработка со Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ ги кани средношколците и младите од Прилеп и околината, кои би сакале да научат повеќе за тајните на новинарската професија, учејќи преку следење на претстојното 58. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Ќе учиме како се пишува вест, како се прави интервју или извештај од прес-конференција и од тркалезна маса. Работилницата ќе трае 4 дена (9 до 13 јуни), ќа ја ...
Претставата „Мац, мац!“ според Тенеси Вилијамс, во режија на Филип Петковски, ќе има премиера вечерва во 20 часот, на сцената на Театарот „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“. Улогите ги толкуваат: Ведран Чешарек, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева. Проектот го финансира Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и македонското ...
Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19 часот ќе биде иде отворена изложбата „Пиктограми“ од Светлана Попова и Марија Штерјова. Тие ќе се претстават со 33 дела изработени помеѓу 2019 и 2024 година. Сликите се изработени во техника акрил на платно, акрил на панел, акрил на хартија, со различни димензии, јаки контрасти на бои, слободни движења на сликарско ноже, кист и четка со огромна големина. – Симболиката ...
Со проекција на филмот „Крави“ на режисерот Хулио Медев, вечерва во 19.30 часот во Центарот за култура во Битола ќе почне Неделата на шпански филм. Битолската публика ќе може да види седум проекции: Мама полни 100 години, Теза за едно убиство, Ел Бола, Седум мази за билјард, Џинот и Елиза, љубов моја. – „Крави“ (1992) е прекрасна и збунувачка приказна на семејства, љубов и одмазда што ќе ве заслепи со својата визуелна убавина и емоционална ...
Во интимниот амбиент на „Кафе Литература“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“ вечерва во 21 часот ќе настапи колективот Skopje Jazz Inc. Џез-квартетот ќе ја изведе музиката од нивниот албум насловен Incorporated. Предводени од моќниот звук на трубата, во придружба на гитара, бас-гитара и тапани, ќе ги слушнеме композициите: The Professional, Uncle Zo, Run, Leena’s Song, To Repentance, The Miller Man, RH CH и You and I. Настапуваат: Трајче ...
Поетско-музичка вечер по повод Светскиот ден на џезот ќе се одржи вечерва во 20 часот на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Настанот е во рамките на Студентската уметничка пролет со уметничка фузија преку моќта на музиката и пишаниот збор на Факултетот за драмски уметност. Поезијата ќе биде претставена од младите студенти на Филолошки факултет „Блаже Конески“ кои ќе ги вткаат емоциите во зборови. А, мелодиите на џезот од талентираните ...
„Писмо до внуката“, најпрочуеното писмо од Горан Стефановски, доби форма на сликовница во издание на ТРИ. Од душата на еден дедо, истовремено и човекот кој го промени современиот тек на македонската книжевност, со цел секој да навлезе во суштината на постоењето, да ги одгатне неговите тајни и убавините на нашата земја. Илустрациите се на Љупка Стојкова, која заедно со целата редакција, внимателно го подготвуваше страница по страница овој ...
Умно.мк во соработка со Europe House Скопје ја креира рубриката „Надреден знак“ во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумна на теми што нè засегаат Пишува: Алмира Фасљии Муарем, активистка за правата на Ромките Репрезентативноста е многу важна. Доколку се прашувате зошто, одговорот е едноставен – на сите ни требаат позитивни примери за да нѐ претставуваат во најдоброто можно светло пред другите. Таков пример се државните ...
Умно.мк во соработка со Europe House Скопје ја креира рубриката „Надреден знак“ во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумна на теми што нè засегаат Пишува: Алмира Фасљии Муарем, активистка за правата на Ромките Репрезентативноста е многу важна. Доколку се прашувате зошто, одговорот е едноставен – на сите ни требаат позитивни примери за да нѐ претставуваат во најдоброто можно светло пред другите. Таков пример се државните ...
Прв ЕДУЛАБ-вебинар на тема „Тренинг за сајбербезбедност за едуатори“ ќе се одржи денеска во 18 часот на зум-платформата. Вебинарот го организиара СмартАП – Лабораторија за социјални иновации, со цел да се зголеми безбедноста на интернет. Тренингот првенствено е наменет за еудкаторите и стручните соработници, но преку дополнителните ресурси понудени во рамки на модулите на овој курс, знењата и вештините индиректно се пренесуваат и до ...
Во киното „Манаки“, УКЛО денеска во 12 часот ќе одржи свечена седница по повод 45 години постоење. Ева Нешкоска, студентка на Педагошки факултет – Битола е најдобриот оратор на натпреварот „УКЛО тривиум“, што го организираше Универзитетско студентско собрание при УКЛО – Битола. Настанот се одржа под боите на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС. Второто место го освои Антонио Чоневски, студент на втор циклус студии на Педагошкиот ...
Во куќата на доајенот на македонската ликовна уметност, сликарот Борко Лазески, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Цртеж, експриментален цртеж“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Изложбата ќе ја отвори евроамбасадорот Дејвид Гир. Изложбата се организира по 8. пат, а целта еда им овозможи на уметниците да ги презнетираат делата каде се поместуваат границите на традиционалниот цртеж, се повлекуваат и преобликуваат во ...
Успешни бизнисмени, правници, архитекти, професори, музичари и професионалци од други области ќе го споделат своето знаење и искутво на втората конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK. Конференцијата е во организација на Халкбанк АД Скопје, а целта на овој настан е да се обединат и да се искористат искуствата и знаењето на докажаните и успешни професионалци во различни области за да се пренесат практични совети и мудрости на младите ...
Во локалот „Дуќан“ во Струга почна претставувањето на радиоателјето – „Духови на радиото“ под водство на дизајнерот на звук Харис Сахачиќ од Босна и Херцеговина. Во ателјето престојуваат и Виктор Вејвода, мултимедијален уметник од Србија и Дејана Николовска – режисерка од Македонија. Тројцата со своите методолошки пристапи и со меѓусебно уметничко вкрстување, доаѓаат во струшката заедница да одговорат на главната цел – преку уметноста да се ...
По повеќемесечни темелни подготовки, утре ќе започне снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантско долгометражно остварување на Косара Митиќ. Проектот е во продукција на „Црна мачка продукција“. „17“ жанровски се дефинира како coming-of–age филм. Инспириран е од вистински настан и обработува тема посветена на младите во нивните критични тинејџерски години, кога тие се најранливи и под постојан притисок да се ...
Ова е можност каде што ученикот ја има шансата да го даде најдоброто од себе, да се направи горд на себеси, на најблиските и, секако, на училиштето. Добив лични и кариерни придобивки. Сигурна сум дека ова ќе ме мотивира уште повеќе да напредувам во идните едукативни и животни цели, но и во мојот личен раст и развој како иден академски граѓанин – вели Ања Саздова, ученичка Десетмина ученици од Приватното средно училиште САБА од Скопје во март ...
„Confutatis – од што се направени хероите?“ е насловот на изложбата од Велимир Жерновски која задутре (26 април) во 20 часот ќе биде отворена во Музејот на современата уметност во Скопје. Изложбата беше завршен настан во рамки на манифестацијата Европско номадско биенале – Манифеста 14 во 2022 година во Приштина. Воедно, ова беше последниот меѓународен настап на Филип Митров кој со Јоана Ристеска беа музички соработници во проектот. Во рамки ...
Во паркот „Ибни Пајко“ во вторник (30 април) во 13 часот ќе се одржи 8. издание на целодневниот џез хепенинг со кој ќе биде одбележан Меѓународниот ден на џезот, а ја организира Националниот џез оркестар. Ќе настапат нашите музичари Сашко Николовски Септет, Гоце Стевковски – Богданци Реунион квартет и Џијан Емин и Магичниот оркестар, Фани Поса Квартет (Унгарија, Србија, Данска, Лана Јањанин Квартет од Хрватска и Карлос Сардуј Грув Месинџерс ...
Училиштата сепак нема да ги одработуваат саботите поради пропуштената настава на деновите на изборите 24 април и 8 мај и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје. Наместо во сабота, училиштата ќе треба наставата да надоместат во работни денови, соопшти Министерството за образвание и наука. – Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со ...
Во рамките на глобалната зелена иницијатива на „Мастеркард“, „Прајслес планет“, „Халкбанк“ АД Скопје вчера на Светскиот ден на планетата Земја организираше работилници со цел да ги поттикнат значењето на заштитата на животната средина и подигнувањето на еколошката свест. Настанот се одржа во прекрасниот амбиент во Градскиот парк на Школка, каде што учесниците заеднички придонесоа за подобрување на животната средина преку работилниците за ...
Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“, инспириран од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов, ќе биде изведен вечерва во 20 часот во Националната опера и балет, на програмата на Танц фест – Скопје. Идејата за проектот и костимограф е Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска. Кореографи се: Ивана Коцевска, Адријана Данчевска, Саша Евтимова. Музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар ...
Диана Добрева, една од најзначајната театарски режисерки во Европа, ќе одржи работилница во Театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ на 29 и 30 април. Работилницата е дел од двогодишниот меѓународен проект „Манифест“ кој Велешкиот театар го реализира во соработка со Драмскиот театар „Н. О. Масалитинов“ од Пловдив, Бугарија. Работилницата, наменета за актери, е од отворен карактер и истата е кастинг за претставата „Без крв“, втор наслов од ...
Непредвидливоста, спонтаноста, секојдневната различност во работните обврски кои произлегуваат од ненадејната појава на земјотреси, но и примената на сè она физичко што сум го научил за време на студирањето, беа пресудни за моето поле на научен интерес да се промени во геофизика, поточно сеизмологија – вели Љубчо Јованов, дипломиран инженер по форензичка физика, во моментов виш лаборант во Сеизмолошката опсерваторија Иако живееме во современ, ...
Лабораторијата е во вредност до 90.000 евра, а ја финансира програмата НАТО наука за мир и безбедност Иновативна технологија за огноотпорна мултифункционална војничка униформа, ќе штити од микроорганизми и УВ-зрачење, а преку промена на боја ќе детектира нервни гасови ќе се развива во новата Лабораторија за напредни и одржливи материјали која вчера беше отворена на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во ...
Книгата „Денар на валкан тротоар“ од Јовица Ивановски, ќе биде промовирана утревечер во 20 часот во Културниот центар „Лабораториум“ во Скопје. Книгата ќе ја промовира Елизабета Баковска, а песни ќе читаат актерите Петар Арсовски и Емил Рубен. Јовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на осумнаест книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е ...
„Интерпретациjaта како основа за одржлив развој на природното и културното наследство“ е насловот на онлајн-едукативната работилница што ќе се одржи утре во 18 часот. Работилницата е наменета за сите професионалци од областа на природното и културното наследство, индивидуалци но и претставници на институции, организации или неформални иницијативи. Организатор е Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ во партнерство со ...
Двете култни, но „подзагубени“ збирки раскази на Јадранка Владова – „Скарбо во мојот двор“ и „Воден знак“, конечно се вратија во рацете на читателите. Во издание на „Арс Ламина“ од печат излегоа спакувани во една, нова книга, со наслов „Скарбо“. Се одржаа две промоции – една на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и една на Саемот на книга. Во присуство на семејството, пријателите, колегите и студентите, во лирски, емотивен амбиент, со доза ...
Првата средба на обновениот читачки клуб во Europe House во Скопје ќе започне вечерва во 19 часот со Лидија Димковска и нејзиниот роман „Единствен матичен број“. Романот неодамна ја доби престижната награда „Роман на годината“ во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“. Модератор на разговорот ќе биде Александар Маџаровски – Читачот. „Единствен матичен број“ е четврти роман на Лидија Димковска, издаден во 2023 година во издание на ТРИ. ...
Едукативна стрип-работилница со талентирани млади се одржа во селото Нежилово. Работилницата ја организира Стрип центарот на Македонија од Велес, во рамките на проектот All we are saying is give inclusion a chance, кој е дел од програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе од различна етничка припадност преку создавање стрипови како соодветна културна алатка за ...