Промоцијата на книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска неделава се одржа во „Јавна соба“ во Скопје Кога ја земав в раце „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ се почувствував како Амели Пулен, која во еден јавен тоалет наоѓа мала кутија со сите спомени на едно момче. Во оваа книга ги најдов сите спомени на Ана што ги собира сиве овие години. Од 1991 со распаѓањето на Југославија, ништо не ù значеше толку како ...

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во тек се подготовките за претставата „Поблиску“, по текст од Патрик Марбер, во режија на Кирил Петрески. Ова е праизведба на „Поблиску“ во прилепскиот театар. – Се работи за еден специфичен драмски текст кој што се занимава со односите на маж – жена и прави анализа на деструктивните можности на љубовта, интимноста и телесните желби меѓу два модерни пара – вели режисерот Петрески. Во претствата ...

Со концертот „Кооперација сешн“ во селото Смилево, националнаta установа „Денови на Смилевскиот конгрес“ неофицијално почна да ја одбележува истоимената централна манифестација која ќе се одржи идниот месец. Директорот на установата, Владимир Деловски, вели дека називот на концертот е поттикнат од значењето на постојаната соработка на уметниците и културните работници преку која се оддава почит на традицијата и на македонската историја. – ...

Со „Концерт за три света“ вечерва во 21 часот „Јавна соба“ во Скопје Мики Јовановски-Џафер одбележи 50 години музичка кариера. На концертот се најавени многу гости музичари и се очекува да биде вечер на обединување на генерациите во Скопје со времеплов од 90-тите госини до денес. Мики Јовановски-Џафер е македонски рок музичар, неуморен перфекционист, човек кој слуша и креира музика, кој остави траен белег на македонската музичка сцена. Во ...

Во паркот зад Младинскиот културен центар во Скопје, односно на тревникот каде се наоѓа споменикот „Бомба“ утре во 14 часот ќе се одржи собир во организација „Сите за МКЦ“. Ова е третиот неделен собир овој месец, во знак на поддршка на културните храмови во Скопје град кои непрекинато се соочуваат со универзална негрижа. Настанот има богата програма: две дискусии, поетско читање и концерт. Првата дискусија ќе биде со Мартина Штериова, млада ...

Точно на пладне утре во 12 часот во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржи МСУ водич со кустосот Бојана Јанева, која ќе ги прошета посетителите низ двете новоотворени изложби. Како придружен настан ќе биде на матине дружење со диџеј сет на Дарко Јорданов. Ќе можат да се посетат изложбите „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“ на кураторите Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец, како и ...

Во полниот салон на Националната опера и балет во Скопје, со претставата „Госпоѓиците од Авињон“ на кореографката Олга Панго, на музика на Калиопи Букле, синоќа беше отворено 20. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал Танц-Фест Скопје. Фестивалот годинава се одржува под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години извонредност во современиот танц“. Со оваа претстава започна програмата „Паралели“, која ја означува ...

„Халкбанк“ АД Скопје и годинава го одбележува партнерството со глобалната зелена иницијатива на „Мастеркард“, „Прајслес планет“ (Priceless Planet). Целта на оваа голема иницијатива е преку широка коалиција да обедини многу бизниси и потрошувачи од целиот свет за засадување на 100 милиони дрвја, но и да и да инспирира колективни акции за решавање на климатските промени. „Халкбанк“ е првата банка од регионот која се вклучи во оваа голема ...

Постхумна ретроспективна изложба на ликовниот уметник Лазо Крстевски ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Градски музеј Крива Паланка. За прв пат ќе бидат претставени дела на Крстевски, еден од најзначајните ликовни педагози во Крива Паланка, кој целиот живот го посвети на педагошката дејност и своите ученици. Изложбата е дел од манифестацијата „Град на културата 2024“, поддржана од Министерството за култура. Крстевски важи за еден од ...

Оркестарот на Националната опера и балет со солисти вечерва во 20 часот во својата матична куќа ќе одржи концерт во рамките на 47. „Денови на македонска музика“. Публиката ќе проследи дела на композиторите на кои им се одбележуваат јубелјните години од раѓањето: Стојче Тошевски и Живојин Глишиќ, премиерната изведба на делото на композиторот Стојан Стојков, и делата на композиторите Димче Николески, Фатос Лумани и Ристо Аврамовски. Како ...

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечерва во 20 часот ќе се одржи десеттата „Поетска епизода“ посветена на 100 години надреализам. Со мултимедијално книжевно читање на надреалистичка поезија и гостувања на авторите Влада Урошевиќ, Фросина Пармаковска, Иван Шопов, Дарија Јовановска, Дејвид Величковски и Јована Стаматовска ќе бидат одбележани 100-те години надреализам. „Поетска епизода“ го организира Здружението за афирмација на младинската култура ...

Големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум; надреализам 1924 – 2024“ ќе биде организирано во понеделник, на Денот на уметноста (15 април), во 18 часот во аулата на Филолошкиот факултет во Скопје. Книгата е дело на Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, со предговор на Владимир Јанковски, а објавена од издавачката куќа „Полица“. Во судскиот процес учествуваат судијата Владимир Мартиновски, јавниот обвинител Венко Андоновски, ...

Состојбите со славистиката во Унгарија и Македонија беше една од темите на кои се разговараше за време на работната посета на проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје на Факултетот за хуманистика при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Мартиновски беше гостин на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, којшто го води Златко Панзов и имаше можност лично да се запознае со состојбата и ...

Дали сте дел од 2 отсто од светската популација со повисок коефициент на интелигенција? Одговор на ова прашање може да добиете утре, на тестирањето на општата интелигенција што ќе се одржи во 11 часот во скопската гимназија „Никола Карев“. Тестирањето го организира Менса Македонија за да прими нови членови. Потребно е кандидатите да имаат полни 16 години и да уплатат 500 денари за тестирањето. Тестирањето е бесплатно за сите крводарители, па ...

Во организација на „Халкбанк“ АД Скопје во тек се подготовките за втората конференција „Чувари на мудроста“, што е закажана за 11 јуни (10 часот) во Младинскиот културен центар во Скопје. На конференцијата, како и минатата година, ќе зборуваат успешни и реализирани луѓе, различни профили на стопанственици, уметници, професори, автори. И годинава ќе се дискутира на интересни теми значајни за професионалната надградба и кариерниот развој на ...

Во организација на „Халкбанк“ АД Скопје во тек се подготовките за втората конференција „Чувари на мудроста“, што е закажана за 11 јуни (10 часот) во Младинскиот културен центар во Скопје. На конференцијата, како и минатата година, ќе зборуваат успешни и реализирани луѓе, различни профили на стопанственици, уметници, професори, автори. И годинава ќе се дискутира на интересни теми значајни за професионалната надградба и кариерниот развој на ...

Бесплатен ресурс за матурантите што ќе полагаат математика на државната матура подготви првиот практичен ИТ-факултет Бреинстер Некст колеџ. Онлајн курсот „Математика за матура“ кој е поставен на нивниот Јутјуб канал е директна поддршка за сите матуранти на кои им е потребна помош за добро да се подготват за претстојното полагање на овој предмет на државната матура. Курсот содржи 92 видеа, односно 7 и пол часа снимен материјал поделен во пет ...

„Халкбанк“ АД Скопје и годинава склучува партнерство со глобалната зелена иницијатива „Прајслес планет“ (Priceless Planet) на „Мастеркард“, преку широка коалиција да обедини многу бизниси и потрошувачи од целиот свет за засадување на 100 милиони дрвја, но и да и да инспирира колективни акции за решавање на климатските промени. „Халкбанк“ е првата банка од регионот која се вклучи во оваа голема коалиција пред четири години. – Нашата ...

Новата книга за деца, со најубавите бајки на сите времиња, „Си беше еднаш“, ќе биде промовирана вечерва во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На настанот ќе учествуваат: уредничката Оливера Ќорвезироска, која ги направи изборот и адаптацијата на бајките, илустраторката Наталија Лукомска и книжевната теоретичарка и професорка Калина Малеска, која ќе биде во улога на промотор. Книгата „Си беше еднаш“ е во издание на „Либи“, дел од ...

Книгата за деца „Љубов во топка“ на авторката Ана Јовковска, ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во КСП Центар Јадро во Скопје. За делото во издание на „Светулка“, ќе зборува Владимир Мартиновски. Зошто „Љубов во топка“, прашува Јовковска. – Заради потребата да раскажам приказна со која ќе може емоционално да се идентификуваат различни деца и родители. Заради идејата да истражам и да поттикнам да се говори за еден од најгорчливите ...

Институтот за етнологија и антропологија е одлична појдовна точка за младите понатаму да можаат да работат што сакаат – UI/UX дизајнер, медицина, технологија, екологија. Сè зависи каде се гледа младиот човек…, вели младата студентка Различни причини ме влечат да останам во Македонија. Институтот за етнологија и антропологија е одлична појдовна точка за младите понатаму да можаат да работат што сакаат – UI/UX дизајнер, медицина, технологија, ...

Четирите средношколки кои ќе ја претставуваат Македонија на Европската женска математичка олимпијада (ЕГМО 2024) вчера заминаа во Грузија. Емилија Николовска, Миша Веселински, Нина Ламева и Сара Тошевска, предводени од водачот и заменик-водачот Анета Гацовска-Барандовска и Ерблина Зеќири ќе учествуваат на 13. натпревар што од денеска до 17 април се одржува во градот Цхалтубо. Напиот тим беше избран на 5. Меморијален математички натпревар ...

Скопје танцуваше на Diamond Dance Competition во ритамот на латино и стандардните танци, хип-хоп, класичен балет, модерен балет, акробатски танц шоуа, хип – хоп, инклузивен и пара танц, диско и уличен танц. Нашата голема посветеност, труд и енергија кои ги вложивме изминатиот период ни донесоа големи резултати и високи оценки од светската танцова федерација, велат организаторите од Dancers United од Скопје. – Поставивме високи стандарди – ...

„Танец во фокусот“ е насловот на мултимедијалниот настан што „Танец“ го организира во соработка со Кинотеката утревечер во 19 часот. Настанот е дел од чествувањето на 75-годишнината од основањето на националниот ансамбл. Во него се предвидени повеќе содржи – проекции, осврти, презентации, дебата, ревијални и музички перформанси, кои во својот фокус го имаат „Танец“, како еден од највлијателните и најинспиративните ансамбли во целокупната ...

Промоцијата е закажана за денеска во 18.30 часот во „Јавна соба“. Промотори на книгата се режисерите Ана Опачиќ и Даријан Пејовски Поаѓајќи од идејата дека не постои држава без кинематографија, односно дека филмската уметност е нераскинлив дел од препознатливоста, или идентитетот на една земја, сметав дека периодот по осамостојувањето на Македонија и сите развојни политички и социолошки промени неминовно влијаеа врз филмот, потребно е тоа да ...

Центарот за кариера при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 12 април од 11 до 15 часот, на платото на УКИМ, во кампусот на општествените науки, организира одбележување на два настана – Отворен ден на УКИМ и Ден за кариерен развој на УКИМ. По пригодните обраќања на ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, раководителката на Центарот за кариера, проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска и претседателот на Универзитетското студентско ...

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што утрово избувна во Универзална сала, изјави дека денешниот инцидент нема да влијае на процесот на градбата и дека Скопје ќе има нова Универзална сала. – Ова е голем шок за скопјани, но и за сите македонски граѓани. Веднаш интервенирале пожарникарите и како што може да се види, пожарот е ставен под контрола – изјави Костадиновска-Стојчевска, нагласувајќи дека е најважно ...

Почина Линдита Ахмети, реномираната поетеса и преведувачка од албански на македонски јазик. Имаше 50 години. Родена е на 26 април 1973 година во Призрен. Се школувала на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што живееше. Нејзините песни се објавени во многу списанија на албански и на македонски јазик. Има објавено неколку збирки песни на албански јазик, меѓу кои и збирките: „Малини и блуз“, „Островот Адулар“, „Божилак“ и други. На македонски ...

Утрово изби пожар во Универзална сала во Скопје, која се реконструира. Црн чад и голем оган се шират низ објектот. Не се знае како настанал пожарот. Се запалила куполата. Универзална сала почна да се реновира пред еден месец, а надлежно за реконструкција е Министерството за култура. Новата купола беше ставена пред 10 дена и тогаш беше најавено дека таа ќе свети ноќе. Градежните работи ги изведува фирмата „Универзал-Балкан“, а проектант е ...

Во „Аудиокултура“ во Скопеј вечерва во 19.30 часот ќе FАМE’S Институтот ќе одржи анплагд сешн. На мини концертот публиката ќе има можност да ги слушне младите музичари од FАМE’S Институтот кои во моментов учествуваат во априлскиот дел од петтиот семинарски блок, овој пат предводен од менторот Алистер Кинг. Концертот е во рамките на соработката со „Аудиокултура“ и во рамки на Recording & Film Music’ Orchestral Course со офф-концертната ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
87%
1004
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
9.77
68%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
4.63
91%
996
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
74%
1009
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.38
99%
1010
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.14
81%
1009
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
71%
1000
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
91%
1010
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
96%
1003
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
66%
1013
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

157561.16

Рутениум

45750.51

Цинк

3.29

Сребро

2733.78

Родиум

339994.14

Кобалт

64.04

Калај

48.78

Паладиум

55781.55

Платина

83354.78

Бакар

12.12

Алуминиум

3.09

Иридиум

221848.72