Aплаузи и стоечки овации беа дел од завршниот концерт во КИЦ Офицерскиот дом, на гостите од Вуковар, Хрватска од училиштето „Драгутин Тадијановиќ“, музичкиот оддел и учениците на Државното музичко училиште Битола, а во организација на двете училишта и Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ Битола. На манифестацијата покрај битолскиот градоначалник Тони Коњановски, заменикот Бојан Бојкоски, претседателот на Хрватскиот центар „Марко ...

Неодамна излезе од печат новата детска поетска книга на Весна Мундишевска- Велјановска „Збрка во трка“, во издание на „Перун Артис“. „Во песничките видливо е сказноликото шаренило, басноликото параболично соѕвездие. Снешко, Ешко и Клукајдрвчо, чавки, страчки и мачки… хумористично се надмудруваат, низ немуштиот јазик философираат, си реплицираат, се челичат златните струни на мислата. Така детето полесно го разбира својот свет наспрема светот ...

Мултимедијалниот настан ги истражува ваквите теми преку делата на реномирани македонски уметници, но и од ликовни дела креирани во Психијатриската болница во Демир Хисар „Одејќи по тенки линии“ е насловот на мултимедијалниот перформанс кој вечерва во 20 часот ќе биде изведен во резиденцијата на Делегација на Европската Унија во скопската населба Водно. Мултимедијалниот настан ги истражува ваквите теми преку инсталацијата на Дијана ...

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во првата половина од април престојува Дора Шустиќ. Дора Шустиќ (1991, Риека) е писателка и сценаристка. Дипломирала политички науки во Љубљана и сценаристика на ФАМУ во Прага. Живеела во Истанбул, Берлин, Љубљана и Загреб, каде што моментлано работи како сценаристка и развива свои ...

Во издание на „Или-Или“ од Скопје, неодамна излезе романот „Црвените очи“ на белгиската писателка и новинарка Миријам Леруа. Преводот од француски е на Светлана Јовановска. Во својот втор роман Леруа ни пренесува дел од нејзиното искуство од разговорите на социјалните мрежи со човекот кој во книгата го носи името Денис. Таа одговара на неговата покана за пријателство, охрабрена што имаат неколку заеднички пријатели на „Фејбук“. На почетокот, ...

Во полната сала на Кинотека, во присуство на актери, режисери, дипломати, претставници на политичкиот и културниот живот во земјава, синоќа беше отворен 4. Фестивал на грчки филм. Присутните ги поздрави Клери Коцидас, шеф на Канцеларијата за јавна дипломатија во Амбасадата на Грција. – Фестивалот почна да се одржува по четврти пат на секои две години во Скопје, а годинава за прв пат ќе се одржи и во Битола во Киното Манаки. Вечерва ќе гледате ...

Ако сакаш да создадеш претстава на која ќе ѝ се верува, треба да создадеш уверливи ликови. Ако се ликовите „родом“ од Струмица, тие треба да зборуваат уверливо на својот говор, „на кој се раѓале и умирале нивните предци“, инаку ќе звучат извештачено. Улогата на МТФ „Војдан Чернодрински“ е да ја следи и прикажува македонската театарска продукција, а не да ја создава. Мотото на 58. фестивал „Промени се, примени сѐ“, убаво звучи, но промените, ...

Големата музичка ѕвезда Јасмин Леви вечерва во 20 часот во Филхармонијата во Скопје ќе одржи концерт, кој е дел од поголемата балканска турнеја. Изведувачката на безвременските хитови “Una noche mas”, “Alegria”, “Adio kerida” за првпат во својата кариера ќе настапи во Македонија, по големите концерти кои минатата година ги одржа во Белград, Нови Сад, Бања Лука и Сараево. Сите концерти беа распродадени во рекорден рок и станаа музички настани ...

Со проекција на филмовите „Тишината на рибата што умира“ на Василис Кекатос (краток филм) и црната комедија „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос вечерва во 20 часот во Кинотеката свечено ќе биде отворено 4. Фестивал на грчки филм во Скопје. Краткиот филм на Кекатос ја раскажува приказната за Макис, кој работи во фарма за риби. Одејќи на работа едно утро, го известуваат дека починал ден ...

До 10 април трае кампањата „Повеќе магични приказни“ во Литература.мк. Во рамките на кампањата има попусти до 60 отсто на изданија за најмладите читатели, од повеќе издавачки куќи застапени во „Литература.мк“. Станува збор за сликовници и книги за деца од „Арс Ламина“, „Антолог“, „Чудна шума“, „Светот на Биби“, „Прозарт“, „Полица“, „ПНВ Публикации“ „Бегемот“, „Елоквента“ и „Фолконика“. Попустите важат само за онлајн-нарачки и се достапни на ...

Во духот на овие начела викендов се организира спортскиот настан во рамките на проектот на Обединетите Нации „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје Најважно за градење на меѓусебното разбирање и доверба меѓу младите во регионот е поттикнувањето да се вклучат во конструктивни наративи, зајакнување на меѓукултурниот дијалог, инклузијата и родовата еднаквост. Во духот на овие начела викендов ...

Првиот Еразмус+ инфо центар деновиве беше отворен во Битола. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го отвори центарот како креативен простор во централното градско подрачје, меѓу битолчани познато како „Кафе чао“. На отворањето присуствуваа многу млади лица од регионот, студенти, наставници, професори и претставници на дипломатскиот кор во земјава. Центарот е наменет е за младите, но и за но сите кои сакааат да се ...

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје денеска во 18 часот ќе бидат промовирани три книги од авторката Гордана Каракашевска: книгата со раскази „Сињор Џордано и размислувањата за…“, стихозбирката „Скршен поет и други поеми“ и романот „Разголување“. Делата ќе ги промовира Елеонора Николовска, а избор стихови ќе читаат Елизабета Клинчаревска-Младеновска, Лепосава Поповска и Тодорка Филиповска. Сите книги се изданија на „Дата песнопој“ од ...

„10во12“ е насловена изложбата на дела во мал формат од ликовниот уметник Костадин Батев која вечерва во 21 часот ќе биде отворена во кафе-барот „Нагоре“ во Струмица. Ќе бидат изложени 12 дела изработени во изминатите 10 години, кои се своевиден пресек на една декада творење на Батев и претставуваат целина од неколку засебни минијатури, графики и акварели кои коегзистираат и како засебни единки и како целина. Изложбата ја организира ...

Јубилејната прослава на фестивалот ќе се одржи на 30 април во МНТ, со претстава на Скопје танцовиот театар и кореографии на Рисима Рисимкин и Адријана Данчевска. Вечерта ќе биде доделена и наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност на Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет. Фестивалот „Танц фест“ – Скопје под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години извонредност во современиот танц“ годинава го ...

Дигитализирани материјали од опусот на Анте Поповски, како и правата за дигитализација на книги и некнижен фонд од неговата приватна архива доби градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје. Институцијата вчера потпиша договор со „Антево перо“ – Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски. Целокупното творештво и дејност на големиот поет, есеист, препејувач, публицист е од непроценливо значење за македонската култура. – Наша ...

Книгата „Безсловен“ на авторот Кирил Ангелов ќе биде промовирана утре во 13 часот во книжарницата „Сакам книги“ во ТЦ „Лептокарија“ во Скопје. Станува збор за автобиографско дело и споделување животна приказна со сексуално и менталното злоупотребување во детството и младоста, борба со ракот и преживување на траумите. Модератор на промоцијата ќе биде Атина Цветаноска, а делови од книгата ќе прочита актерката Дарја Ризова. „Безсловен“ е моќно ...

Претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ освои неколку награди на 27. Меѓународен фестивал „Арт Трема“, што се одржа во српскиот град Рума. Претставата ги доби наградите „Сребрена Тремина маска“, за најдобра режија, за сценска музика (Александар Димовски), за дизајн (музика, звук, светло-тотал дизајн) на Александар Димовски, Марјан Ѓорѓиевски, Владимир Переловски и Никола Ѓорѓиевски, Сашо Илковски, како и за партнерска игра за ...

Во книото „Мис Стон“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп утре напладне ќе биде прикажан анимираниот филм „Кариран нинџа“. Филомот е приказна за Алекс, ученикот што добива нинџа-кукла од неговиот чичко Стјуарт по патувањето во Тајланд. Алекс наскоро сфаќа дека чудната шарена кукла со копчиња неместо очи е всушност жива и може да му помогне да се заштити од насилниците на училиште. Меѓутоа, кога Алекс одлучува да возврати на ...

Промоција на книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска, издание на „Македоника“ ќе се одржи в среда (10 април) во 18.30 часот во „Јавна соба“ во Скопје. Промотори на книгата се режисерите Ана Опачиќ и Даријан Пејовски. Книгата е сублимиран приказ на состојбите во нашата кинематографија од осамостојувањето на Македонија до 2021 година, односно опфаќа три децении македонска продукција. Ана Кубин, авторка на рецензијата ...

Во изложбениот салон и заедница на македонски дизајнери и знаетчии „Лаб дизајн маркет“ утре напладне ќе започне промоцијата на новите дизајнери што ќе се приклучат на досегашната понуда на современи дизајнерски и занаетчиски производи. „Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон, кој се отвори неодамна во центарот „Лабораториум“ (булевар „Св. Климент Охридски“ број 68, односно во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија“). Маркетот како ...

Кинотеката е дел од проектот „ФилмЕД“ (FilmED) кој има за цел да развива и имплементира тренинг-програми за наставници и едукатори кои ќе стекнат знаење и пракса за спроведување филмска едукација во наставни цели. Координатор на проектот е Гете-институтот од Прага, Чешка, а партнери, покрај Кинотека и Гете-институтот во Скопје, се и Центарот за филмска култура „Анджеј Вајда“ од Полска, непрофитна организација за неформалното филмско и ...

Шест филма, по три долгометражни и кратки оставрувања ќе бидат прикажани на 4. Фестивал на грчки филм што ќе се одржи во Скопје и во Битола. Отворањето е закажано за задутре (7 април) во 20 часот во Кинотеката во Скопје, а во Битола ќе почне в понеделник со проекции во Кино „Манаки“. Амбасадорката на Грција во нашата земја, Софија Филипиду на вчерашната прес-конференција го искажа задоволството поради одржувањето на Фестивалот и се осврна на ...

Детскиот културен центар „Карпош“ денеска во 11 часот ќе ја организира крос-трката по повод Меѓународната недела на здравјето. На спортската манифестација ќе учествуваат деца од градинките од Скопје и околината. Трката ќе се одржи на тартан патеката во Градскиот парк. Децата ќе трчаат на 250 метри во мешана категорија, момчиња и девојчиња. Ќе има и штафетно трчање на 200 метри (4×50 метри). Целта на оваа манифестација е се одбележиме ...

Четири филма ќе бидат прикажани во Кинотеката во Скопје во рамките на априлската филмска програма како дел од циклусот „Вишеградска група В4 филмски вечери“, посветен на кинематографиите на Чешка, Полска, Словачка и Унгарија кои се дел од Вишеградската група. Циклусот ќе започне на утревечер (5 април) во 20 часот со проекцијата на комедијата „Празни шишиња“, во режија на Зденек Сверак. Следува проекцијата на „Студена војна“ на Павел ...

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на дела од Мирослав Поповски-Вински. Тој ќе се претстави со четириесетина дела работени во кован бакар во последните неколку години. Поповски-Вински (1958 година, Куманово) со техниката кован бакар се занимава повеќе од 30 години. Својата прва изложба ја реализирал во Куманово во 2007 година, а во последните три години излагал во Струмица, ...

Друштвото на филмските работници на Македонија објави конкурс за избор на селектор на главна, документарна, кратка и студентска програма на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. Може да аплицираат членови на Друштвото и други истакнати, докажани филмски професионалци, повеќегодишни критичари, теоретичари на филмот, како домашни така и странски граѓани кои ги исполнуваат следните критериуми: • да има високо ...

На научна конференција за фолклористика која во септември 2022 година се одржа во селото-музеј Тршиќ, во Србија, родното место на првенецот на српската лингвистика Вук Караџиќ, свое учество земаат и тројца струмичани, Иван Котев, Ана Витанова-Рингачева и Сузана Мицева. До двете дами остварени во областите во кои работат и посветени на научното проучување на јазикот, присутните академици од Српската академија на науките и уметностите, ...

Проф. д-р Жељко Милановиќ од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад ќе одржи онлајн-предавање денеска во 10 часот, на темата „Како се предава македонската книжевност на Филозофскиот факултет во Нови Сад?“. Предавањето е во рамките на на манифестацијата „Денови на македонската литература“ во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Предавањето можете да го ...

Во Музејот на современата уметност во Скопје вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ Скопје 1964 – 2024“. Изложбата е дел одбележувањето на шесетгодишнината од основањето МСУ кое ќе продолжи во текот на целата 2024 година со повеќе значајни настани, изложби и предавања, работилници. Куратори се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. – Во услови кога светот се соочува со ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
87%
1004
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
9.77
68%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
4.63
91%
996
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
74%
1009
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.38
99%
1010
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.14
81%
1009
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
71%
1000
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
91%
1010
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
96%
1003
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
66%
1013
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Сребро

2733.78

Кобалт

64.04

Родиум

339994.14

Злато

157561.16

Паладиум

55781.55

Бакар

12.12

Иридиум

221848.72

Цинк

3.29

Калај

48.78

Алуминиум

3.09