Гран при за животно остварување на Остен биеналето 2024 година го доби италијанскиот уметник и теоретичар Микеланџело Пистолето. Тој е ден од основачите и главен протагонист на Арте повера, радикално италијанско уметничко движење од минатиот век, чии уметници истражуваа низа неконвенционални процеси и примена на нетрадиционални „секојдневни“ материјали. Наградата „Светско културно наследство“ му се доделува на Вангел Наумовски, еден од ...

По повод 18 Април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, влезот ќе биде слободен во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе бидат отворени во текот на целиот ден, со што граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државава. Отворени ќе бидат вратите на националните установи: заводи и музеи во Битола, Штип, Охрид, Прилеп и во Струмица; Стоби ...

Новата книга на д-р Неле Карајлиќ, „Солунска 28“ (III дел) ќе биде промовирана денеска во 18 часот, на штандот на „Арс Ламина“, во арената „Борис Трајковски“, Скопје. Со овој настан, издавачката куќа „Арс Ламина“ официјално го означува почетокот на своето претставување на Саемот на книгата 2024. По промоцијата ќе следува коктел, потпишување на книгата и дружба со авторот. На најголемата книжевна манифестација, која се одржува од 18 до 24 ...

Под мотото „Приказна се чита“, до 24 април спортскиот центар ќе се претвори во книжевен епицентар за масовната публика Со поголема шанса за малите издавачи кои на годинашниот Саем на книгата ќе имаат центарлни позиции во салата „Борис Трајковски“ во Скопје денеска напладне почнува најмасовната манифестација посветена на книгата во Македонија. Под мотото „Приказна се чита“, до 24 април спортскиот центар ќе се претвори во книжевен епицентар за ...

Проф. д-р Оливер Бакрески е новиот декан на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој ќе ја води институцијата во мандатниот период од 2024 до 2027 година. Бакрески е избран денеска, со мнозинтство гласови од присутните. Тој доаѓа на местото на проф. д-р Ратко Дуев кој во два мандата раководеше со Филозофскиот факултет. Бакрески е редовен професор на доаѓа од Институтот за безбедност, одбрана и мир и досега ја вршеше функцијата продекан за ...

Во рамките на глобалната зелена иницијатива на „Мастеркард“, „Прајслес планет“, „Халкбанк“ АД Скопје организира две работилници по повод Светскиот ден на планетата Земја. Со цел да ги поттикнат значењето на заштитата на животната средина и воспитувањето на еколошката свест, „Халкбанк“ ќе организира две работилници во Градскиот парк, во близина на летната сцена „Лепеза“, на 21 април, со почеток од 11 часот. Првата работилница, насочена кон ...

Утрешниот детски книжевен клуб со Ана Голејшка-Џикова во Europe House Скопје е посветен на другарството, нашата слобода и слободата што им ја даваме на другите. Оваа работилница е наменета за деца на возраст од 12 до 16 години, а за учество е задолжителот да се пријавите на линкот. – Низ прекрасно напишаниот роман „Магла“ на Марта Палацези, ќе се запознаеме со Клеј, момче кое живее како валкан бандит, но кога ќе дојде циркусот во градот, тој ...

Камерниот ансамбл „Алтус“ вечерва во 20 часот во малата сала на Филхармонија ќе одржи концерт во рамките на „Денови на македонската музика“. Диригент е Паскал Галоа, а солистички ќе настапат сопраните Гонца Богоромова-Краповски и Милена Дамњановиќ. Покрај нив во ансамблот членуваат: Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Мартин Димитров – виолина, Марко Виденовиќ – виола, Паскал Краповски – виолончело, Антоние Весковски – ударни ...

Чест е да се биде национален претставник на можеби најзначајната и најстарата светска манифестација од областа на визуелните/ликовните уметности. Но, исто така е и многу одговорна задача, вели за Умно.мк уметницата Славица Јанешлиева во пресрет на отворањето на Македонскиот павилјон на 60. Венециското биенале на уметност. Изложбата „Помеѓу надеж и страв“ (Inter spem et metum/Between hope and fear) ќе биде официјално отворена утре во 18 часот ...

„Приказна се чита“ е мотото на 32. Саем на книга што ќе биде отворен утре во 12 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Од петок саемот ќе биде отворен од 10 часот, а ќе трае до 24 април. Новини во однос на поставеноста на штандовите, нови програми најавија организаторите Скопски саем и Македонската асоцијација на издавачи. Влезот чини 100 денари, за учениците 50 денари, а ќе има и билет за три влеза кој ќе изнесува 250 денари. Од нив, 15 ...

Бронзен медал освои средношколката Миша Веселински на Европската женска математичка олимпијада што деновиве се одржа во Цхалтубо, Грузија. Ова е подобар вкупен резултат како тимски пласман за нашата репрезентација во однос на минатата година, извести водачот на нашиот тим, Анета Брндаревска-Гацовска. Освен Веселински, Македонија на овој важен натпревар ја претставија и: Емилија Николовска, Нина Ламева и Сара Тошевска, а заменик-водач беше ...

Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола вчера го промовира првиот број на „Нови хоризонти“ – списание за студентски истражувања. Исто така беше промовиран и Зборникот на трудови од Студентската универзитетска конференција На промоцијата, главниот и одговорен уредник на научното списание „Нови хоризонти“, проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ од име на ректорот, проф. д-р Игор Неделковски и раководството на УКЛО го изрази ...

Отворен ден на Qinshift Academy ќе се одржи утре од 17.30 часот. Заинтересираните ќе може да дознаат повеќе за програмата, активностите и праксата во рамките на академијата. – Ќе имате можност да разговарате со нашите ментори, асистенти и поранешни студенти од академијата, а ќе можете да прашате се’ што ве мачи во врска со кариера како програмер. Ќе има одлична дружба, интересни прашања и по некој подарок – велат организаторите. Сите ...

Шестото издание на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ќе се одржи од 15 до 18 мај во Младински културен центар. Со претставување на двајца извонредни илустратори и една авторка на книги за деца од Турција, оваа земја ќе биде во фокусот на шестата „Литера“. Во рамките на „Литера“ ќе биде организиран Саем на литература за деца, на кој македонски издавачи ќе ги претстават своите најнови изданија, а ќе ...

Со книжен фонд од околу 8000 книги – лектирни изданија, книги и сликовници за деца, белетристика и научна литература, библиотеката „13 Ноември“, клон на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје продолжува да работи во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Библиотеката вчера беше официјално отворена за своите читатели. Првите посетители беа првачињата од ООУ „Круме Кепески“, а по нив и неколкумина повозрасни жители, ...

Во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, вчера ѝ се судеше на книгата „Птици во аквариум“ и на нејзините автори Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ. Судијата Владимир Мартиновски беше исправен пред тешка одлука: Дали оваа книга со самиот свој наслов претставува убиство на разумот и логиката и со тоа заслужува тешка казна и тргнување од продажба, како што бараше јавниот обвинител Венко Андоновски? Дали да им ...

Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ од Скопје е еден од 50-те финалисти на фестивалот New European Bauhaus Project, каде што се доделуваат престижни награди за иновативни, одржливи или инклузивни проекти од цела Европа. Фестивалот се одржува по четврти пат во организација на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. „Лабораториум“ беше номиниран поради својата иновативност при пренаменување на стар индустриски ...

Во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, вчера ѝ се судеше на книгата „Птици во аквариум“ и на нејзините автори Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ. Судијата Владимир Мартиновски беше исправен пред тешка одлука: Дали оваа книга со самиот свој наслов претставува убиство на разумот и логиката и со тоа заслужува тешка казна и тргнување од продажба, како што бараше јавниот обвинител Венко Андоновски? Дали да им ...

За реализацијата на своето шесто издание, Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ распишува повик за волонтери. Фестивалот ќе се одржи од 15 до 18 мај во Младинскиот културен центар. – Доколку имате волја и сакате да се дружите, ве покануваме да се приклучите на нашиот тим од 20 волонтери, на возраст од 16 до 30 години. Волонтирањето не само што ќе ви донесе неверојатно искуство, туку ќе ви пружи и непроценлива ...

Во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе ѝ биде врачена наградата „Пегаз“ за 2023 година на Јована Матевска-Атанасова за нејзиниот роман „Риба во(н) мрежа“. Наградата се доделува за најдобар необјавен роман, а на свеченоста ќе се обрати жирито во состав: Николина Андова-Шопова, писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2018 година, Ивана Трајаноска, писателка и ...

Современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин ќе биде изведено вечерва во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет, на јубилејното 20. издание на Танц-Фест Скопје, што се одржува под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години извонредност во современиот танц“. Претставата е дел од програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет. „Сага” е возбудливо патување низ ритамот ...

Средношколците Марио Ванчоски, Петар Мирчевски, Иван Костевски и Јусуф Луш ја претставуваат Македонија на 58. Менделеева олимпијада по хемија која од 21 до 26 април ќе се одржува во Шенџен, Кина. Учениците ги предводи менторот проф. д-р Миха Буклески од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и член на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија. Тие го организираат нашето претставување и ги подготвуваат ...

Театарот мора да има за цел да го обедини општеството и да ги нагласи основните вредности. Претставите со универзални теми ќе обединат различни сегменти од општеството и ќе ги зајакнат социјалните врски. Треба да се нагласи потребата да се раскажат приказните надвор од нашата земја. Не се само актерите тие што театарот го прават театар. Ова е тимска работа. Треба да се охрабри соработката меѓу режисерите, драматурзите, костимографите и ...

Алиса Фини, амбициозната авторка на напнати и непредвидливи трилери, ќе го промовира својот нов роман „Добра и лоша“ на претстојниот Саем на книга во Скопје. Романот е во издание на издавачката куќа „Сакам книги“. Фини која работела како новинарка на Би-би-си, ќе се сретне со македонските читатели во петок (19 април) во 16 часот, во салата „Борис Трајковски“, ќе потпишува примероци од своите книги и ќе го промовира романот „Добра и лоша“. ...

Претставата „Мачката Елеонора“ по монодрамата на Карен Јес, во продукција на „Тииит“ ќе биде изведена вечерва и утревечер во 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје. Перформансот е со авторски текстови од коавторките и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи. Коавторки се: Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Катерина Шекутковска. Настапуваат: Моника Ангелевска, ...

По повод Светскиот ден на уметноста вечерва во 19 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе биде отворена изложба на дела на британскиот уметник Денис Боувен (1921-2006). Изложбата ја организираат Асоцијацијата за култура ИКОН и МКЦ, а ќе биде отворена до 25 април. – Длабоката наклонетост на Денис Боуен кон Македонија е очигледна во наследството што тој го остави преку неговата обемна работа во земјата. Неговата љубов кон Македонија, ...

Си беше еднаш… Ова се првите зборови со кои почнува раскажувањето на приказните, волшебно навестување дека почнува ново патување во светот на бајките. Со овие зборови почнуваат сите 52 бајки собрани во книгата-ковчеже „Си беше еднаш“, која беше „отклучена“ на 11 април, со промоција во волшебниот амбиент на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Книгата „Си беше еднаш“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ...

Промоција на збирката есеи „Господ, па Америка“ од Румена Бужаровска ќе се одржи вечерва во 19.30 часпт во „Јавна соба“ во Скопје. Книгата е издание на ТРИ, а ќе ја промовира Ивор Мицковски. – Настанот ќе нè доближи до суштината на овие есеи што се своевидно разголување на ставовите, чувствата, спомените и размислувањата на авторката. Имате целосно право да бидете нетрпеливи да навлезете во книгата со која ќе се чувствувате како да сте пред ...

За три години, околу 700 илјади корисници, 13 илјади фејсбук-следбеници, објавени скоро 8.000 содржини – теми, интервјуа, коментари, вести и информации. Сите авторски, потпишани, прочешлани пред да бидат објавени. Просечно време на читаност – 52 секунди. Деманти – нула! Умно.мк денеска полни три години. Тие се незначителни во однос на нашето дваесет и кусур годишно присуство во новинарството, особено на полето на културата, но за нас значат ...

Три предавања во рамките на Студентската уметничка пролет ќе се реализираат денеска на три различни факултети при УКИМ. Во 14 часот во салата за седници на Филолошкиот факултет, предавање за Музикотерапија ќе одржи Јулијана Деспотоска. Еден час подоцна, во галеријата на Факултетот за ликовна уметност, предавање ќе одржи проф. д-р Мира Беќар. Нејзина тема ќе биде: „Музичките жанрови и општествените класи“. Во 17 часот во концертната сала на ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
87%
1004
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
9.77
68%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
4.63
91%
996
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
74%
1009
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.38
99%
1010
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.14
81%
1009
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
71%
1000
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
91%
1010
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
96%
1003
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
66%
1013
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339994.14

Алуминиум

3.09

Калај

48.78

Бакар

12.12

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Цинк

3.29

Сребро

2733.78

Злато

157561.16

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Паладиум

55781.55