Во живо појавување што бргу се претвори во медиумска драма, Бојан Јовановски – Боки 13 – и поранешната шефица на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Рускоска, влегоа во жестока вербална пресметка пред целата јавност. Ситуацијата кулминираше кога Јовановски, неочекувано, ѝ се јави во програмата на Рускоска и директно ја праша: „Дали спиеш мирно покрај сите гревови кои што ги направи?“ Рускоска кратко и остро одговори: „Да, спијам ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за нередите во Париз кои се случија по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите. – Сакам да му се заблагодарам на шефот на обезбедувањето, кој не е тука, но тој беше неверојатен, како и целиот негов тим. Во одреден момент ситуацијата стана доста напната, па дури нè советуваа да не се враќаме во хотелот. Тие рекоа можеби треба да најдеме место во близина и да преноќиме таму. Затоа што веќе беше ...

Во рамките на реформите кои се подготвуваат за безбедност и независно обезбедување во Собранието, спикерот Африм Гаши најави дека со посебен закон, околината на Собранието ќе биде прогласена за безбедносна зона. Предлог-законот предвидува сериозни ограничувања во периметарот околу Собранието, вклучувајќи целосна забрана за одржување јавни собири, протести, манифестации и летање со дронови. Покрај тоа, ќе се забранат и сите градежни активности и ...

Рускиот државен медиум ТАСС објави документ што Москва го нарекува „меморандум за решавање на украинската криза“, кој беше предаден на украинската делегација на разговорите во Истанбул. Украинската страна соопшти дека мора да го проучат пред да одговорат. Сепак, според објавената содржина, руските барања се многу пошироки и поекстремни од претходните позиции – тие бараат фактичка капитулација на Украина и меѓународно признавање на руските ...

Сè уште незакрепнати од ковид-пандемијата, која силно ги погоди европските држави, континентот во 2022 година се соочи со нова незамислива криза – војна во Украина. Додека некои во кризата видоа шанса за енергетска транзиција, други овозможуваа кризно профитерство финансирано со буџетски пари преку сектори клучни за државата и граѓаните. Една таква земја е и Македонија. Сѐ започна откако во август 2022 година, кога Министерството за економија ...

Британскиот „Експрес“ објави дека албанската влада очекува земјата да прими повеќе од 30 милиони туристи до 2030 година. Во 2015 година, бројот на туристи беше нешто над три милиони. Од почетокот на пандемијата, бројките драстично се зголемија, со околу 10 милиони луѓе кои пристигнале во 2023 година, што е зголемување од 56 проценти во споредба со бројките пред пандемијата. Овие бројки ја направија Албанија најбрзо растечка дестинација за одмор ...

Чистка се подготвува во фудбалскиот клуб Челзи. Британските медиуми пишуваат дека во летниот преоден рок 14 фудбалери би можеле да го напуштат клубот. Некои од нив ќе бидат продадени, а некои ќе бидат испратени на позајмица. Сите позајмени играчи, кои сега се враќаат на „Бриџ“, нема да имаат место во тимот ниту во новата сезона, имено: голманот Ѓорѓе Петровиќ, Жоао Феликс, Ренато Веига, Бен Чилвел, Аксел Дисаси, Кирни Чуквемека, Лесли Угочукву и ...

Претседателката и врховна командантка на македонската армија, Гордана Сиљановска-Давкова на армискиот полигон Криволак присуствуваше и се обрати на воената вежба „Брз одговор 2025“, на која учествуваат повеќе од 2200 војници од 9 држави. Испишувајќи уште една успешна страница во историјата на македонската армија, со вежбата, истакна таа – државата ја потврди својата определба да биде со земјите коишто го штитат мирот како врвен цивилизациски ...

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ ужива по разводот од Бастијан Швајнштајгер.Тоа го покажа со нова објава на социјалните мрежи. Ивановиќ објави фотографии од едно од своите патувања на Инстаграм, на егзотичниот Маврициус. „Рај – сеќавање на ова прекрасно време поминато на Маврициус“, напиша Ана. Две прерамки и мини здолниште, односно елегантно црно бикини и кратко бело парео, ја фрлија прекрасната песочна плажа, тропските палми и тиркизната ...

Европската комисија утре се очекува да го објави т.н. Извештај за конвергенција, во кој ќе биде содржана процена за тоа дали Бугарија ги задоволува условите за да биде примена во Еврозоната од 1 јануари 2026 година. Исто така, утре свое гледиште за тоа дали Бугарија е подготвена да биде дел од Еврозоната треба да изнесе и Европската централна банка (ЕЦБ), но генерално, од пресудно значење ќе биде мислењето на Комисијата. Влезот во Еврозоната би ...

Вознемирувачки снимки од силниот земјотрес што го погоди Родос во Грција во текот на ноќта, но и областа Мармарис во Турција, кружат на интернет и покажуваат многу од ужасот што ги снајде луѓето во тие региони. Според првите информации, неколку десетици луѓе се повредени во земјотресот, а загина 14-годишно девојче како последица од потресот. Земјотресот се случил во 02:17 часот по локално време, а бил со интензитет од 5,8 степени според ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја продолжија домонацијата во домашното кошаркарско првенство. откако во четвртиот меч од финалната серија ја забележаа третата победа над ТФТ. МЗТ Скопје до 12. титула во клупската историја, шеста во низа, го победи ТФТ со 77:53. Од 12. титули на екипата од Аеродром, 10 освои капитенот Дамјан Стојановски. Четвртиот натпревар од финалната серија кошаркарите на МЗТ го решија во првото полувреме. Првиот период го добија ...

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат пристап и до најновите услуги или најбараните услуги, најави министерот Стефан Андоновски. Андоновски, во интервју за „360 степени“ вели дека станува збор за „дигитален паричник“, што многу наликува на „Гугл волет“ или „Епл волет“, што значи дека електронската верзија на личната ...

Во пресрет на вториот натпревар од финалната серија помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос, беше забележан скандал во кој Димитрис Јанакопулос одигра главна улога. Претседателот на Панатинаикос се појави во Салата на „мирот и пријателството“, и секако, беше пречекан со навреди. Со бурна реакција, се обиде да се одвои од обезбедувањето и да започне физичка пресметка со домашните навивачи. „Димитрис Јанакопулос чека налог за апсење по наредба на ...

Владата предложи да се укинат царините за стоките од САД. Со Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за Царинска тарифа што го усвои Владата, на маса е ставен предлогот за целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД, што ќе значи дека стоките што доаѓаат во нашата земја од САД нема да се царинат. САД се стратешки партнери на нашата земја и соработката со нив е значајна од секој аспект поради што Владата е подготвена да ...

Шестиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос откако попладнево лесно се справи со Камерон Нори и го победи Британецот со 6:2, 6:3, 6:2 по два часа и 10 минути игра. Со денешната победа, 24-кратниот грен – слем првак ја продолжи својата серија од четири последователни победи од 3:0 на турнирот во Париз и се пласираше во четвртфиналето без загубен сет. За место во полуфиналето ќе игра против Германецот ...

Вчера ветивме дека многу бргу ќе ѝ ја покажеме на јавноста криминалната шема што ја прикрива коалицијата Данела Арсовска – ДУИ – Левица. Вчера ветивме дека ќе ви го покажеме криминалот. Денес сме тука со конкретни документи, објавија од Вреди. ЈП Комунална хигиена потпишува Договор со осумнаесет годишниот син на Блерим Беџети, замислете за давање совети за заштита на животната средина. Еве го договорот. Повелете да го видите Договор бр. 57254 ...

Повеќето луѓе се шокирани кога ќе дознаат дека Библијата со која пораснале не е преведена директно од оригиналните арамејски текстови, туку од грчки верзии кои биле преведени на англиски. Арамејската англиска Новозаветна Библија доаѓа директно од арамејскиот, истиот јазик што го зборувале Исус и неговите ученици. Арамејскиот англиски Нов завет, или AENT, е најдефинитивниот англиски Нов завет во последните речиси 2.000 години. Матеј 19:23 и 24 ...

Украина започна голем напад со беспилотни летала врз руски воени објекти, во една од најамбициозните и најразорните операции од почетокот на војната во 2022 година. Според украинската безбедносна заедница, операцијата, со кодно име „Павутина“ („Пајажина“), резултираше со уништување на повеќе од 40 руски борбени авиони, вклучувајќи стратешки бомбардери Ту-95 и Ту-22М3, како и авиони за рано предупредување А-50. Нападот беше извршен со употреба на ...

Велосипедите од брендот „Пинарело“ беа претставени во Скопје. Тоа се едни од најбараните италијански велосипеди кои чинат од 5 до 10 илјади долари и се изработуваат рачно. „Pinarello“ S.p.A. е италијански производител на велосипеди со седиште во Тревизо, Италија. Основана во 1953 година, таа испорачува претежно рачно изработени велосипеди за пат, патека, електрични велосипеди (NYTRO), планински велосипеди и цикло-крос. Компанијата, исто така, ...

Maкедонија во петок на „Градски“ игра со Белгија во меч за квалификациите за СП . Ова е составот на гостите. Голмани: Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Сене Ламенс (Антверпен), Мац Селс (Нотингем Форест), Мартен Вандеворт (РБ Лајпциг). Бранители: Зено Дебаст (Спортинг Лисабон), Максим Де Кујпер (Клуб Бриж), Кони Де Винтер (Џенова), Воут Фаес (Лестер Сити), Брендон Мекеле (Клуб Бриж), Томас Мениер (Лил), Диего Мореира (Стразбур), Артур Теат (Ајнтрахт ...

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) донесе одлука за поднесување иницијатива за кривично гонење до Основното јавно обвинителство против едно јавно комунално претпријатие за сомнежи за спроеведени незаконски постапки за набавки во врска со третман на градска депонија од пожари. Подносителот, како што информира известителот по предметот Билјана Каракашова Шулев на денешната 19-та седница, во пријавата навел дека за ист или сличен ...

Потпретседателката на српската Партија за слобода и правда, Мариника Тепиќ, на денешната прес-конференција објави дека француската полиција и обвинителството пред четири години доставиле докази до српското Обвинителство за вмешаноста на државниот врв во организиран криминал, но дека српските судски власти молчат за тоа. Тепиќ денескa изјави дека Србија е управувана од „државен нарко-картел“, наведувајќи дека документите што француската полиција ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во Србија се случил организиран обид за „вистински државен удар“, бидејќи биле вклучени речиси сите државни институции – од јавниот медиумски сервис до полицијата, најавувајќи дека „некои избори во 2026 и 2027 година ќе бидат неизвесни“. – Војската учествува во пучот и мора да има насилство, а пучот е преку институциите, рече Вучиќ во разговор со студенти кои се во Пионирски парк. ...

Под мотото „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ стартува кампањата за безбедност во сообраќајот на ОКТА, Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП). Целта на кампањата е подигнување на свеста во јавноста за важноста на поголемото внимание на сите учесници во сообраќајот. Во рамките на кампањата ќе бидат преземени низа активности кои на иновативен начин ќе информираат, ...

Во чест на Светскиот ден на млекото, Битолска млекара традиционално го одбележа Денот на фармерите, настан посветен на луѓето кои секојдневно придонесуваат кон развојот на домашната млечна индустрија. Со доделување на признанија за рекордни достигнувања и израз на благодарност, млекарата уште еднаш ја истакна клучната улога на фармерите во обезбедувањето квалитетно млеко до секој потрошувач. Улогата на фармерите во млечната индустрија според ...

Генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев не очекува да има промена на цената по која компанијата му ја продава електричната енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Како што истакна Узунчев на денешната средба со новинарите во Министерството за енергетика, во првиот квартал од годинава успеале да ја намалат производната цена на електричната енергија на 98,9 евра за мегават час при што производната цена во РЕК Битола која лани беше 128 ...

Десетици медицински сестри и технички персонал со нерешен работен статус, денеска повторно протестираа пред Клиничката болница во Тетово. Освен што немаат решенија за работа, медицинските сестри тврдат дека не примиле плата три месеци. „Тетовската болница ја одржуваме во живот ние, но тие нè заборавија. Не бараме подароци, бараме задоцнети плати, бараме договори, заслужени и ветени одлуки. Доста со лагите“, вели Фљутурие Ислами. Додека ...

Статистичките податоци на Светската здравствена организација покажуваат дека нашата држава има висока стапка на пушење, односно над 46 отсто од возрасните мажи и 27 отсто од возрасните жени користат тутун или некаков никотински производ, изјави заменик министерот за здравство Јовица Андовски на заедничката прес-конференција со директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, претставникот на Светската здравствена организација и шеф ...

Ден за високи гости беше реализиран денеска на армискиот полигон Криволак, во рамките на меѓународната воена вежба „Брз одговор 2025“. Учествуваат припадници од армиите на Република Северна Македонија, САД, Република Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, ОК, Австрија и Косово. Меѓународната вежба е дел од најголемата НАТО – вежба оваа година на тлото на Европа, „Defender 25“. Во вежбовната активност на армискиот полигон „Криволак“ учествуваат ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
41%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
39%
1015
weather icon

Загреб

31ᴼ / 26ᴼ
0.89
46%
1016
weather icon

Софија

28ᴼ / 26ᴼ
2.06
30%
1018
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.88
33%
1016
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
0.51
70%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
8.75
46%
1010
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
30%
1013
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
1.54
23%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
3.6
40%
1017
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
1.54
41%
1015
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
11.83
42%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048