Во Офицерскиот дом во Битола вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од Тони Соколовски, насловена како „Ретроспектива на 3Д слики и 3Д изработки“. Тој ќе се претстави со фотографија/слика, најчесто дигитална, во која додава дополнителна димензија. Користи различни материјали: отпаден стиропор/стиродур, актилни бои, органски лепила. Соколовски (1968, Битола), со сликарство и 3Д техника во сликарството се занимава скоро една ...

До 14 јуни е продолжен е рокот на конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2024, одлучи Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. На повикот може да се пријават младите автори дебитанти. Од годинава, наградата ја доделува СВП во соработка со Јуроп хаус Струга и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во земјава. Наградата „Mлада Струга“ се доделува за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант. Авторот не ...

„Умен поткаст“ е место за инспиративни луѓе и муабети. За оние поединци кои прават разлика во општеството, а не секогаш добиваат шанса за зборуваат за суштинските теми. Ентузијазмот и желбата да зборуваме за теми што и нам ни недостигаат во етерот, ги спои тимовите на Umno.mk и 101 Podcast Studio во овој проект на кој соработуваат: Зоотроп Студио, ФлатФорм Филм и Поп Фото Мк. Наша гостинка во првата епизода е Ангела Стојановска, актерка со ...

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје вечерва во 19 часот ќе бидат промовирани донациите на лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски. Благодарение на соработката со семејствата Поповски и Матевски, музејот ги збогатува фондовите со подарени материјали за еминентните претставници на втората генерација македонски книжевници чии дела оставија силен печат врз општествената и културната сцена во вто рата половина на ...

„Преосмислување на урбаните простори: проект за јавни тоалети во Скопје“ е насловен проектот на Озбек Ајваз кој вечерва во 20 часот ќе биде отвиорен во КСП „Центар-Јадро“. Тој че се претстави со слики и описи за скулптурите поставени на повеќе јавни локации во Скопје придружени со документација од целиот процес на реализираните акции. – Скулптурите беа создадени за да се подигне свеста и да се информираат граѓаните за секојдневната опасност ...

Книгата „Филм и филмска писменост“ од авторката Даниела Станковска-Плачковска ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во Кинотеката. За делото ќе зборуваат Мими Ѓоргоска-Илиевска и Владимир Стојчевски. Ова дело содржи анализи и студии во кои се опфатени пристапите и активностите на европско ниво во областа на филмското образование /писменост за период од 2011 до 2021 год., а се дава краток преглед за односот на филмот и медиумот, филмската ...

Aлбумот „Нудист“ на „Пијан славеј“ ќе биде промовиран утре во 13 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Албумот е издание на SJF Records, а промоцијата е во рамките на 23. издание на „Оффест“ што ќе се одржи од 6 до 9 јуни, Вториот студиски проект на „Пијан славеј“ (Бранислав Николов – вокал и мини електрично пијано, Пеце Трајковски – гитара и синтисајзер, Гоце Јованоски – бас и Славчо Јовев – тапани) се состои од 4 композиции, во ...

Учениците од средните училишта од Куманово се запознаваа со техниките на пишување и начинот на кој настанува едно книжевно дело во рамките на работилницата по креативно пишување што вчера се одржа во рамките на Фестивалот на прозата. Работилницаа ја водеа Јорданка Белева од Бугарија и Живко Грозданоски од Македонија. Авторите со нивното искуство направија и прикажаа неколку вежби во кои интерактивно се вклучија присутните млади од ...

Зошто сме дојдени на ова дереџе? Причините се многу, од капиталистичкиот поглед на сопствениците на медиумите и нивната кусогледост во поглед на „исплатливоста“ да се има редакција за култура, а камоли посебни новинари кои би се занимавале само со книжевност и книжевна критика, вели Наташа Атанасова Ќе почнам ин медиас рес, со тоа што сите го знаеме: „Критиката во македонија е во критична состојба“. За право на вистината, не е така со сите ...

Писателот Живко Гроданоски е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Тој денеска беше избран на редовно изборно Собрание. Беа избрани и новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото. За членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев. Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: ...

Група млади ентузијасти од Крива Паланка се приклучија на иницијативата за зачувување на живото културно наследство преку проектот на Центарот за култура за изучување на традиционални инструменти Младите имаат интерес за изучување на кавалот, гајдата, тапанот, тамбурата и други народни инструменти, а своите вештини ги презентираат преку настапите на фолкорните друштва во кои членувуваат и на други манифестации во земјата и странство. Група ...

Задолжителниот испит по македонски, албански и турски јазик од државата матура се полага денес низ средните училишта во Македонија. 14.838 кандидати се пријавени за испитот по македонски јазик и литература, 10.093 за албански јазик и литература, 4189 – за турски јазик и литература. Годинава државната матура наместо во училници ќе се полага во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна ...

Министерството за култура го објави конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“. Со наградата се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Конкурсот ...

Поетскиот фестивал Струшки вечери на поезијата го објави конкурсот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија. Книгата треба да е објавена на македонски јазик од 1 јуни 2023 до 31 мај 2024 година. – Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена ...

16 поети од седум земји гостуваа синоќа на отворањето на 4. Скопски поетски фестивал во киното „Фросина“ во Скопје. Пред многубројната публика настапија 16 поети од 7 земји. Програмата беше отворена со „Сонцето денес не изгреа“ ‒ театарски танцов перформанс на актерите Енџи Николоска и Бојан Лазаров по мотиви од поезијата на учесниците. Преходно, на преднастанот „Диптих“ #3 беа претставени преведените поетски книги на Танос Гогос од Грција и ...

Александар Маџаровски-Читачот е наш гостин во четвртата епизода на „Умен поткаст“. Дипломиран професор по филозофија, страствен читател од дете, Читалот во последните четири години е во благодорна мисија да промовира добра литература, не да критикува, но да ги истакнува делата што, според него, заслужуваат внимание од читателите. Проследете ја целата епизода в понеделник (3 јуни) во 9 часот на јутјуб-каналот на „Умен поткаст“. Сподели ...

Фестивалот за јапонска култура „Сакура фестивал“ ќе се одржи утре во текот на целиот ден во Младинскиот културен центар. Фестивалот е заедничка прослава на културата инспирирана од Јапонија и по повод 30-годишнината на македонско-јапонските дипломатски односи, ќе биде официјално отворен утре во 11 часот во МКЦ, а ќе се обратат амбасадорот на Јапонија, Оцука Казука. На концертот амбасадорот Казука ќе одржи и мал концерт на класична гитара. ...

Во Кинотеката на Македонија вечерва во 21.30 часот концерт ќе одржи познатиот лејтист Јозеф ван Висем. Од почетокот на кариерата, Ван Висем си постави цел да ги донесе звуците на единствената барокна лејта до пошироката публика, во што целосно успеа. Победник е на филмскиот фестивал во Кан за саундтракот за вампирската драма Only Lovers Left Alive. Ван Висем соработувал со Џим Џармуш, Џејмс Блекшо, Зола Хесус и многу повеќе неверојатни фигури ...

Студентите од Факултетот за драмски уметности од денеска до 2 јуни го организираат филмскиот викенд „Хaj-фај“. Во 13 часот на ФДУ ќе биде организирано симулација на филмски сет наменет за средношколци. Станува збор за нова меѓународна филмска платформа направена од студенти за студенти. Истата ќе служи како отскочна даска за промоција на студенти од филмски катедри при нивното прогресирање кон професионалци. Програмата за овој прв настан е ...

Вкупно 11 талентирани средношколци ќе претстават Македонија на меѓународните олимпјади по математика и физика што ќе се одржат во јули во Англија и во Иран. Младите математичари Дамјан Давков, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски, Леонид Тодороски, Бранко Јангеловски и најмладиот меѓу нив, Ивано Божиновски ја сочинуваат екипата за Меѓународната олимпијата по математика (ИМО2024) која ќе се одржи на Универзитетот во Бат, Англија од 11 до 22 јули. ...

Гости од Бугарија, Србија, Црна Гора и од Македонија ќе учествуваат на третото издание на Фестивалот на прозата што вечерва во 20 часот ќе започне во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Трибини, дебати, работилници ќе се реализираат на дводневната манифестација. Гости на првата вечер ќе бидат: Бојан Кривокапиќ од Србија, Петар Денчев од Бугарија, Фросина Пармаковска и Хана Корнети од Македонија и Никола Николиќ од Црна Гора. ...

Премалку луѓе и театарџии се борат за своите театри. Постарите не го предаваат својот скоро изгасен факел на помладите. Политичките партии пикаат луѓе на работни места во театри, луѓе кои и самите немаат купено карта за претстава во животот. Се надевам дека ова ќе се промени во иднина – вели актерот од Кумановскиот театар, Марко Трајковиќ Тој е театарски оптимист. Актерот Марко Трајковиќ со својата посебна харизма и талент дава посебен печат ...

Во Градскиот музеј во Крива Паланка вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Бесконечност“ (Infinity) од реномираната македонска уметница Ирена Паскали. Таа ќе се претстави со мултимедијален проект – инсталација во простор, видео и фотографија. Куратор на изложбата е Ѓорѓи Костовски, историчар на уметност. Ирена Паскали живее и работи во Келн, Германија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а магистрирала на ...

„Симфонија на ѕвездите“ е насловен големиот музички спектакл со кој на 3 јули ќе биде отворено 16. издание на Битолското културно лето „Битфест“. Отворањето е во соработка со Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect. Програмскиот дел ќе започне со содржини за најмладите, односно мини олимпијада, настап на диџеј и главните ѕвезди на вечерта. – Ова е само најава на тоа што ќе следува – културно лето во кое покрај „Битфест“ ќе се одржат и ...

Хорот на скопското основно училиште „Кочо Рацин“ освои прво место светскиот куп во фолклор, фестивалотб „Соправиста“ во Лидо ди Јесоло, Венеција, Италија. На натпреварот учествуваа околу 500 наппреварувачи од 12 земји. Предметната наставнилка по музичко образование, Наташа Митрова, заедно со 7 ученици од училишниот хор изведоа македонски песни обработени за хорска изведба. – Неверојатно е чувството да се слушне името на својата татковина, ...

Издавачката куќа „Арс Ламина“ го заокружува проектот „Порта Европа“ со завршна изложба насловена „Поглед кон Порта Европа“, што ќе кулминира со финален промотивен настан вечерва во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“. Организаторот ќе се осврне на две и полгодишното посветено работење на развивањето на книжевната едиција „Порта Европа“, што го придружуваа многубројни активности: поддршка на млади и дизајнери во ...

Со спотот на „Леб и сол“ за Скопје, што Столе Попов го режирал и кој сè уште важи за еден од најуспешните спотови кај нас, денеска во Кинотеката беше отворена свеченоста на која му беше врачена наградата „Златен објектив“ на режисерот добитник на ова важно признание. Филмската критичарка Илинденка Петрушева на доделувањето разговараше со Попов, кој изрази благодарност за признанието од Кинотеката. Попов се присети на своите филмови, ...

Книгата „Ако се осмелиш…(Р)еволуција на жената” од Билјана Велковска ќе биде промовирана на 2 јуни (недела) на пладне во „Бифе Тафталиџе“. За делото ќе зборува Татјана Димовска-Атанасова, а 50 отсто од средствата од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели на Здружението на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени лица „Љубезност“. „Ако се осмелиш…(Р)еволуција на жената” е прва стихозбирка на Билјана Велковска чија цел е ...

Умно.мк во соработка со Europe House Скопје ја креира рубриката „Надреден знак“ во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумна на теми што нè засегаат Пишува: Драган Б. Костиќ, радионовинар и диџеј Како и сè друго во светот, и музиката има свои циклични патишта и движејќи се по нив, се менува со општествените, културните, политичките, геополитичките состојби во дадени периоди. Особено со напредокот на технологијата што силно влијае ...

Поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска, Србија, како и 20-ина од Македонија, ќе учествуваат на 4. Скопски поетски фестивал, што ќе започне вечерва и до 1 јуни ќе се одржува на неколку локации низ Скопје. „Отскочна даска“ е настанот кој вечерва во 20 часот во кафе-книжарницата ќе го најави фестивалот, а ќе се состои од поетско читање на млади поети на возраст од 16 до 25 години. Официјалното отворање е закажано за утревечер во ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
66%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
70%
1018
weather icon

Загреб

10ᴼ / 6ᴼ
1.03
69%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
58%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.72
95%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.64
85%
1021
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.57
75%
1011
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
62%
1015
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
75%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.34
58%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
100%
1012
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Калај

43.90

Платина

60154.05

Родиум

350443.14

Иридиум

258288.78

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Цинк

3.07

Рутениум

56199.51

Паладиум

45911.27

Алуминиум

3.18

Кобалт

66.14

Бакар

10.68