Народниот театар од Битола ќе учествува на престижниоре фестивал Стериино позорје со претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. Фестивалот ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни во Нови Сад. Во година кога театарот од Битола одбележува 80 години постоење (основан а 14 ноеври 1944), ќе му се врати на овој фестивал, по повеќе од три децении пауза. „Брод за кукли“ е приказна за една или сите женски судбини, или за ...

Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Моменти низ времето“ од уметницата Моника Десоска. Таа се претставува со серија на дела од циклусот „Моменти нив ремето“. Нејзината животна ретроспектива, несебично ја споделува преку свое самооткривање. – Сеќавањето опстојува како белег низ димензиите на времето толкувајќи го човековото постоење. Го буди копнежот, ...

Со 25 медали се вратија танчерите на Dancers United од Скопје од Светското првенство во латино танци што се одржа во Варшава, Полска од 27 до 29 април. Дури седум златни медали освоија учесниците во повеќе категории – од најмалите – мини кидс до младинци и возрасни. Десет сребрени медали и осум бронзени ги впиша ова студио кое повеќе од 10 години го развива танцот на повисоко ниво во земјава. Нашите танчери се претставија во најдобро светло. ...

Премиерата на операта „Трубадур “ од Верди, со која на 9. мај во Националната опера и балет (НОБ) ќе се отворат 52. Мајски оперски вечери е веќе распродадена, објави денеска генералниот директор Васко Ристов. Се уште има влезници за репризата на 11 мај, нагласи тој. „Трубадур“ е во режија на Иван Поповски е опишана како „симфонија на љубовта, одмаздата и судбината“. Сценографијата е на Миодраг Табачки, костимите на Марија Пупучевска, а ...

Македонската стриминг платформа Cinesquare за најмладите корисници воведува ново возбудливо искуство – Kidsquare за деца во возраст од 6 до 12 години. Повеќе филмови за најмладата публика, дел синхронизирани на македонски и албански јазик ќе може да се гледаат на платформата со соодветни игри и квизови прилагодени за најмладите корисници. Kidsquare користи гејмификација за да го направи искуството на платформата поактивно, како играње игри ...

На живописни локации во општините Гевгелија и Демир Капија, режисерот Андреј Волкашин го снима својот дебитански долгометражен игран филм со сегашен наслов „Слатката горчина на зрелите калинки”, соопштија од продукцијата „Веда филм“ од Скопје. Филмот е меѓународна копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Бугарија, со поддршка од Холандија и „Еуримаж“. Филмот ќе се снима до крајот на месецов. – Филмот ја следи приказната на Дора, која се ...

Министерството за култура ги објави конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година. Со награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава. Со „22 Ноември“, пак, се оддава признание на ...

Сè уште немам постојано работно место, но не се откажувам, ќе продолжам да се борам, вели Лилјана Долгоска од Скопје, наставничка по англиски јазик За просветниот работник секој почеток е несигурен и предизвикувачки, без оглед на работниот стаж. Сè уште немам постојано работно место, но не се откажувам, ќе продолжам да се борам, вели Лилјана Долгоска од Скопје, наставничка по англиски јазик. Таа веќе шест години создава нови и нови почетоци. ...

Два сребрени, два бронзени медала и две пофалници освоија македонските средношколци на 41. Балканска математичка олимпијада што се одржа во Варна, Бугарија. Сребрен медал псвоија Дамјан Давков и Леонид Тодороски, со бронзен медал се закитија Алексиј Тасиќ и Јан Стојановски, а пофалници добија Никола Цветаноски и Емилија Николовска. На годинашното издание на престижниот меѓународен собир на млади математички умови учествуваа вкупно 138 ...

Петтоодделенецот Алексеј Белевски од Битола ја доби првата награда на Интернационалниот натпревар за млади музичари што се одржа во Њујорк. Ученик на проф. м-р Марија Шамоска Буџаковски при Државното музичко училиште во Битола, Алексеј во силна конкуренција на учесници од 16 држави се закити со златен медал, а доби награда и да настапи на концертот на победниците во светски познатата сала Карнеги хол во Њујорк. – Честитки за големиот успех ...

Во рамките на 52. Мајски оперски вечери, во фоајето на Националната опера и балет, од 9 до 31 мај ќе биде поставена изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова. Изложбата ќе ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија, уметнички портрети и фотографии кои во детали ја прикажуваат нејзината ...

Скопскиот поетски фестивал, чиешто четврто издание ќе се одржи во периодот од 29 мај до 1 јуни, и годинава го организира преднастанот „Отскочна даска“ ‒ поетско читање за млади поети и поетеси. ‒ Продолжуваме со поддршката за младите поети, за тие што можеби веќе се појавиле со по некоја песна во книжевно списание, ја објавиле својата прва стихозбирка или настапиле на некое поетско читање, но и за тие што можеби и не направиле ништо од сето ...

Танчери од студиото за танц „Бах“ од Струга, најдоброто од Рисима Рисмкин, кореографија на Андријана Данчевска ќе биде дел од програмата на јубилејната претстава на фестивалот Танц фест Скопје, вечерва во 20 часот, на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје. На почетокот ќе биде прочитана и македонската порака за танц од примабалерината Александра Мијалкова. Фестивалот годинава се реализира под мотото „Сирово: од движење до ...

Претставата „Лавина“ од авторот Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Театар Комедија. Сценографија и костимографија се на Поплавска, изборот на музиката – на Ристо Вртев , а кореографијата – Ирена Лозинска. Дали лавината е само појава во природата или можеби ние во нашите глави сами го создадовме овој страв? – го поставува ова прашање претставата. Улогите ги толкуваат: ...

И оваа година Today It’s All About Jazz почнува со работилница за наjмладите „Џез за деца“ наменета за деца од 3 години па нагоре По осми пат во Скопје ќе се слави за Април – Меѓународниот ден на џезот. До лани манифестацијата ја организираше Здружението на џез музичари и слободни уметници кое на почетокот на годинава се трансформира во Национален џез оркестар. Целодневниот музички собир и годинава се организира во паркот „Ибни Пајко“ позади ...

Филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на Меѓународниот филмски фестивал „Жилиен Дибик“ што се одржува во градот Дибик, во американската држава Ајова. Станува збор за фестивал на независниот филм на кој учествуваат стотици филмови од цел свет. Признат како еден од 25-те најкул филмски фестивали во светот и оеден од топ 50-те филмски фестивали од „Мувимејкер магазин“. Фестивалот е ...

Во Mакедонскиот културно-информативен центар во Тирана, е отворена изложба на сликарката Тања Манева, насловена „Боите на душата“. Манева се претставува заедно со уметниците Стела Рустемај од Тирана и Драгана Пајковиќ-Додиг од Белград. Манева се претстави со шест нови дела. Како што информираат од КИЦ -Тирана, изложбата која беше отворена во прекрасна атмосфера, тиранската љубопитна публика, дел од дипломатскиот свет и останатите гости, ...

Со силни аплаузи и честитки беше дочекано првото печатено издание на кривопаланечките староградски песни приредено од Филип Додевски, кое беше промовирано пред преполната сала во Центарот за култура од Крива Паланка. Книгата содржи вкупно 17 автентични песни со текст и нотен запис, како и фотографии кои се трајно сведоштво за историјата и растежот на КУД „8-ми Октомври“ и КУЗ „Распеани паланчани“, кои веќе 50 децении ја негуваат и чуваат ...

Меѓународната поетска манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ го распиша конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2024 година. Наградата се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис). Покрај „Антево перо“, се доделуваат и придружни награди, „Антев златник“ и „Антев ...

Денес се одбележува 29 Април – Меѓународен ден на танцот. Авторка на македонската порака е примабалерината Александра Мијалкова. Ви ја пренесуваме нејзината порака во целост: Со огромно задоволство ја пишувам пораката до сите танчери кои својот живот го посветија на оваа уметност и до сите љубители на танцот. Денес се обединуваме да ја прославиме длабоката убавина и трансформативната моќ на танцот како уметничка форма која преку своето ...

Денес не е доволно библиотеката само да нуди книги, туку треба да нуди и содржини што ќе ги донесат читателите и во библиотека и до книгата. Посебен предизвик е читателите да ги донесеме до современите македонски писатели и обратно. Кампањата „Читаме современи македонски автори“ е одговор на сето тоа – вели Снежана Стојчевска, директорка на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје Македонската асоцијација на издавачи ја прогласи ...

Есејот „Франц Кафка и Чарли Чаплин“ е еден од првонаградените есеи на конкурсот „Истовременици: истражи или замисли“ што го организираше Институтот за етнологија и антропологија при Приротно-математичкиот факултет во Скопје Пишува: Мила Савиќ, средношколка во СУГС „Панче Арсовски“ во Скопје Со денешните познавања на историјата, познат ни е животот и умот на разни личности кои ги немаме лично запознаено. Иако имаме одговори за нивната ...

Дела од млади македонски стрип-автори беа изложени на 3. издание на стрип фестивалот „Ужички стрип сусрети“ што ги организира Градскиот културен центар на Ужице, Србија. На фестивалот беа изложени и дела од Томе Трајков, програмски координатор на Македонскиот стрип центар од Велес, кој отпатува во Ужице. На фестивалот беа изложени дела од младите: Славица Купенкова, Ангела Петрушевска, Евгенија Трајковска, Матеа Аризановска, Вилма ...

Од печат на македонски јазик излезе книгата „Ноќта се мие од светлина“ – поетски избор од Давор Шалат (1968), еден од најреномираните претставници на современата хрватска поезија. Дел од неговиот поетски опус што го сочинуваат седум поетски книги, во превод на македонската поетеса Весна Ацевска. Во првиот македонски поетски избор на Шалат се застапени 60-тина песни од сите досегашни објави. При тоа доаѓа до израз неговата модерност и ...

Поетска вечер посветена на поезијата на Ацо Шопов и промоција на книгата „Од најстарата и најчиста сончева светлина“ (Z najstarszego i najczystszego światła słonecznego) од проф. д-р Маќеј Кавка се одржа завчера на Јагелоњскиот универзитет во Краков, Полска. На настанот онлајн се вклучија и проф. д-р Кристина Николовска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ...

Во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје, вечерва во 21 часот со концертен настап ќе се претстават Macedonian Free Society. Потребата за нов-креативен, (о)слободен, инспиративен, а во исто време предизвикувачи израз, како соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја на македонската џез и современа музика е токму поводот за креирање на еден ваков мега состав. Иновацијата во креирањето ...

Фондација „Горан Стефановски“ основа Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Одлуката вечра ја донесе Сенатот на УКИМ по предлог на Ректорската управа по повод денешниот ден, 27 април, кога е роден великанот на македонската драма. Сега ќе почне постапката за носење на основачките акти и избор на органите на Фондацијата. – Фондацијата „Горан Стефановски“ се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности од Скопје, каде што ...

Локацијата е само на 200 метри од куќата на ул. „Београдска“ бр. 5 во која се родил драматургот Две битолски уметници, Дијана Колонџоска и Ленче К. Јагоридовска во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола ја завршуваат читалната посветена на македонскиот Шекспир, Горан Стефановски. Локацијата е само на 200 метри од куќата на ул. „Београдска“ бр. 5 во која се родил драматургот. Читалната е дел од проектот „Цртај на ...

Вкупно 70 млади на возраст од 18 до 28 години учествуваа на првиот заеднички настан на Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската еспорт федерација (МЕСФ). Рекордниот број на пријавени го потврдува големиот интерес за развојот на еспортот и образованието во оваа област. – Дополнително го нагласува високото ниво на ангажман и заинтересираност на младите луѓе за подобрување на своите знаења и вештини во областа на ...

Режисерот, сценарист, продуцент и автор Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година, што ја доделува Кинотеката. Попов во голема мера ја задолжил националната кинематографија – како со својот наградуван филмски опус, така и со својот педагошки и менаџерски ангажман на полето на филмската уметност и филмското образование. Свеченото доделување на „Златниот објектив“ на нашиот голем доајен на филмската уметност ќе се ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
87%
1005
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
12.35
67%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
90%
997
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
75%
1009
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.41
98%
1011
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
997
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
81%
1009
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
76%
1001
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
90%
1012
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.12
97%
1003
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.09

Кобалт

64.04

Цинк

3.29

Платина

83354.78

Сребро

2733.78

Паладиум

55781.55

Родиум

339994.14

Злато

157561.16

Калај

48.78

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Бакар

12.12