Co ликовната работилница за деца „Летаме заедно“ што ќе ја води илустраторката Наташа Андонова, денеска во 10 часот во Младинскиот културен центар во Скопје почнува последниот ден од 6. издание Меѓународниот литературен фестивал „Литера“. Во 12 часот ќе се одржи работилницата „Си беше еднаш“ со илустраторката Наталија Лукомскa. Во 13 часот е закажана промоцијата и работилница за едиција „Неуредните“ – Мависол Јенер (Бата прес). Ќе следува ...

Невообичана енергија ја исполни старата бања, од уметници, колеги, пријатели, историчари на уметност, до луѓе кои немаат врска со уметност, но едноставно сакаа да бидат дел од настанот кој дефинитивно ќе ја одбележи годинава Толпа народ го преплави Даут-пашиниот амам во Скопје на отворањето на ретроспективната изложба на Мирослав Масин кој изложи 150 свои дела. Невообичана енергија ја исполни старата бања, од уметници, колеги, пријатели, ...

Музиката и илустрациите се во фокусот на денешната дебата во рамките на конференцијата „Стратегии во уметноста“ што ќе се одржи во 20 часот во „Ла кања“ во Скопје. Учествуваат: Вангел Ноневски (Аксиома), Виктор Танасковски (Синестетика), Марко Печеновиќ и Мартин Џорлев (Гола планина), Јоана Ристеска (Канал 103), Никола Николовски и Васил Јорданов (Отров). Следува концерт на „Намуз“ (Андреј Татарчевски и Кристијан Новковски) Дебатата се ...

Визуелната и мултимедијална уметница Пандора Апостолоска-Саздовска учествува на 6. Меѓународна изложба на современа уметност на уметници Ars Visibilis која вечерва во 20 часот ќе биде отворена во Медитеранскиот уметнички центар (MECA) во Алмерија, Шпанија. Куратори на изложбата се Роза Муњоз Бустаманте и Фернандо Барионево и таа ќе даде одговори за улогата што жените ја заземаат во уметничкиот свет и потребата да се направи видлив нивниот ...

Во рамките на фестивалот се одржува прв пат и Саем на сликовници и книги за деца, на кој учествуваат: „Арс Ламина“, „Чудна шума“, „Бата прес“ и „Артконект“. Саемот е отворен до 20 часот, а ќе трае и утре во текот на денот. Творештвото на турскиот илустратор Мурат Калкаван ќе биде промовирано денеска на пладне на третиот ден на 6. Меѓународниот литературен фестивал „Литера“ во Младинскиот културен центар. Калкаван, илустратор и уметник, роден ...

121 година подоцна, во селото Смилево почнува своевидна културна револуција, како пандан на историските настани исклучително важни за македонската историја. Главната манифестацијата се одржува денеска и утре со преформанси, изложби, концерти Во кој здраворазумен правец би сакале да се движи идентитетот на еден народ или поединец? Културата е најбезбедното просторно-временско прибежиште и најстабилна идентитетска опора. Во оваа сложена ...

Првата поетската стихозбирка „Сончевина“ од поетесата Марина Цветковска-Станковска беше промовирана во Градскиот музеј во Крива Паланка. Во стихозбирката е застапена љубовна поезија, а песни читаа членови на литературниот клуб „Калин“ при Центарот за култура во градот. „Сончевина“ не е само збирка на стихови, туку вистинска ода на љубовта, истакна Оливера Станковска, промоторка на делото. Во секој стих, Цветковска-Станковска ги предизвикува ...

Во Даут-пашиниот амам во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворено 17. издание на Фестивалот за современа музика „Модоарс“. На отварањето ќе настапат пијанистите Ервин Леитер (Унгарија/Грција), Леонид Петрески и Стефанија Јонческа-Тонски. Тие ќе изведат дела од класичната и современа литература, меѓу кои Моцартовиот „Турски марш“, „Ероика варијации“ од Бетовен и Скерзо бр. 4 од Шопен. Следуваат концертите на гитаристите Дејан Несторов и ...

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги, приказни и уметност, тие нè носат на магични патувања, истражувајќи нови светови со различни карактери и учејќи вредни лекции попат. Јас сум татко на две деца и од сопствено искуство знам дека детската литература и илустрациите имаат неверојатна можност да ги просветлат младите умови и да ја прегрнат инклузивноста, поставувајќи основа за општество со поголемо ...

Со промоција на наградуваното дело „Коњски житија“ на поетот, преведувач и универзитетски професор Зоран Анчевски, во издание на „Арс Ламина“, вечерва во 19 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје ќе биде отворено првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура. Промотор ќе биде Венко Андоновски, а настанот ќе го модерира Оливера Ќорвезироска. Ќе следува концерт на скопскиот состав „Акварела“, што ќе ги ...

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6. Литера за денеска по синоќешното отворање на фестивалот со изложба на илустрации на гостите од Турција, Гизем Ѓозде Учар, Мурат Калкаван, Наташа Андонова и Серхат Албамја. Денот ќе започне со мастерклас посветен на Гизем Ѓозде Учар, наменета за илустратори и студенти. Два часа подоцна ќе следува средба со писателката за деца Зејнеп Севде од Турција. Во 13 часот ...

Изложбата „Превртена археологија – Homo Ludens помеѓу фактите и архитиповите“ вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена Музејот на град Скопје „Превртена археологија – Homo Ludens помеѓу фактите и архитиповите“ е насловот на изложбата од бразилскиот уметник Вилсон Нето која вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена Музејот на град Скопје. Нето ќе се претстави пред скопската публика со ликовни дела изработени во различни техники – 32 цртежа на ...

Книжевност и театар е темата на конференцијата „Стратегии во уметноста“ денеска во 17 часот ќе се одржи во кафе-книжарница „Илика“ во Скопје. На темата ќе зборуваат Никола Гелевски (Темплум), Лидија Капушевска-Дракулевска (Катедра за Оопта и компаративна книжевност), Наташа Атанасова (Блен), Катерина Шекутковска (Илика), Александра Јуруковска (библиотека „Браќа Миладиновци“), Зоја Бузалковска (ФДУ), Катерина Стефановска (Театар „Сенки и ...

Дигитално земјоделство е новата акредитирана студиска програма на Факултетот за земјоделски науки и храна при на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Програмата има мултидисциплинарен пристап и се реализира во тесна соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет. – Целта на новата студиска програма е да создаде дипломирани ...

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир Николовски е новата претстава на Кумановскиот театар, што ќе биде премиерно изведена утревечер во 20 часот. Текстот е актуелен и денес, иако е пишуван во 70-тите години од минатиот век, информираа на денешната прес-конференција од театарот. Во претставата играат Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Давид Илиќ, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ. – Ова ...

Деновиве беше издадено новото прозно остварување на македонскиот писател Стефан Марковски, новелата „До_адната книга“ во издание на „Современост“ – Скопје. Дејството во новелата е динамично, со разгранета, сложена и нелинеарно структурирана композиција, подлегнувајќи на постојани и тешко предвидливи пресврти, кои освен што ја одразуваат повеќеслојноста на самата реалност, ја наоѓаат својата улога и како дел од експериментот кој е и централна ...

Директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ ги презентираше успесите на фестивалот на Самитот на уметнички фестивали што се одржа изминативе четири дена во Уседом, Германија. Во рамките на Самитот се одржа и 71. Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА). Поповиќ рече дека Охридско лето е специфичен и посебен, препознатлив и единствен на нашите простори и еден од најистакнатите културни настани во Европа и светот, ...

Краткометражниот филм „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски, во конкуренција со 4140 кратки филмови од светот влезе во официјална селекција на престижниот филмски фестивал во Оденсе, Данска. „Мала шега“ се најде во официјалната селекција на 149 филма од 39 земји. Продуцент е „ДНФ Филмс“, а во копродукција со ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска. На филмот соработуваат „Вардар филм“, а е поддржан од Агенцијата за филм и ...

„Стратегии во уметноста“ е насловот на конференцијата во рамките на 15. сезона на уметничката резиденција „Креативен викенд“ во Лазарополе која вечерва во 19 часот ќе биде најавена во „Котур“. Од денеска до 22 мај на различни локации во Скопје ќе се одржуваат различни настави. Во „Котур“ вечерва 15 мај ќе зборуваат Владимир Мартиновски, Тони Димитров, Јован Ламбески, Живко Грозданоски, Сали Ертунц и Елена Пренџова. Следува диџеј настап на ...

Повеќе од 150 илустрации на илустраторите од Турција – Гизем Ѓозде Учар и Серхат Албамја, како и на македонската илустраторка Наташа Андонова од вечерва во 19 часот ќе бидат изложени во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Со оваа изложба што е мало патување низ турската современа илустрација за деца ќе биде отворено 6. Меѓународен фестивал за литература и илустрација „Литера 2024“ под мотото „Летаме заедно“. На пладне во ...

„Мен енд маунтен“, заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, од 17 до 19 мај четврта година по ред ја организира масовната еколошка акција „Генералка викенд“. Годинава ќе се чисти во сите 81 општина и во Националните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16.000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции се очекува да излезат и да чистат на ...

Во Градскиoт музеј Крива Паланка вечерва во 18 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Сончевина“ од поетесата Марина Цветковска Станковска. Иако таа е долго присутна на поетската сцена во Крива Паланка и во земјата со своето творештво, ова е нејзина прва поетска стихозбирка. Песните се инспирирани од љубовта во сите димензии, тагата, надежта, радоста, од животот, а Цветковска Станковска во стихозбирката говори преку своето поетско ...

„Македоника литера“ неодамна го објави романот за деца „Леон во Стаклената Гора“ од босанско-хрватскиот писател Жарко Милениќ, во превод од хрватски јазик на Елена Саздовска. Овој сказновиден роман на Милениќ е вториот од трилогијата романи за деца во која главниот лик е Леон (1. Леон, ученикот на волшебникот; 2. Леон во Стаклената Гора; 3. Антадор, учителот на Леон). Книгата е напишана со едноставен, лесен и приемлив раскажувачки јазик и ...

Македонка Божиновска е добитничка на наградата „Антево слвоо“ 2023/2024. Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ годинава по седми пат ја доделува наградата за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во ...

Во големиот амфитеатар А3 при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, утре во 13 часот ќе се одржи разговор на тема „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност“. Разговорот го организираат Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и Филолошкиот факултет. Ќе учествуваат професорките: Маја Бојаџиевска, Весна Мојсова-Чепишевска и Елизабета Шелева, како и писателите Владимир Јанковски ...

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубиленото 20. издание на „Танц фест“, го организираат гостувањето на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај во 20 часот, во Македонскиот народен театар. Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме ...

За да бидеш голем уметник треба да те проџвака историјата, да помине еден, два века. Така може да се види дали си голем уметник, рече на вчерашната прес-конференција Мирослав Масин во пресрет на ретроспективната изложба „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ која вечерва во 20 часот ќе биде отворена во Даут-пашиниот амам во Скопје. Тој ќе се претстави со 150 дела, 141 слика и цртежи и 9 објекти. Куратор на изложбата е Маја ...

Интерарт културниот центар во соработка со 11 партнери од поширокиот регион го започна проектот Moving Balkans како платформа за современ танц, која има за цел да ги обедини и поврзе младите танцови сили од Балканот. Овој проект е поддржан од Европската унија преку програмата „Креативна Европа“ и во него се обединети центри што се бават со танц, и тоа Артлинк фондација од Софија, која е и носител на проектот; Студентскиот културен центар од ...

На платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 22 мај во 20 часот ќе се одржи концертот „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“. На ова автентично музичко патување низ историјата на домашната рок и поп-антологија, старите познати рефрени ќе бидат изведени од актуелните изведувачи „Фанк шуи“, „Пијан Славеј“, Дина Јашари, диџеј Гоце и ЛД Пистолеро, Sethsat со Марија Каева и „Ретро кабаре“, кои ќе свират свои аранжмани на ...

Книгата за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ беше промовирана вчера во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје. Станува збор за збирка од 24 современи авторски бајки, чиј авторски израз се темели на традицијата за раскажување, а стилот и визуелниот изглед на бајките им се приближува на младите читатели, со што се придонесува за ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1007
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
10.29
66%
1004
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
5.14
91%
999
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.69
74%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.78
93%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
97%
999
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
4.92
80%
1011
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
71%
1001
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
76%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.66
89%
1013
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
97%
1005
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
58%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

12.12

Сребро

2733.78

Рутениум

45750.51

Злато

157561.16

Паладиум

55781.55

Цинк

3.29

Кобалт

64.04

Калај

48.78

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.09

Родиум

339994.14